Благо вама што имате убава виткана коса. Кога бев мала, абе локни едни убави, прекрасно оформени. Too bad што тогаш не ми беше гајле за изгледот. А сега, сега е полу права, а полу искршена (некоа локна тук-таму). Првиот час откако ќе се исуши, е прекрасна. Наредното утро се исплашив од одразот на огледалото Е ај сеа де. Ај белки ќе се управи.
И јас си имам виткана коса и мн си ја сакам За тоа Нивеа пак по 100 пат ке кажам сите шампони им се ужас, пени, регенератори итн. За шампон на глис се сите убави и ми ги оформуваат локниите како никој друг шампон исто така и бреза на илирија а конкретно за виткана коса и јас не сум нашла пред миење ставам чичково масло и тоа мн ми ги дефинира локните
и јас барам посебен шампон за виткана коса...порано користев Pantene за локни ама некако ми го намалуваше волуменот. јас сакам и дефинирани локни и непроменет волумен (ако не се жалам, со средства за сува коса и чичково масло се постигнува супер ефект), ама ете...сум запнала за шампон СПЕЦИЈАЛНО ЗА ЛОКНИ
Јас понекогаш ја чешлам, понекогаш не(ама само после миење) Едноставно некогаш имам потреба да ги отстранам сите влакна што штебало да паднат, а останале во косата (нели дневно губиме по незнам таму колку влакна), а баш затоа што ми е многу виткана косата тие си остануваат заробени во кадриците. Инаку, иако имам претерано виткана коса најдов еден лесен начин да си направам прекрасна фризура... Ја мијам косата со регенератор кој што многу ја омекнува, моментално користам субрина регенераторот за сјај, ја исчешлам и ја виткам во круг, се додека не добијам пунџа Spoiler еве ваква, или понекогаш ја ставам малце на страна и ставам 1-2 од тие малите црни шнолки како сламчиња ( и едно ми е доволно) и си имам перфект фризура, ама кога ја пуштам е нешто посебно. Косата ми е рамна горе, а малку извиткана на врвовите, како да сум излегла од фризерски салон истата секунда и има прекрфасен сјај од регенераторот, само што ми трае само еден ден, утредента е катастрофа, а не ставам ни лак, ни било што за зацврстување Едит: Не верувам деака ќе најдеш шампон за локни кој ќе ти го задржи волуменот. Сите шампони за виткава коса имаат frizz control ефект.
Јас откога се измијам сега имам нова финта. Во празно шише од оние спрејови од глис ставам малку вода и додавам оревово масло. Го размешувам и прскам по цела должина. Вака не е толку концентрирано и дека го нанесувам со прскање, а не со прсти не ми ја мрси ич. Само убаво ми ја дефинира.
јас имам и повеќе од доволно волумен кога ќе им кажам на другарките дека некој шампон ми го намалува волуменот се газат од смеење и ме мислат за шлакната ама па јас си знам точно која локна како треба да стои (сигурно ти е познато ова чувство ) и затоа сум многу пребирлива за шампони и маски и спрејови....
Мојата коса е лоша, т.е. ако само ја измијам и ја исушам нема никаква форма, цела е разлетана на сите страни, како да имам лавја грива Арно ама си имам асална преса за коса па или ја пеглам или ја виткам. Кога ќе ја извиткам со пеглата локните ми стојат по 3-4 дена, потоа ми губат форма и си ја мијам. Пеглана кога ми е исто толку дена издржувам да не ја мијам. Кога ќе ме фати жал за косата и нејќам да ја горам, си плетам неколку плетенки и ги оставам да стојат преку цела ноќ, наутро само ги отплетувам ја разбушавувам и имам интерсна бушава/виткана коса. Со крпчиња ја имам неколку пати виткано, ама тогаш ми е многу пуцвалеста, а таквите локни ме потсетуваат на оние од викторијански фризури 16 век и не ми се допаѓа како излегува на крај. Иако ми се допаѓа кога ситни праменчиња ќе ја извиткам со многу крпчиња и кога ќе ги пуштам ми е како афро-фризура.
Да да знам, токмуј тоа и сакав да ти кажам, дека сите шампони за виткава коса го намалуваат волуменот.
