Ватикан

Discussion in 'Политика и настани' started by DS10, May 3, 2025.

  1. DS10

    DS10 Истакнат член

    Joined:
    Feb 25, 2024
    Messages:
    3,215
    Likes Received:
    5,062
    Gender:
    Male
    Можеби не толку политички важна тема, но сепак како седиште на поглаварот на најголемата деноминација на најголемата религија во светот, Ватикан заслужува да има своја тема.

    Моментално можеби и најактуелна тема во светот поради смртта на папата Франциск и конклавата на која ќе се одржи на 7 мај.

    Ватикан е седиште на поглаварот на католичката црква кој е сместен во базиликата Свети Петар во Рим. Досега црквата имала 266 поглавари, меѓу кои и последниот папа, Франциск кој почина утрото на Велигденскиот понеделник. Тој беше поглавар на римокатоличката црква од 13 март 2013 кога беше избран на конклавата на која медиумите не му даваа ни најмала шанса за победа, па така неговото излегување на балконот како нов папа беше изненадување за целиот свет.

    Годинешната конклава ќе започне на 7 мај со утринска миса во систинската капела и гласање вечерта. Теоретски, папа може да стане секоја крстен маж католик, но секогаш за папа е избран е еден од кардиналите кои учествуваат во конклавата. Доколку не се избере папа по првиот круг гласање, истата вечер ќе се одржи втор круг, доколку и тогаш не се одбере наредниот ден ќе бидат одржани четири кругови, два утрото и два вечерта и така секој ден додека не се избере нов папа. На конклавата (што во буквален превод од латински значи "заклучени") ќе се соберат сите 252 кардинали именувани од Франциски и папите пред него и ќе останат заклучени во систинската капела се додека не се избере нов папа (со цел да нема политички притисоци врз кардиналите за кого да гласаат), но од тие 252, само 135 имаат право на глас, односно само кардиналите што имале помалку од 80 години на денот на смртта на претходниот папа. За некој папа да биде избран потребна му е поддршка од 2/3 од кардиналите односно поддршка од најмалку 91 кардинал. После секое гласање, гласачките ливчиња се палат и доколку не се избере папа, се додава хемикалија која чадот ќе го направи црн, доколку папа се избере, чадот ќе излезе бел и ќе се огласат камбаните на базиликата Свети Петар. Веднаш потоа, избраниот папа треба да одлучи кое ќе биде неговото папско име и еден од кардиналите ќе излезе на познатиот балкон и со зборовите "Habemus Papam" официјално ќе го претстави новиот папа.

    Белиот чад на конклавата 2013
    "Habemus Papam" 2013

    Белиот чад на конклавата 2005
    "Habemus Papam" 2005
     
    merriel0, Apollo20, Bratot and 4 others like this.
  2. DS10

    DS10 Истакнат член

    Joined:
    Feb 25, 2024
    Messages:
    3,215
    Likes Received:
    5,062
    Gender:
    Male
    После првиот круг гласање, папа не беше избран, црн чад излезе од Систинската Капела.
     
    merriel0, Apollo20 and eliesaab like this.
  3. ЕмилијаEma

    ЕмилијаEma Активен член

    Joined:
    Mar 21, 2025
    Messages:
    23
    Likes Received:
    55
    Gender:
    Female
    Се надевам дека ќе изберат некој од кандидатите кој е со размислувања како што беше Франциск.
     
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Joined:
    Apr 27, 2013
    Messages:
    4,790
    Likes Received:
    15,604
    Gender:
    Female
  5. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Joined:
    Jan 27, 2019
    Messages:
    2,041
    Likes Received:
    5,084
    Gender:
    Male
  6. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Joined:
    Apr 26, 2019
    Messages:
    5,059
    Likes Received:
    17,293
    Gender:
    Male
    Американецот Роберт Превост е новиот папа, со избрано име Лав 14

    ppapappaa-432588.jpg


    Новиот избран папа е Американецот Роберт Френсис Превост.

