Веганство

Discussion in 'Храна и пијалаци' started by marijaaxl, Aug 16, 2015.

  1. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2013
    Messages:
    3,051
    Likes Received:
    69,176
    Да, баш така! Порано јадев толку многу процесирана храна, си заработив и некои проблеми, ама сега се средуваат. Не ми се верува дури, иако очекував резултати, сепак не ми се верува. :)
     
    Ketchup, Cinnamon Bun and Sparkles27 like this.
  2. Iguanaboy

    Iguanaboy Истакнат член

    Joined:
    Feb 2, 2017
    Messages:
    69
    Likes Received:
    59
    Gender:
    Male
    ме интерсира како да препознаам кои продукти се вегански? на пример кашкавал, сирење итн
     
  3. Ketchup

    Ketchup

    Joined:
    Dec 23, 2014
    Messages:
    6,796
    Likes Received:
    46,427
    Читаш состојките. На некои производи состојките кои се од животинско потекло се обележани со бројчиња, најчесто 300 и нешто, ама не на сите.
    Мене ме интересира ореото вегански ли се? На интернет пишува дека се, ама на пакувањето пишува дека може да содржат траги од млеко... :?:
     
  4. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Joined:
    Nov 25, 2013
    Messages:
    3,051
    Likes Received:
    69,176
    Траги од млеко значи дека биле произведени со истите машини со кои што произведуваат млечни колачи. Не значи дека не ги измиле, ама не се темелно исчистени и затоа може да содржат траги од млеко.
     
    cresa-jagoda, crimson and Ketchup like this.
  5. Sparkles27

    Sparkles27 Истакнат член

    Joined:
    Feb 7, 2017
    Messages:
    581
    Likes Received:
    923
    Gender:
    Female
    Кашкавал сирење моцарела се тоа имаш 100% веганско во рамстор маркетите ќе бараш производи на VioLife. Тие растителни што ги викаат кашкавали не се вегански само еден знам има во тинекс грчки кашкавал растителен баш и на него си пишува веган. Плус ќе си гледаш состојки во примцип има доста работи вегански и посни иако пишува дека можно е да има траги од млеко јајца и сл тоа мораат да го напишат законски бидејќи во иста просторија ги произведуваат сите работи,но тоа секако не значи дека има траги.
     
