Да, баш така! Порано јадев толку многу процесирана храна, си заработив и некои проблеми, ама сега се средуваат. Не ми се верува дури, иако очекував резултати, сепак не ми се верува.
Читаш состојките. На некои производи состојките кои се од животинско потекло се обележани со бројчиња, најчесто 300 и нешто, ама не на сите. Мене ме интересира ореото вегански ли се? На интернет пишува дека се, ама на пакувањето пишува дека може да содржат траги од млеко...
Траги од млеко значи дека биле произведени со истите машини со кои што произведуваат млечни колачи. Не значи дека не ги измиле, ама не се темелно исчистени и затоа може да содржат траги од млеко.
Кашкавал сирење моцарела се тоа имаш 100% веганско во рамстор маркетите ќе бараш производи на VioLife. Тие растителни што ги викаат кашкавали не се вегански само еден знам има во тинекс грчки кашкавал растителен баш и на него си пишува веган. Плус ќе си гледаш состојки во примцип има доста работи вегански и посни иако пишува дека можно е да има траги од млеко јајца и сл тоа мораат да го напишат законски бидејќи во иста просторија ги произведуваат сите работи,но тоа секако не значи дека има траги.
Не сум веган ни вегетаријанец, но доста читам на темава и целосно го поддржувам ваквиот начин на живот, надевајќи се во скора иднина дека ќе направам и јас ваква животна промена. Велам начин на живот, а не начин на исхрана. Голем дел од луѓето кои се одлучуваат да станат вегани, го прават тоа исклучиво од здравствени причини и неретко се разочаруваат и се откажуваат поради нарушена крвна слика и вината ја бараат во овој начин на исхрана. Меѓутоа мислам дека многу се излажале ако мислат дека таквиот начин на исхрана им наштетил. Како прво, пред да го превземеш овој чекор прво треба да истражуваш. Не е веганството од денес за утре, па ајде ќе мачкам леб и ајвар секој втор ден. Па згора на тоа и веган џанк фуд се јаде многу често. Да се разбереме и чипсот е веган, и газирани пијалаци се веган, и еден тон слатки и благи се веган а полни со шеќери и штетни по здравје. Тоа го замислувам како постење пред велигден па ајде да се јаде нешто колку да не сум гладен. Па ќе се настегаат пола леб зашто неможат да бидат сити подолго од саат време. Тоа за мене не е веган, туку plant based исхрана, која иако е далеку подобра од невеганската сепак може да донесе свои последици по здравје и секако разочарување. Од друга страна, веганството за мене е стил на живот, целосна филозофија и желба да не се учествува во помагање на милијардерска индустрија за експлоатација на животните. Тие што велите ај месо ок, ама зошто не јајца и млеко, ве молам прочепкајте малку подлабоко во проблематиката и ќе сфатите дека таквото размислување е плитко. Да не се повторувам, начинот на производство на млеко и јајца е крајно нехуман, па и еднакво нездрав за луѓето поради големите количества на хормони. Кога свеста ќе се подигне на ова ниво, веганскиот живот мислам дека станува задоволство, а не измачување поради лишење од храна која ја сакате. Од трет аспект пак, самиот начин на исхрана и стил на живот не прави да бидеме нездрави. И вегани јадат растителен кашкавал, секакви преработки од соја, вегански паштети итн преполни со адитиви. Факт е дека здравјето ни се нарушува од конзумирање на преработена храна и на едни и на други. Веќе кога би бирале, подобро да пијам чисто млеко од крава на село, пасена и чувана на сосема природен и "хуман" начин, отколку да јадам сирење или зденки. Подобро чисто свежо месо, отколку кулен, паштета или чадена сланина. Мислам дека ме разбирате. Е тука веганите бираат да не конзумираат ниту млеко, месо и јајца од нивни хумани убедувања дека млеко е за да расте теленце, јајца се за да се испилат пилиња итн. Одат до таму што бираат сами да си ја одгледуваат храната доколку се во можност, па да знаат што јадат во секое време. Свежо и сезонско. Тука веќе бираат начин на исхрана од аспект на здравје. Има една влогерка на youtube, Ellen Fisher се вика. Девојката живее со сопругот на Хаваите. Има родено 3 деца со веганска бременост. Дечињата и се златни. Полни со живот и енергија, сите родени буцкасти. Живеат во куќа, сами произведуваат голем дел од храната и живеат симплистички живот. Не користат пластика на пример и слични работи кои штетат на планетата. Они се да речам ептен next level