Маж и жена се шетаат низ паркот. Мажот постојано се загледува по убавите жени – уште малку да му потечат лиги. Жена му долго време го набљудувала, го трпи и на крајот му вели: -Собирај апетит, златен, само собирај. И онака ќе јадеш дома.
Наставничката го прашува малиот Трпе: - Трпе каде ти е домашната? - Немаме веќе од домашната наставничке, ја испивме, само купечка ракија имаме.
Разговараат двајца другари: луд е оној што зборува и никој не може да го разбере.Ме разбираш ли што сакаш да кажам? Не,одговорил другиот.
Разговараат двајца луѓе и едниот му вика на другиот: - Ај наброј ми три птици! - Добро. Соколче, орелче.. - Абе добро зошто се со -че ги кажуваш? - Е добро де, ВРАП! Трпе му вика на Цветко: - Брат, нема да веруваш, вчера комшијата во 3 сабајле ми ѕвони на врата. Толку многу се исплашив што ми падна бормашината од раце. Оди некоја баба на доктор за преглед. По направените анализи на крвта докторот и вели на бабата : - Бабо, многу ти е слаба крвта, треба да јадиш повеќе железо. Бабата на тоа одговара : - Абе докторе, јас со вилициве мои леб не можам да јадам како шо треба, не пак железо. Касно во ноќта ѕвони ѕвончето: - Кој е ? - Полиција, отворете! - Нема никој дома! - А кој зборува? - Ви се причинило. - А зошто свети? - Чекај сега ќе угасам!
Ѕвони телефонот.. Слушалката ја крева таткото на девојката: -Здраво! Ти ли си рипче мое? -Не! Овде е сопственикот на аквариумот
*Седат Ивица и татко му на маса и му вели таткото на Ивица: -Синко,глуп си ко масава!(и тропа по неа) А на тоа синот станува и вика: -Тато,тато некој тропа! -Чекај.сине,јас ке отворам! *Македонски пратеник од власта прегазил двајца на тротоар. Судијате пресудил: - Оној кој удрил со главата во шофершајбната,5 години затвор за напад и обид за грабеж. - Оној кој излетал во грамушките 8 години затвор за обид за бегство од местото на злосторството. Пратеникот ќе добие парична надокнада за претпен страв.
Мајкл Џексон не бил кремиран бидејќи 86 % од неговото тело сега е од пластика. Наместо тоа бил рециклиран во фабриката „Лего“ така што и понатака ќе може да си игра со деца… Разговараат двајца пријатели Слушна ли за лекарот кој поради сексуална афера со пациент ја изгубил линенцата за работа? Да, да, срамота…А бешенајдобар ветеринар во градот! Бабата и дедото му го честитаат на својот внук роденденот. Дедо му приоѓа, му дава играчка и му вели: Да ни бидеш жив и здрав уште толку. Тивка музика, секси атмосфера, се бакнуваат и мулуваат двајц млади. Таа: Ти ја земав мастиката. Тој: Не е мастика, настинат сум.
Што е врв на финансиска криза? Влегуваш во кинеска продавница и викаш: -Ништо,ништо,само да разгледам.
На час. Наставничката ги проверува домашните: - Петар, зошто немаш домашно? - Вчера си ја повредив раката. - Седи, единица. А ти Марике? - Дедо ми се разболе. - Седи, единица. - А ти Tрпе? - Вчера брат ми се врати од затвор. - Се обидуваш да ме уплашиш, а? Седи двојка.
Зборат двајца другари: -Брат, сакаш да ја натерам баба ми да завива ко волк? -Ајде бе. -Бабо, кога последен пат имаше секс? -Аууууууууууууу!
Жена и се јавува на својата пријателка: - Леле да ти кажувам што се случи... Го пратив овој мојот да купи компири и на улица го згази кола. - Иииии, ужас! И што ќе правиш ти сега? - Не знам, најверојатно ориз. Дечко оди во домот на еден милионер. - Многу ја сакам вашата ќерка, точно е дека сум сиромашен но мојата љубов е толку силна што ништо не може да ме запре! - Добро. А која од моите две ќерки ја сакате за жена? - Која ќе ја дадете, господине.
Не е виц, ама да го споделам со вас. Spoiler Не кажувај либе добра ноќ не оди офлајн рано ти, најзгодно време е во ноќта прекрасна е оваа ноќ за чат. Сите спијат а ние сме Online користи чат драги ти мене, чатувај, чатувај бескрајно волшебна е ноќ за сурфање! Јас знам дека со друга чатуваш ти јас знам дека друга маткаш ти Фејзбуков мој е за тебе и не би дала пасворд јас на друг. За мене Google Chrome не се отвара за мене веќе фејзбук не постои за мене ти си прв “Friend” и последен ќе ми бидеш ти.
Девојче ја гледа мама како ги мие садовите и забележува неколку седи влакна. Ја запраша љубопитно: "Мамо, зошто имаш бели влакна во косата"? Мама одговори: "Секој пат кога ќе направиш нешто лошо и јас не се осеќам убаво, од тоа плачам и тажна сум - добивам по едно бело влакно". Девојчето се замисли... па запраша, "Мамо, зошто на баба косата е потполно бела"? *Си биле Македонец и Aлбанец се натпреварувале кој повеќе го знаел англискиот јазик. Прв бил Албанецот и рекол: - Where are you from?Ај преведи. Македонeцот: - Од каде си? Албанецот: - Ајде сега ти македонче. Македонецот: - Преведи ми I dont know. Албанецот: - Јас незнам… Македонецот: - Eпа што се курчиш со мене,гледаш немаш везе од англискиот.
Американец и Англичанец разговараат: - Чуден народ сте вие англичаните… досадни, затворени. Само за спорт зборувате. Зошто не се мешате со други? Видете ме мене на пример: имам ирска крв, и италијанска, дури малку и мексиканска и тоа кралска. Што ќе кажете на ова? - Што да кажам… Мајка ви има спортски дух.
Си седи човек во кафеана, и му се обраќа на келнерот: -Келнер! Пивоо! И овој оди и му вика: -Ааа ти можи поарен си!
Доага мажот дома и вика.....Жено зошто си во бањарка кога ти купив толку фустани Па немам ми се искинаа Мажот оди отвара плакарот и почнува да брои.....1,2,3,4,5,6,7,8,9,10 па во другиот 1,2,3,4,5 здраво комши 6,7,8,9,10...
Наставничката му вели на Трпе: - Кажи го во сегашно време глаголот оди. - Јас одам, ти одиш, тој оди… - Побрзо бе Трпе. - Јас бегам, ти бегаш, тој бега…
прашал хитлер еден евреин колку може да скокне во висина, овој пола метро и вика хитлер дајте му пола леб. Иде вториов го прашуе и него и овој вика 2 метра, дај му 2 леба. Иде третиов и сфатил шо е и вика ја можам да скокнам 3 метра! Хитлер : убијте го овој ќе ја рипне оградата!
Слетал орелот на врвот на една планина...кога таму,на негово големо чудење...полжав!!! - Е,како бе ти полжав се најде олку високо? - Со лигавење,брат...со лигавење
Жената водела љубов со својот швалер, кога неочекувано се вратил мажот. Мажот збеснал и почнал да го брка швалерот, а овој избегал во паркот. Таму гледа фонтана со статуи од голи мажи. Застанал и тој надевајќи се дека сопругот нема да го забележи. После некое време од статуите се слуша глас: - Соблечи ги чорапите оти сите ќе не фатат.