Битолчанец прашва турчинка како се вика и оваа му вика Неврие.. А овај кабадаја ако ти го бувнам има да клокоти...!!!
Студентка плаче во ходникот на факултетот. Поминува професор и ја прашува: - Колешке, да не паднавте на испит? - НЕЕЕЕЕ! - плаче студентката. - Колешке, можеби не успеавте да го заверите семестарот? - НЕЕЕЕЕ! - плаче студентката. - Со студентскиот дом ли имате проблем? - НЕЕЕЕ! - пак плаче. - Па за кој к*р плачете тогаш? - За каков и да ееееееееееееее!!!!!!! Учителка га прашуе Драгана : - Драгане што е татковина ? - Не знам ! - Ц ц ц ц, седи доле ! Игоре што е татковина ? - Татковина е моја мајка . - Тачно. Ајде с'га Драгане, што е татковина ? - Татковина е мајка на Игора ! - Чувај Боже, до толко да не сваќаш ! Татковина е и твоја мајка, значи ваша мајка ... Разбра ли ? - Разбра ! - Што разбра ? - Па дека ја и Игор смо браќа !
Учителката го прашала малиот Перо, кој го напишал „Волшебното самарче“. Малиот Перо одговорил: - Јас не учителке, жими се! Учителката налутена го носи кај директорот и му вели: - Замислете директоре, јас прашувам кој го напишал „Волшебното самарче“, а тој ми вели „јас не, жими се!“ Директорот: - Па добро учителке, можеби навистина тој не го напишал тоа! Учителката збеснала, го фатила малиот Перо за уво и излегувајќи од кај директорот сретнала еден полицаец, па веднаш решила да му се пожали: - Замислете, прашувам кој го напишал „Волшебното самарче“, а тој ми вели „јас не, жими се!“ Го носам кај директорот кој ми вели „па добро учителке, можеби навистина тој не го напишал тоа!“ Полицаецот збунето ја гледа и ја прашува: - Па добро госпоѓо, во кого се сомневате вие?
Плавуша е на тестирање во Музичка академија. Еден од членовите на комисијата и кажува: - Сега вие ќе застанете со грб кон нас, а ние ќе притиснеме еден клавиш на пијаното и вие ќе треба да познаете кој... Таа се завртува со грб, се слуша тон од пијаното. Плавушата се врти со лице кон комисијата, убаво се загледува во секого, еден по еден, накрајот посочува еден од професорите и со победнички глас кажува: - Ти го притисна!
Македонец поминува низ едно грчко село и гледа свадба. Седнува да се најаде и напие и гостејќи се започнува разговор со човекот што седи до него: - Види ја невестата, со мустаќи, не можеш да познаеш дали е маж ли е жена! - Ако уште еднаш слушнам нешто лошо за ќерка ми, ќе те убијам! - Нервозно го предупредил човекот. - Оооф, извини, не знаев дека вие сте таткото на оваа убава девојка! - Е сега ќе те убијам, јас сум мајката...
Малиот земјотрес го прашува големиот земјотрес.. -Што се случува кога ќе удриш на копно ? -Рушам згради, рушам дрвја, голема штета правам. Ти ? -Па ја кога ќе удрам ќе занишам некој лустер и толку .. А што се случува ако удриш на море ? -Правам големи цунамија, поплавувам градови, голема штета правам. А ти ? -Ја ќе занишам некое бродче, ќе заљуљам некое чамче.. Му паднало криво на малиот земјотрес, послаб е во се. И го прашува -Абе, а колку степени си по оној Рихтер ?? - Три ! - Под кур ми се скри !!
Патува жена во автобус.Треба да купи билет,но не знае колку чини.До неа седи друга жена.Како да и се обрати,со ти или со вие? Пазмислува логички пред да ја праша за цената.Овој автобус е брз.Ако досега не се симна ќе оди во мојата населба.Носи шише вино,значи оди кај некој маж.Виното е скапо,значи оди кај некој убав маж.Во мојата населба има само двајца убави мажо:мојот маж и мојот швалер.Таа не оди кај мојот швалер бидејќи јас сега ќе одам кај него.Значи оди кај мажот ми.Мажот ми има две швалерки:Кате и Ане,а Кате е на службено патување. -Ане,колку чини билетот? -Од каде ме познавате?!
Три реченици, кои предизвикуваат паника: 1. Нема да боли. 2. Сакам да разговарам со тебе нешто сериозно. 3. Неточно корисничко име или лозинка.
Која е разликата меѓу жените од 7, 17, 27 и 37 години? - Онаа од 7 оди со бајка во кревет. Онаа од 17 ја вовлекуваш со бајка во кревет. Онаа од 27 е бајка во кревет. Онаа од 37 вели: „Не ми збори бајки, ајде во кревет!“
Се ме боли после вас Две жени седат на клупата пред влезот на зградата. Од зградата излегува трета и почнува да се жали: - Уф, сè ме боли, рацете ме болат, нозете ме болат, ова не е живот... Двете почнуваат да ја зафркаваат: - Доста лажеш ма! Вчера двајца мажи беа кај тебе, денес уште еден дојде и си отиде. Така ли си болна? - Ех, зошто луѓето се толку злобни. Едно здраво место да имаш и за него ќе ти завидуваат... Мајка гледа „интересна“ турска серија на Сител. Малиот син вреска од влезната врата: - Мамо! Мамо! - Престани да викаш. Дојди овде. Синот пак: - Мамо ! Мамо -о- о ! - Доста се дереш! Влези во дневната соба и кажи мирно, што има. Синот влегува. Шлап! Шлап! Шлап! Во целиот стан. - Мамо, мамо. На улица случајно згазнав едно гомно. Каде да си ги измијам патиките?