вегани кои се грижат дури и за екологијата. И се тоа супер, само има еден проблем кај нас. Премногу се скапи одредени вегански продукти кај нас, па некако голем дел се обесхрабруваат. На пример млеко од бадем 160 денари литро, агаве сируп или јаворов сируп пррскапи. Дури и јаткасти плодови се изгор. Мислам дека тука е најголемата кочница кај нас помладиве кои имаат желба ама некако немаат баш финансии. Да не зборам за балканскиот ментален склоп, па најголема кочница ти се сопствените родители од кои неретко зависиш финансиски, а тие се оние кои полнат фрижидер. Знам дека ако се сака се наоѓа начин. На зелен пазар за 1000 денари ќе нема да можеш да се донесеш до дома од кеси, ама па понекад сакаме и фенси ствари како некои семиња, сирупи или сл. Плус едно екстра, погледнете колку парови не можат да имаат деца, погледнете колку има дечиња што се дебелки, во наша генерација еден тон не има со прекумерена килажа. Една од нив сум и јас. Цел живот буцка, се изнамачив за дете, хормони изреметени, енергија 0, плус стресот на работа и самата технологија и достапност за сите 24/7 ме исцрпе. Нејсе, се расприкажав. Можда постов ми е all over the place, не очекувам сите да се сложат, но почуствував потреба да се изнакажам околу темава
Вчера гледав дебата за веганство и се постави едно интересно хипотетичко прашање, што верувам ја погодува целта кога се работи за вакви дискусии и за тоа кој е всушност проблемот во јадењето животински производи. Сите се сложуваме дека моменталната индустрија за месо и производи од животинско потекло не е ни најмалку идеална, ниту пак има некакво морално оправдување. (Го ставаме нашиот апетит пред животот на други суштества.). Сепак, кој е проблемот во јадењето месо, дали самото конзумирање или страдањето на кое подлежи животното? Бидејќи, на пример, ако сретнеш елен што умрел во шума од природна смрт некако, живеејќи си го животот на слобода, тоа што ќе го изедеш не му влијае лошо на еленот, бидејќи веќе нема свест. Тука доаѓа хипотетичката ситуација: Да претпоставиме дека имаме месна индустрија која ќе се состои од одледување животни, ама на најприроден можен начин, во нивното природно живеалиште. Си живеат исто онака како што би живееле и без да се контролирани од луѓе, дури не ни знаат дека е тој случајот, си живеат најнормален живот. Еден час пред да умре на пример едно теле, како што би умрело по природен пат, се убива на најбрз и најбезболен можен начин, па телото се носи да се направи месо. Значи телето не претрпува никаква болка во ниту еден дел од животот. Дали би биле океј со ваква месна индустрија? Јас лично, мислам дека не би ми претставувало проблем вака да функционира и не би чувстувала вина кога јадам месо (за разлика од сега). Мислам дека заслужуваме да го примаме она што ни е еволуциски потребно, сè додека не повредуваме животни поради тоа. Е сега, некој можеби смета дека треба животните да се остават фул натурал и сè уште сметаат дека ова е неморално, затоа што самата намера за одгледување животни за таа цел им претставува нешто неморално. Што мислите вие? Кој е оној вистинскиот проблем со месото? Самото конзумирање, страдањето на животното или едноставно намерата да се експлоатираат други видови поради наше задоволство?
Еден час пред да умреле животните да сме ги убиеле за да ги јадеме.. Незнам дали сте свесни што пишувате или ова е шега?!? Да се убие на безболен начин? Каков е тој начин? На ваков или онаков тоа животно ќе биде мртво така да нема да се вадиме на тоа дека постои безболно убиство.. Проблем е страдањето на животното а и самото конзумирање... Човекот ниту е месојад ниту е омнивор ниту е тревојад.. Човекот има посебен организам од другите животни, еве направи споредба и со месојади и со тревојади, ќе видиш дека не сме исти. Човекот ја приготвува својата храна најчесто за да јаде додека животните не. Човекот нема организам како тревојадите па затоа неможе да пасе, исто така и нема организам како месојадите па затоа неможе да јаде живо месо со крв а ниту има канџи или такви заби како месојадите за да лови. Еве што прави индустријата за да некој има месо и јајца на својата маса. Спојлер https://www.facebook.com/garytvcom/videos/vb.169905213064735/1775978135790760/?type=2&theater Има и други пострашни видеа но да не ги прикачувам бидејќи е крајно вознемирувачки...