Иако имам виткаана коса отсекогаш сум сакала права коса да имам. непишано правило и ја пеглав едно година и пол али нешо не штимаше. башка колку ми е слаба косава одма ми се гори ии нон стоп се шишав али со пак иста приказна. без разлика дали ставам макси регенератори.. се гори бе брате нема гајле и коа ми дое зорт и ми беше изгорена и не можеше више да се пегла ... и си ја пеглам ја дома , стигам у центар више виткана. и коа се гледам абе боље било ова бе! и сеа си ја носам виткана , само ги пеглам шишките и позади малку да не ми штрчи т.е. мене ми е полу виткана али у таа сорта е и сакам да ја пуштам да ми биде ко на шпанскине серииииииииии али не иде... пошо ќе се деси да ја праам со фигаро и шо пак ќе ми се изгори .. спас сеа барам у витлери или некој шампон али нз кој
Јас имам виткана коса и си ја обожавам ! Не ја пеглам многу често, ама понекогаш, можеби еднаш на месец или месец и пол сакам да сменам и ја пеглам за излегување. Ама мојата природно виткана коса за ништо да светот не ја давам. Иначе, за да не ми лета на сите страни, после капење на водена коса ставам Taft пена за виткана коса, бидејќи ми ги оформува локните и не ја вкочанува косата премногу, ниту ги растура локните како пени од други фирми.
Сакам да прашам какво е паковањето од тафт пената за виткана коса, гледам сите тука пишувате за сина а мојата е розева тафт за локни е сега сменета е амбалажата или друга е ? Иначе и јас имам виткана коса и си ја сакам користам хоби и сум презадоволнаааааа
Да и јас ја користев розевата, ми се допаѓашеама престанав затоа што почна премногу да ми ја суши косата, сепак е пена...
А мене и онака ми е сува И од фарби од пегла од се ама ја користам во ретки случаи ако одам некаде или така
Јас од Хоби се откажав.Ок ми беше првите неколку пати,ама некако многу ја заплескува колку малку и да ставам,нема волумен косата,а јас сакам коса со волумен,дали права или виткана сеедно.Па сеа,ништо не и ставам,ама ок се,само што губат од формата до крај на денот и спласнуваат,морам да најдам чаре. Вчера во Космо се полакомив за оние препаратите не знам дали беа Шварцкоф,за професионална нега,ама човеку,спреј за коса 600 денари кој ќе го испијам за еден месец,шампон 500 и кусур,регенератор такоџе,маската не видов колку е...пффф...па 2000 месечно не ме крпат само за нега на коса.И си ја наведнав главата и така...си се тргнав да не се искушувам повеќе. Ова розево пена какви ги прави локните,крути или меки ама обликувани?!Јас сакам меки и волуменозни.
Јас кренав раце од витканата коса, па околу година и пол редовно ја пеглав. За чудо не ми беше многу оштетена, изгледа зошто брзо ми расти и често ја скратував. Сега летово сакам малку да ја одморам зошто почна да ми губи сјај. Користам крема на субрина Spoiler а понекогаш пената на тафт за виткана коса. Кога не "соработува " ја фаќам во репче и си правам вакво плетенче Spoiler ем имам фризура, ем кога ќе ја отпуштам ми е извиткана во интересни локничиња. Најдоброто средство што сум го користела досега( ќе се согласите со мене повеќето ) ..Sunsilk кремата...штета што веќе ја нема
Ја сменаа амбалажата од сина во розева. Едно време ја немаше, бидејќи ја подновувале и ме фати паника затоа што другите пени од Taft не ми се допаѓаат, ми ја сушат косата многу. Ама се израдував кога видов дека ја сменале амбалажата, повеќе ми се допаѓа сега отколку сината. Еве оваа е, ако му притреба на уште некој:
Ако ја користиш на влажна коса ги прави меки, ама убаво обликувани и дава убав сја на косата. ама понекое време почнува многу да се суши, па самата коса ти станува покрута.
Мислам дека зависи од типот на коса. Обично витканите коси се суви, или подобро да речам влакното е нормално за разлика од типот на прекршена или праз-права коса. Мене не ми се суши, ми дава волумен и супер ми е. Е сега може да ми се случи да претерам и да ставам повеќе, па да ми е крута или да ставам помалце па да лета некое влакно, ама обично внимавам и супер излегува. Ако имаш природно бујна коса, ти ја препорачувам, бидејќи и мојата е таква, богата со волумен, а пенава додатно ми ја обликува формата на косата. Порано користев крем од Subrina, ама ми ја мрсеше, а мрсна коса не можам да поднесам, па прекинав. Имам дома за секој случај кога ќе ми здодее пената, ама многу ретко го користам.
Имам виткана коса, и користам шампон Бон Бонс Малициа. Си велам не ми требаат други препарати, супер ми е косичето. Можи е така оти мала сум Иначе и мајка ми има виткана коса, го користиме истиот шампон, и таа не користи никакви други препарати за коса а локните и се совршени