    crimson likes this.
  6. DaenerysT

    DaenerysT Истакнат член

    Joined:
    Jun 27, 2016
    Messages:
    147
    Likes Received:
    597
    Gender:
    Female
    Не сум веган ни вегетаријанец, но доста читам на темава и целосно го поддржувам ваквиот начин на живот, надевајќи се во скора иднина дека ќе направам и јас ваква животна промена. Велам начин на живот, а не начин на исхрана. Голем дел од луѓето кои се одлучуваат да станат вегани, го прават тоа исклучиво од здравствени причини и неретко се разочаруваат и се откажуваат поради нарушена крвна слика и вината ја бараат во овој начин на исхрана. Меѓутоа мислам дека многу се излажале ако мислат дека таквиот начин на исхрана им наштетил. Како прво, пред да го превземеш овој чекор прво треба да истражуваш. Не е веганството од денес за утре, па ајде ќе мачкам леб и ајвар секој втор ден. Па згора на тоа и веган џанк фуд се јаде многу често. Да се разбереме и чипсот е веган, и газирани пијалаци се веган, и еден тон слатки и благи се веган а полни со шеќери и штетни по здравје. Тоа го замислувам како постење пред велигден па ајде да се јаде нешто колку да не сум гладен. Па ќе се настегаат пола леб зашто неможат да бидат сити подолго од саат време. Тоа за мене не е веган, туку plant based исхрана, која иако е далеку подобра од невеганската сепак може да донесе свои последици по здравје и секако разочарување.
    Од друга страна, веганството за мене е стил на живот, целосна филозофија и желба да не се учествува во помагање на милијардерска индустрија за експлоатација на животните. Тие што велите ај месо ок, ама зошто не јајца и млеко, ве молам прочепкајте малку подлабоко во проблематиката и ќе сфатите дека таквото размислување е плитко. Да не се повторувам, начинот на производство на млеко и јајца е крајно нехуман, па и еднакво нездрав за луѓето поради големите количества на хормони. Кога свеста ќе се подигне на ова ниво, веганскиот живот мислам дека станува задоволство, а не измачување поради лишење од храна која ја сакате.
    Од трет аспект пак, самиот начин на исхрана и стил на живот не прави да бидеме нездрави. И вегани јадат растителен кашкавал, секакви преработки од соја, вегански паштети итн преполни со адитиви. Факт е дека здравјето ни се нарушува од конзумирање на преработена храна и на едни и на други. Веќе кога би бирале, подобро да пијам чисто млеко од крава на село, пасена и чувана на сосема природен и "хуман" начин, отколку да јадам сирење или зденки. Подобро чисто свежо месо, отколку кулен, паштета или чадена сланина. Мислам дека ме разбирате. Е тука веганите бираат да не конзумираат ниту млеко, месо и јајца од нивни хумани убедувања дека млеко е за да расте теленце, јајца се за да се испилат пилиња итн. Одат до таму што бираат сами да си ја одгледуваат храната доколку се во можност, па да знаат што јадат во секое време. Свежо и сезонско. Тука веќе бираат начин на исхрана од аспект на здравје. Има една влогерка на youtube, Ellen Fisher се вика. Девојката живее со сопругот на Хаваите. Има родено 3 деца со веганска бременост. Дечињата и се златни. Полни со живот и енергија, сите родени буцкасти. Живеат во куќа, сами произведуваат голем дел од храната и живеат симплистички живот. Не користат пластика на пример и слични работи кои штетат на планетата. Они се да речам ептен next level вегани кои се грижат дури и за екологијата.
    И се тоа супер, само има еден проблем кај нас. Премногу се скапи одредени вегански продукти кај нас, па некако голем дел се обесхрабруваат. На пример млеко од бадем 160 денари литро, агаве сируп или јаворов сируп пррскапи. Дури и јаткасти плодови се изгор. Мислам дека тука е најголемата кочница кај нас помладиве кои имаат желба ама некако немаат баш финансии. Да не зборам за балканскиот ментален склоп, па најголема кочница ти се сопствените родители од кои неретко зависиш финансиски, а тие се оние кои полнат фрижидер. Знам дека ако се сака се наоѓа начин. На зелен пазар за 1000 денари ќе нема да можеш да се донесеш до дома од кеси, ама па понекад сакаме и фенси ствари како некои семиња, сирупи или сл.
    Плус едно екстра, погледнете колку парови не можат да имаат деца, погледнете колку има дечиња што се дебелки, во наша генерација еден тон не има со прекумерена килажа. Една од нив сум и јас. Цел живот буцка, се изнамачив за дете, хормони изреметени, енергија 0, плус стресот на работа и самата технологија и достапност за сите 24/7 ме исцрпе.
    Нејсе, се расприкажав. Можда постов ми е all over the place, не очекувам сите да се сложат, но почуствував потреба да се изнакажам околу темава :D
     
    Last edited: May 11, 2018
    SV1911, temily, Ketchup and 2 others like this.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Joined:
    Jan 2, 2013
    Messages:
    5,335
    Likes Received:
    29,193
    Gender:
    Female
    Вчера гледав дебата за веганство и се постави едно интересно хипотетичко прашање, што верувам ја погодува целта кога се работи за вакви дискусии и за тоа кој е всушност проблемот во јадењето животински производи.