Јас не јадам месо не толку од жал кон нив колку што не ми е убаво едноставно.Нема конкретна причина.Какво сака нека е, и позлатено да е не ми се сфиѓа.Освен полнетите пиперки на мајка ми само тогаш јадам месо. Уште кога сум престанала со кашички не јадам месо, тоа се добри 13-14год.И да чукнам во дрво со здравјето топ сум освен што имав анемија ама топ сум сега. Не се гледам понатака во животот како месојадец, не чувствувам потреба за месо.
Мислам дека доколку би имала неограничени финансии, би можела да бидам веган. Најтешко би можела да се откажам од јајца. Месо јадам ретко и во мали количини, во принцип тук-таму пилешки стек или "белото" од кокошка. Мислам дека и тоа ќе ми фали на почеток, но не до степен да не можам без. Млечни производи исто така ретко јадам, во принцип ставам кашкавал на пица и паста. Друго од млечни ептен ретко. Дури и млеко престанав да ставам во кафе, повкусно ми е без. Ионака претежно сум на зеленчук, овошје, мешунки и зрна, мислам дека не би ми претставувало проблем и тоа малку животинско да го исфрлам. Е најголем проблем би ми било да пазам на купечки работи. Едно е да не јадеш од што не ти се вкусни, друго е намерно да читаш состојќи во буквално се' за да нема. Не можам до толку да се замарам...
Ако гледаме од аспект на експлоатирање други видови за наше задоволство, мислам дека реално доаѓаме и до користењето на растенијата. А сите знаеме дека не можеме да опстоиме без користење на било какви живи организми. Јас како што ја разбирам етичката цел на веганството, страдањето на животното е главниот проблем. И се согласувам дека би се чувствувала подобро во врска со јадењето месо при вакви услови во месната индустрија.
Нема потреба од толкави финансиски средства како што замислуваш.. Дури и ќе заштедуваш.. Млекото кое го купувате од продавница е отров.. Вештачки се оплодуваат крави потоа нивните малечки се одвојуваат од нив за да млекото оди во продавница. Тоа млеко содржи токсични материи, имаш интернет можеш да истражиш ако сакаш. А за да имаме ние јајца во својот фрижидер потребно е една кокошка да седи во 20цм квадратни помалку од година и да носи јајца дење и ноќе што не е нормално бидејќи и на нив им треба сон, да не зборувам со што ги хранат... и на крај ги колат.. Тоа ли е живот? Исто така и машките пилиња ги убиваат веднаш по испилувањето, имаш видео погоре. Мене ова ми беше доволно за да станам вегетаријанец. Јадам мед, природни јајца ако начекам од некаде да купам исто така и млеко.
Растенијата немаат нервен систем и мозок за да чувствуваат болка, несвесни суштества се. Но сфаќам дека со хипотетичката месна индустрија се ставаат животните на рамниште на растенија - без страдање и без да бидат свесни дека ги искористуваат. Затоа е tricky прашањето. Каде ја ставаме линијата?
Луѓе ако гледаме така ние не треба да јадеме ништо. Да почнеме камења да јадеме само тогаш ќе имаме чиста совест, оти нели камењата немаат животен век. Кога сме кај третирање на животните во кланиците и воопшто во месната индустрија целиот процес е хаотичен. Од убивање на животните со секира или токмак во пределот на главата до мелење на живи пилиња. Тие кои се дел од овој бизнис не им е важно дали животното ќе умре на ваков или онаков начин тие гледаат да направат пари. Читав пред некој ден дека интелигенција на свињата е еднаква на интелигенција на 3 годишно дете. Под тоа пишуваше дали би јаделе месо после овој податок? Мене не ми пречи кој што сака нека јаде ама претеруваат со некои работи реално. Јас јадам месо ама поретко бидејќи имам проблеми со дигестивниот систем и би ми пречело доколку јадам често.
