Некој си човек брзал да стигне на важен состанок но никако неможел да најде место за паркинг. Вртел 15 минути и ништо. Времето истекувало, почнало да го фаќа паника дека ќе задоцни. Во очај, решил да му се помоли на Господ: -Господе, ако ми најдеш место за паркинг, ветувам дека никогаш нема да лажам, ќе бидам добар со луѓето и секоја недела ќе одам в црква. Не прошла ни половина минута, нашол слободно место. И рекол: - Ок е боже, батали, најдов едно место. Прва брачна ноќ на Мујо и Фата,и спијат на два кревети. По едно време Фата се буди и му вика на Мујо:Мујо,ми студи. Можи да дојдам да ме стоплиш.Мујо одговорил:да и ја покрил со ќебе. По некое време Фата пак се буди и му вика на Мујо:Мујо,ми студи на градите. Мујо ја протрива на градите и продолжува да спие. По некое време Фата пак се буди и му вика:Море Мујо,глуп ли си бе, имам дупка меѓу нозете. И Мујо и вика:А,значи од таму тебе ти дува.
Наидување Мујо и Хасо сакале да одат до град, ама биле во дилема: - Ќе одиме ли пешки, или ќе чекаме автобус? - Ќе видиме, кој прв ќе наиде.
Починала на жена му на Перо. Завршил погребот и најблиските заминале кај Перо. Времето наеднаш многу се влошило... ...почнало да светка и да грми многу силно. Тогаш Перо излегол на тараса погледнал кон небото и рекол: Ете ја, стигна.
Ристо ергенот, живеел во куќата со татко му и работел во неговата фирма. Кога дознал дека од татко му кој е тешко болен ќе наследи огромно богатство тој реши да се ожени. Една вечер на состанокот со инвеститори ја запознал најубавата жена. "Јас може и не изгледам како секој обичен маж, и се обратил неа, но за неколку години кога мојот татко ќе умре ќе наследам 65 милиони." Три дена покасно таа му стана маќеа. Заклучок: Жените се подобри финански менаџери од мажитe
Блажо се вработил во продавница за погребални сандаци. Шефот му рекол да биде љубезен со муштериите... Доаѓа првиот муштерија, Блажо му продадил сандак и на крајот му вика: - Фала г-не, дојдете ни пак!!!
Мујо му вели на Хасо: - Хасо кога бев мал имав талент да станам ватерполист. - Епа зошто не си станал ватерполист? - Па никогаш ...не научив да пливам.
Учителката го прашува малиот Трпе - Колку е половина од 8? - Хоризонтално или вертикално? - Како мислиш? - Ете така, хоризонтално е 0, вертикално 3
• Мажот и го подметнува весникот под нос на жената -Прочитај ја оваа статија за рибите, мила. -Зошто? -Од нив би можела да научиш како се молчи. -Прво ти од нив научи како се пие само вода! Бегале партизаните од германците и се скриле во некој бунар.Дошле германците до бунарот,застанале,почнале да прават муабет,а партизаните се договориле од бунарот да им прават ехо.Почнале германците: Г:Абе,да не се во селото? П:Во селотооооо,во селотооооооо...... Г:Абе,да не се во шумата? П:Во шуматааааааа,во шуматаааааа......... Г:Абе,да не се во бунаров? П:Во шуматаааааа,во шуматаааааа....... *Седат Ивица и татко му на маса и му вели таткото на Ивица: -Синко, глуп си ко масава!(и тропа по неа) А на тоа синот станува и вика: -Тато, тато некој тропа! -Чекај. сине, јас ке отворам! Работникот: Директоре, јас се извинувам али ние плата немаме примено три месеци!! Директорот: - Извинето ти е!! *Ловџија убил мечка и му се фали на пријателот: - Горане, убив мечка! - Браво бе! - Пукав 10 пати во неа. - И колку пати ја погоди? - Ниеднаш, умре од смеење.