    Роберт Превост, кој беше избран за нов папа под името Лав XIV, штотуку стапна на балконот на Свети Петар.

    Облечен во бело, тој беше пречекан со громогласни овации од илјадници собрани во „Свети Петар“.

    Според традицијата, Доминик Мамберти, високиот кардинал ѓакон се појави на балконот на „Свети Петар“ и го објави историскиот момент со зборовите „Habemus Papam“ – „Имаме папа“.
     
  7. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Joined:
    Apr 26, 2019
    Messages:
    5,059
    Likes Received:
    17,293
    Gender:
    Male
    Кој е папата Лав Четиринаесетти, првиот Американец на чело на Католичката црква
    697978.jpg

    Ватикан го избра првиот американски лидер на Католичката црква - Роберт Превост, кој ќе биде познат како Папа Лав XIV.
    69-годишниот кардинал е роден во Чикаго и поминал многу години како мисионер во Перу, објави Скај Њуз.

    Тој беше прогласен за кардинал од папата Франциск во 2023 година и назначен за шеф на дикастеријата за епископи, моќна позиција одговорна за избор на нови епископи.

    Значајно е што тој претседаваше со една од најреволуционерните реформи на Франциск кога додаде три жени во гласачкиот блок кој одлучува за номинациите за епископи испратени до папата.

    Како кардинал, тој малку зборуваше за клучните прашања на црквата, но некои од неговите ставови се познати.

    Се вели дека е многу близок до визијата на Франциск во врска со животната средина, помошта кон сиромашните и мигрантите. Тој рече во 2024 година дека „епископот не треба да биде мал принц што седи во своето кралство“.

    Тој, исто така, го поддржа ставот на папата Франциск за дозволување на разведени и повторно венчани католици да примаат света причест.

    Сепак, тој покажа само блага поддршка за тоа што Франциск им дозволува на свештениците да благословуваат истополови парови.

    Папата Лав има долгогодишно искуство на лидерски улоги во црквата.

    Тој беше двапати избран на највисоката позиција во августинскиот религиозен ред и Франциск очигледно го следеше неговиот напредок - враќајќи го од августинско водство во Перу во 2014 година, каде што служеше како администратор, а подоцна и како надбискуп на Чиклајо.

    Тој доби перуанско државјанство во 2015 година и остана во Чиклајо до 2023 година, кога Франциск го донесе во Рим.

    Иако долго време постоеше табу против американски папа - со оглед на геополитичката моќ што САД веќе ја имаат - Лав беше промовиран како „компромисен кандидат“ пред конклавата.

    Колку време помина во Перу, исто така, му овозможи да се смета за поуниверзален кандидат.

    Светот дозна дека нов папа е избран околу 18:08 часот по локално време, кога бел чад одеднаш излезе од оџакот на Систинската капела.

    133-те кардинали, сместени во капелата, го избраа новиот водач на Католичката црква на вториот ден од конклавата.

    Штом се појави чадот, на плоштадот „Свети Петар“ одекнаа извици, каде што илјадници луѓе се собраа со надеж дека ќе бидат сведоци на историјата.

    Нешто повеќе од еден час подоцна, Папата беше претставен на централниот балкон на базиликата „Свети Петар“, додека толпа од околу 50.000 луѓе го гледаа.

    Одржувајќи обраќање од балконот, папата Лав - зборувајќи на италијански - им рече на толпата: „Мир со сите вас“.

    Потоа му се заблагодари на својот претходник и го повтори повикот на Франциск за црква која е ангажирана во современиот свет и „секогаш бара мир, милосрдие и близина до луѓето, особено до оние кои страдаат“.

    „Заедно мора да се обидеме да откриеме како да бидеме црква која гради мостови, воспоставува дијалог и е отворена за прием на сите“, рече тој.

    Зборувајќи на шпански, тој додаде: „Особено би сакал да ги поздравам моите сонародници од Перу.

    „Беше големо задоволство за мене да работам во Перу“.
     
    Miss666 likes this.