Не, ама реално ако живееш на диета обратна од веганството, односно јадеш исклучиво и само животински производи, каков би ти бил животот? Додека пак ако јадеш се' што нуди планетава освен храна од животинско потекло, би можел баш квалитетен живот да имаш.
Во однос на хипотетичката ситуација на @Lella, мислам дека многу поверојатно и пореалистично решение за проблемите на месната индустрија и суровоста со животните е т.н. cultured meat, односно месо „израснато“ во лабораторија. Веќе се направени првични успешни студии, а некои од стартапите кои се занимаваат со производство на вакво месо сметаат дека ќе биде комерцијално достапно веќе кон крајот на годинава. Во секој случај, лабораториски создаденото месо не е научна фантастика, туку ќе стане реалност за време на нашите животи. Придобивките на ваквиот начин на производство на месо се потенцијално огромни – се воспоставува стандарден квалитет на месото, се елиминираат болестите од кои заболуваат животните, како и потребата од антибиотици, хормони за раст и други суплементи кои сега им се даваат на домашните животни, драстично се намалуваат трошоците за производство (затоа што не вклучуваат чување на actual животни), а со тоа и самата продажна цена и, најбитно од сѐ за темава, целосно се елиминира суровоста кон животните и нивно убивање. Ја лично сум далеку од веган и вегетаријанец според начинот на исхрана, ама доколку ваквото месо стане достапно во блиска иднина многу радо би се префрлил на него.
Секогаш (ќе) постои отпор кон нови работи, особено затоа што луѓето се плашат од ствари кои не ги разбираат. Сепак, мислам дека бројните бенефити, како подобриот квалитет и пониската цена ќе влијаат на тоа многумина да го прифатат ваквото месо, дури и да не им е гајле за убивањето на животни.
Проблемите не се проблеми, туку ставот на луѓето и еволуцијата на нашиот вид, а со самото тоа и различните можности кон прашањата претставуваат вистински проблем. Факт е дека луѓето дефинитивно се omnivores (не го знам мак збор...) а најверодостојниот показател за тоа се нашите заби - имаме секачи кои ни служат за гризање, кинење, расцепување (такви заби се карактеристични за месојадите) како и катници кои ни служат за џвакање (како што имаат тревопасните животни). Во поглед на делот каде се споменува страдањето на животното или часот по смртта, би сакала да посочам дека е интересен фактот што луѓето имаат многу силен црн дроб, инаку орган кој служи за детоксикација и силна способност за поднесување на мирисот на распаѓање и гниење на труповите на други животни што укажува дека веројатно сме еволуирале како т.н. scavengers - кои јаделе мртви трупови од други животни, но не премногу распаднати. Гледано од аспект на сегашноста, очигледно е дека сме еволуирале до тој степен да не мора да ловиме за храна и за нас не е неопходно да јадеме месо за да преживееме. Бидејќи сме omnivores, можеме слободно да ја избереме храната што ќе ја јадеме. Сепак, за многу луѓе денес, месото претставува поглавен извор на храна. Оние кои имаат поголемо количество на хормонот oxytocin во телото, следствено на тоа имаат повеќе моралност, емпатија, која може секако да биде насочена и кон животните а не само кон други луѓе. Така, сите твои горенаведени ситуации претставуваат проблем за веганите и вегетаријанците. Меѓутоа, количеството на хормоните во нашите тела, и нашите мислења и преференции се релативна работа; - зависи од перспективата на човекот дали за него е во ред да конзумира месо од животно кое страдало пред да биде заклано, истовремено и експлоатирано во тој процес, или не. Инаку, се согласувам со мислењето на @Bender Rodriguez дека би било добра идеја во иднина да се консумира т.н. cultured meat бидејќи сметам дека и луѓето кои јадат месо и веганите ќе бидат на некој начин задоволни; На консумерите на месо нема да им биде ускратена можноста да јадат месо,а веганите ќе бидат среќни знаејќи дека месото не е добиено по пат на колење на животни. It's a win-win