Ќе живеам 100 години? Оди Цветко на доктор и го прашува : -Докторе, ќе живеам 100 години? А докторот : Пушиш? - Не Јадеш Брза храна? -Не Се дрогираш? -Не Си имал секс со проститутки? -Не Имаш швалерка? -Не Епа кажи што ќе ти е да живееш 100 години? Час по физика Наставникот по физика прашува: -Кој ке повтори за електрична енергија? - Повекето ученици кренале рака но најмногу Цветко. Наставникот го стана Цветко. Цветко: -Електричната енергија доаѓа од зоолошката градина! - Наставникот се зачудил и го прашал: -Зошто Цветко од зоолошката градина? - Цветко: -Па вчера кога имавме слава и кога наеднаш снема струја дедо ми рече "Пак некој мајмун ни ја исклучи струјата".
40-годишна жена морала да направи операција на срцето. За време на операцијата нејзиното срце престанува и таа оди пред Господ. Жената: - И што? Ова е крај, така ли? А јас сум толку млада! - Смири се! Сега лекарите ќе те спасат и ќе живееш уште 40 години - ја смирува Господ. Во тоа време хирурзите направиле електрошок, срцето и проработело повторно и ја спасиле жената. Додека лежела во болница, жената решила да го промени својот живот во преостанатите 40 години. Си направила пластична операција на лицето, ја сменила формата на носот, ставила силиконски гради, ги отстранила сите масти, ја бојадисала косата и т.н. Кога ја пуштиле од болница, жената излегла на улица, спремна за новиот живот, и во тој момент БАААМ ја удрил автомобил и умрела на лице место. Жената повторно оди пред Господ. - Нели рече дека ми остануваат уште 40 години? - Лелеее, извини не те познав...
Вук гу сретнуе Црвенкапу у шуму и гу прашуе: -Куде идеш бе ти? -Еве чекам муштерију. -Пу да ти е*у ороспију упропасти гу приказну.
Некој маж со жена му секоја година посетувале саем на летала, и секогаш мажот велел “Колку би сакал да се повозам на хеликоптерон…” Жена му, како и секогаш, му одговарала “Знам дека сакаш, ама возење на хеликоптерот чини 100 евра, а 100 евра си се 100 евра”. После многу години, како и порано, го посетувале саемот, и мажот рекол “Види, имам 85 години. Ако не се повозам сега на хеликоптерот, веројатно нема да имам повторно шанса за да се повозам…” Жена му, пак со истиот одговор “Знам, ама возење на хеликоптерот чини 100 евра, а 100 евра си се 100 евра”. Пилотот го слушнал разговорот и им рекол “Слушајте, можам да ви понудам нешто. Ќе ве повозам и двајцата на хеликоптерот. Доколку ќутите за цело време на летот, нема да ви наплатам ништо. Ама, ако било кој каже макар еден збор, летот ќе ве чини редовни 100 евра”. Се согласиле и се качиле на хеликоптерот. Пилотот ги пробал сите финти што ги знаел за да ги натера да прозборат. Вртел, правел нагли потези… џабе, ни збор. Штом го спуштил хеликоптерот, уште не гледал позади кога рекол “Побогу, ги направив сите финти што ги знам и ни збор не кажавте. Секоја чест!” Се слушнал гласот на мажот позади него “Брат, да ти кажам искрено, за малку ќе речев нешто кога падна жена ми од хеликоптерот, ама знаеш, 100 евра си се 100 евра.”
Селскиот доктор имал врска со наставничката. И како што обично се случува, таа забременила. Таа родила машко и му рекла: - Ти си го правел, ти си го гледај! Го прибрал докторот детето. Следниот ден пристигнал селскиот поп: - Докторе, помагај! Целиот сум подуен, ќе експлодирам. Докторот му удрил една анестезија, му направил неколку клизми и го ставил бебето до него. По еден час попот се разбудил: - Како ми олесна, докторе ! И шкембето ми спадна. - Ќе спадне ја. Види што убаво дете роди! Попот се зачудил , но го зел детето. Поминале години. На смртната постела попот го викнал момчето и му рекол: - Сине, имам една тајна и сега ќе ти ја откријам. Јас не сум ти татко. Јас сум ти мајка... Татко ти е поп Киро од соседното село.
Zaljubena devojka praka SMS na telefonot na svojot sakan: Ljubov moja! Ako spies,prati mi go tvojot son, Ako se smees prati mi ja tvojata nasmevka, Ako pak places,prati mi gi tvoite solzi. Te sakam! Deckoto odgovara: Ljubov moja, Seram.....sto dati pratam??????
Дечко:Колку е часот? Девојка.Колку е часот? Дечко:Не ме имитирај :3 Девојка:Не ме имитирај :3 Дечко:Те сакам Девојка:20:54 е