Таблетоман ја прашува баба му: Бабо, бабо да не си ги видела моите апчиња некаде, а бабата му вика: море какви апчиња, види го ти змејон ! Си бил одамна еден пијаница и многу му се пиело ама немал што. И сеа како да се снајде отишол во некоја кафана и чај со рум бил 15 денари. Му рекол на келнерот: Ај еден чај со рум, без чај! *Која е разликата помеѓу маж и свиња? -Свињата не станува маж кога ќе се напие. Влегува пијаница во кафана и порачува ракија. Шанкерот го гледа пијан и го откачува: - Искачај надвор, не служиме пијаници. Поминуваат 10 минути пијаницата се враќа и повторно бара ракија. Шанкерот пак го откачува. Не поминуваат ни 15 минути, а ете ти го пијаницата пак. Му се доближува тој на шанкерот и го прашува: - Извини дечки, има ли некоја кафана во градов во којашто ти не работиш? *Двајца полицајце отишле да си купат кифли.Едниот чекал во колата другиот другиот отишол во фурната.Тој што бил во фурната му рекол: ако погодиш колку кифли имам во кесата ке ти ги дадам и двете.
Плавуша седи во бар. Шанкерот се чуди како да започне разговор. Гледа дека чашата и е празна и ја прашува:- Извинете, чашата ви е празна,секате ли уште една? Плавушата го погледнала зачудено и рекла: - Што ќе ми се две празни чаши? Мујо чита оглас во весник и вика:- Слушај Хасо, полицијата бара машко од 20 до 30 години, силен, малку келав, висок, кој ноќно време шета по паркот и силува жени...- Добро, и? - Па се мислам дали да се јавам, може добро плаќаат?
Внучето оди кај баба му на гости.Бабата заминува во комшии и детево останува само.Му се јаде и гледа во фрижидер нема ништо,оди во собата на баба му и наоѓа тегла која мисли дека е мајонез над регалот.Ја зема и јаде.Се враќа бабата од комшии и внучево и вика: -Бабо јас го земав мајонезот од твојата соба кој беше горе на регалот. Бабата:Лелелеее внучко па јас во таа тегла цел живот бубулици стискам..
Цветко работел во продавница за погребални сандаци и шефот му рекол да биде љубезен со муштериите.Доаѓа првиот муштерија, Цветко му продадил сандак и на крајот му вика:- Фала господине, дојдете ни пак!
Влегол човек во продавница за домашни миленици и бара да купи папагал. Продавачот му покажува три и му вели дека првиот чини 5.000 денари. - Зошто е толку скап? - Па знае 1,000 зборови, а решава и математички задачи. Вториот чини 10.000 денари бидејки знае 5,000 збора, решава математички задачи и креира компјутерски програми. - А третиот колку чини? - Епа овој е 20.000 денари. - Па што знае овој да прави? - Не знае ништо, ама овие другите го викаат ШЕФ *** Влегува човек во аптека: - Ве молам лек против икање. Аптекарот се доближува до човекот и му залепува шамар. Овој изненаден: - Зошто ми удривте шамар!? Аптекарот: - Тоа секогаш помага, а нема да ве чини ништо. Човекот: - Да, ама лекот е за жена ми. *** Во купе во воз седат Грк, Македонец, стара баба и плавуша. Влегува возот во тунел и за неколку секунди се слуша силен сочен шамар. Кога возот излегол од тунел гркот имал црвен образ, но никој не прозборел - па така секој размислува во себе: Бабата си мисли: - Сигурно Гркот ја фатил плавушата па оваа му плеснала една... Плавушата мисли: - Хмм, Гркот сигурно сакал да ме фати, но во темница ме промашил ја фатил бабата и оваа му плеснала една... Гркот мисли: - Македонецот сигурно ја фатил плавушата, а таа сакала да му удри шамар, но го промашила и ме удри мене... Македонецот мисли: - Уф, едвај чекам да дојде друг тунел и пак да го расшамарам Грков!