    Сите се сложуваме дека моменталната индустрија за месо и производи од животинско потекло не е ни најмалку идеална, ниту пак има некакво морално оправдување. (Го ставаме нашиот апетит пред животот на други суштества.). Сепак, кој е проблемот во јадењето месо, дали самото конзумирање или страдањето на кое подлежи животното? Бидејќи, на пример, ако сретнеш елен што умрел во шума од природна смрт некако, живеејќи си го животот на слобода, тоа што ќе го изедеш не му влијае лошо на еленот, бидејќи веќе нема свест. Тука доаѓа хипотетичката ситуација:

    Да претпоставиме дека имаме месна индустрија која ќе се состои од одледување животни, ама на најприроден можен начин, во нивното природно живеалиште. Си живеат исто онака како што би живееле и без да се контролирани од луѓе, дури не ни знаат дека е тој случајот, си живеат најнормален живот. Еден час пред да умре на пример едно теле, како што би умрело по природен пат, се убива на најбрз и најбезболен можен начин, па телото се носи да се направи месо. Значи телето не претрпува никаква болка во ниту еден дел од животот. Дали би биле океј со ваква месна индустрија?

    Јас лично, мислам дека не би ми претставувало проблем вака да функционира и не би чувстувала вина кога јадам месо (за разлика од сега). Мислам дека заслужуваме да го примаме она што ни е еволуциски потребно, сè додека не повредуваме животни поради тоа. Е сега, некој можеби смета дека треба животните да се остават фул натурал и сè уште сметаат дека ова е неморално, затоа што самата намера за одгледување животни за таа цел им претставува нешто неморално.

    Што мислите вие? Кој е оној вистинскиот проблем со месото? Самото конзумирање, страдањето на животното или едноставно намерата да се експлоатираат други видови поради наше задоволство?
     
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Joined:
    Jul 26, 2016
    Messages:
    2,593
    Likes Received:
    4,649
    Gender:
    Male
    Еден час пред да умреле животните да сме ги убиеле за да ги јадеме.. Незнам дали сте свесни што пишувате или ова е шега?!? Да се убие на безболен начин? Каков е тој начин? На ваков или онаков тоа животно ќе биде мртво така да нема да се вадиме на тоа дека постои безболно убиство..
    Проблем е страдањето на животното а и самото конзумирање... Човекот ниту е месојад ниту е омнивор ниту е тревојад.. Човекот има посебен организам од другите животни, еве направи споредба и со месојади и со тревојади, ќе видиш дека не сме исти. Човекот ја приготвува својата храна најчесто за да јаде додека животните не. Човекот нема организам како тревојадите па затоа неможе да пасе, исто така и нема организам како месојадите па затоа неможе да јаде живо месо со крв а ниту има канџи или такви заби како месојадите за да лови.
    Еве што прави индустријата за да некој има месо и јајца на својата маса.
    Има и други пострашни видеа но да не ги прикачувам бидејќи е крајно вознемирувачки...
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,939
    Значи човекот е воздухојад?
     
  10. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2014
    Messages:
    16,161
    Likes Received:
    49,390
    Gender:
    Female
    Јас не јадам месо не толку од жал кон нив колку што не ми е убаво едноставно.Нема конкретна причина.Какво сака нека е, и позлатено да е не ми се сфиѓа.Освен полнетите пиперки на мајка ми:inlove: само тогаш јадам месо.
    Уште кога сум престанала со кашички не јадам месо, тоа се добри 13-14год.И да чукнам во дрво со здравјето топ сум освен што имав анемија ама топ сум сега.
    Не се гледам понатака во животот како месојадец, не чувствувам потреба за месо.
     
    Sparkles27 and Vitaly like this.
  11. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2015
    Messages:
    4,447
    Likes Received:
    25,054
    Мислам дека доколку би имала неограничени финансии, би можела да бидам веган. Најтешко би можела да се откажам од јајца. Месо јадам ретко и во мали количини, во принцип тук-таму пилешки стек или "белото" од кокошка. Мислам дека и тоа ќе ми фали на почеток, но не до степен да не можам без. Млечни производи исто така ретко јадам, во принцип ставам кашкавал на пица и паста. Друго од млечни ептен ретко. Дури и млеко престанав да ставам во кафе, повкусно ми е без. Ионака претежно сум на зеленчук, овошје, мешунки и зрна, мислам дека не би ми претставувало проблем и тоа малку животинско да го исфрлам.
    Е најголем проблем би ми било да пазам на купечки работи. Едно е да не јадеш од што не ти се вкусни, друго е намерно да читаш состојќи во буквално се' за да нема. Не можам до толку да се замарам...
     
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Joined:
    Nov 17, 2012
    Messages:
    13,119
    Likes Received:
    163,767
    Gender:
    Female
    Ако гледаме од аспект на експлоатирање други видови за наше задоволство, мислам дека реално доаѓаме и до користењето на растенијата. А сите знаеме дека не можеме да опстоиме без користење на било какви живи организми.
    Јас како што ја разбирам етичката цел на веганството, страдањето на животното е главниот проблем. И се согласувам дека би се чувствувала подобро во врска со јадењето месо при вакви услови во месната индустрија.
     
  13. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Joined:
    Jul 26, 2016
    Messages:
    2,593
    Likes Received:
    4,649
    Gender:
    Male
    Нема потреба од толкави финансиски средства како што замислуваш.. Дури и ќе заштедуваш.. Млекото кое го купувате од продавница е отров.. Вештачки се оплодуваат крави потоа нивните малечки се одвојуваат од нив за да млекото оди во продавница. Тоа млеко содржи токсични материи, имаш интернет можеш да истражиш ако сакаш. А за да имаме ние јајца во својот фрижидер потребно е една кокошка да седи во 20цм квадратни помалку од година и да носи јајца дење и ноќе што не е нормално бидејќи и на нив им треба сон, да не зборувам со што ги хранат... и на крај ги колат.. Тоа ли е живот? Исто така и машките пилиња ги убиваат веднаш по испилувањето, имаш видео погоре. Мене ова ми беше доволно за да станам вегетаријанец.
    Јадам мед, природни јајца ако начекам од некаде да купам исто така и млеко.
     
    SV1911 and Feminka22 like this.
  14. Lella

    Lella Форумски идол

    Joined:
    Jan 2, 2013
    Messages:
    5,335
    Likes Received:
    29,193
    Gender:
    Female
    Растенијата немаат нервен систем и мозок за да чувствуваат болка, несвесни суштества се.
    Но сфаќам дека со хипотетичката месна индустрија се ставаат животните на рамниште на растенија - без страдање и без да бидат свесни дека ги искористуваат. Затоа е tricky прашањето. Каде ја ставаме линијата?
     
  15. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Joined:
    Feb 6, 2018
    Messages:
    1,576
    Likes Received:
    10,984
    Gender:
    Male
    Луѓе ако гледаме така ние не треба да јадеме ништо. Да почнеме камења да јадеме само тогаш ќе имаме чиста совест, оти нели камењата немаат животен век. Кога сме кај третирање на животните во кланиците и воопшто во месната индустрија целиот процес е хаотичен. Од убивање на животните со секира или токмак во пределот на главата до мелење на живи пилиња. Тие кои се дел од овој бизнис не им е важно дали животното ќе умре на ваков или онаков начин тие гледаат да направат пари. Читав пред некој ден дека интелигенција на свињата е еднаква на интелигенција на 3 годишно дете. Под тоа пишуваше дали би јаделе месо после овој податок? Мене не ми пречи кој што сака нека јаде ама претеруваат со некои работи реално. Јас јадам месо ама поретко бидејќи имам проблеми со дигестивниот систем и би ми пречело доколку јадам често.
     
  16. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Joined:
    Mar 5, 2015
    Messages:
    4,447
    Likes Received:
    25,054
    Не, ама реално ако живееш на диета обратна од веганството, односно јадеш исклучиво и само животински производи, каков би ти бил животот? Додека пак ако јадеш се' што нуди планетава освен храна од животинско потекло, би можел баш квалитетен живот да имаш.
     
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Joined:
    Jun 27, 2015
    Messages:
    2,623
    Likes Received:
    32,782
    Gender:
    Male
    Во однос на хипотетичката ситуација на @Lella, мислам дека многу поверојатно и пореалистично решение за проблемите на месната индустрија и суровоста со животните е т.н. cultured meat, односно месо „израснато“ во лабораторија.

    Веќе се направени првични успешни студии, а некои од стартапите кои се занимаваат со производство на вакво месо сметаат дека ќе биде комерцијално достапно веќе кон крајот на годинава. Во секој случај, лабораториски создаденото месо не е научна фантастика, туку ќе стане реалност за време на нашите животи.

    Придобивките на ваквиот начин на производство на месо се потенцијално огромни – се воспоставува стандарден квалитет на месото, се елиминираат болестите од кои заболуваат животните, како и потребата од антибиотици, хормони за раст и други суплементи кои сега им се даваат на домашните животни, драстично се намалуваат трошоците за производство (затоа што не вклучуваат чување на actual животни), а со тоа и самата продажна цена и, најбитно од сѐ за темава, целосно се елиминира суровоста кон животните и нивно убивање.

    Ја лично сум далеку од веган и вегетаријанец според начинот на исхрана, ама доколку ваквото месо стане достапно во блиска иднина многу радо би се префрлил на него.
     
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Joined:
    Oct 12, 2011
    Messages:
    5,083
    Likes Received:
    27,332
    Па ќе се најдат некои што ќе зборат да не се јаде таквото месо зошто е вештачко.:|
     
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Joined:
    Jun 27, 2015
    Messages:
    2,623
    Likes Received:
    32,782
    Gender:
    Male
    Секогаш (ќе) постои отпор кон нови работи, особено затоа што луѓето се плашат од ствари кои не ги разбираат.

    Сепак, мислам дека бројните бенефити, како подобриот квалитет и пониската цена ќе влијаат на тоа многумина да го прифатат ваквото месо, дури и да не им е гајле за убивањето на животни. :)
     
  20. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Joined:
    Oct 1, 2016
    Messages:
    2,387
    Likes Received:
    13,683
    Gender:
    Female
    Проблемите не се проблеми, туку ставот на луѓето и еволуцијата на нашиот вид, а со самото тоа и различните можности кон прашањата претставуваат вистински проблем.

    Факт е дека луѓето дефинитивно се omnivores (не го знам мак збор...) а најверодостојниот показател за тоа се нашите заби - имаме секачи кои ни служат за гризање, кинење, расцепување (такви заби се карактеристични за месојадите) како и катници кои ни служат за џвакање (како што имаат тревопасните животни).

    Во поглед на делот каде се споменува страдањето на животното или часот по смртта, би сакала да посочам дека е интересен фактот што луѓето имаат многу силен црн дроб, инаку орган кој служи за детоксикација и силна способност за поднесување на мирисот на распаѓање и гниење на труповите на други животни што укажува дека веројатно сме еволуирале како т.н. scavengers - кои јаделе мртви трупови од други животни, но не премногу распаднати.

    Гледано од аспект на сегашноста, очигледно е дека сме еволуирале до тој степен да не мора да ловиме за храна и за нас не е неопходно да јадеме месо за да преживееме.

    Бидејќи сме omnivores, можеме слободно да ја избереме храната што ќе ја јадеме. Сепак, за многу луѓе денес, месото претставува поглавен извор на храна.

    Оние кои имаат поголемо количество на хормонот oxytocin во телото, следствено на тоа имаат повеќе моралност, емпатија, која може секако да биде насочена и кон животните а не само кон други луѓе.

    Така, сите твои горенаведени ситуации претставуваат проблем за веганите и вегетаријанците.

    Меѓутоа, количеството на хормоните во нашите тела, и нашите мислења и преференции се релативна работа;
    - зависи од перспективата на човекот дали за него е во ред да конзумира месо од животно кое страдало пред да биде заклано, истовремено и експлоатирано во тој процес, или не.

    Инаку, се согласувам со мислењето на @Bender Rodriguez дека би било добра идеја во иднина да се консумира т.н. cultured meat бидејќи сметам дека и луѓето кои јадат месо и веганите ќе бидат на некој начин задоволни;

    На консумерите на месо нема да им биде ускратена можноста да јадат месо,а веганите ќе бидат среќни знаејќи дека месото не е добиено по пат на колење на животни.

    It's a win-win :)
     
    Last edited: Aug 21, 2018