Од кога почнав да возам ролерки ич немав паднато. Си возев, се глупирав... Ама еден ден со една другарка поминавме низ едно мовче, но после надолу е стрмно и има песок.. Јас некако се спуштив ама при крајот зошто бев многу улетана ми се заглавија камчиња во тркалцата и нурнав во длабочините на песокот. Од тогаш ги немам облечено. Страф ме фати, аман! хаха
Ејј, едвај чекам да помине 20 јуни, па да почнам да си возам ролерки...Секој ден ќе биде уживање, шорцевите и маичките на мене, ај-подот во уши и шибајјј
И јас си возам редовно ролерки.. Веќе неколку години и баш нозете не ми се искривени. Ми се стегнува задникот. Интересно е ^^ :]
Скоро секј ден возам ролери...но сега откако си се распустив( официјално за 7 дена(царови)) по цел ден ќе возат ролери(и точак)
Јас како помала возев ролерки ама еднаш со цел памет се пуштив по една стрмна удолница и салто се превртев и паднав на цименто будало детиште за среќа лесно си поминав, ама од тогаш ми е страв и на прав пат да возам
Обожавам да возам ролери, периодов немав воопшто време поради тестови и испрашувања ама затоа од 10ти секој ден ќе возам! На ролери сум толку сигурна колку и без нив, не правам разлика само што ми е многу по забавно Немојте воопшто да се плашите и одма ќе научите (за тие што не знаат..) Инаку, според мене не се ослабнува со возење ролери, што мислите вие?
Многу сакам да возам ролери, и редовно си возам посебно во овој период. Многу е забавно, добро е и за обликување на телото и знам дека цело лето ќе го правам тоа.
Знае ли некој да ми каже колку калории се согоруваат при возење ролери? Дали би можела на тој начин да симнам некое килце -)
Ролери ОБОЖАВАМ! Од 6 години сум на тие чуда....прво имав роушли па после излегоа ролери. И возам си секогаш кога имам време. Почесто ги возам кога сум во Германија куде либето оти таму има убави патеки , рамни и можам да летам со нив а тука нема баш дека , особено во Штип, некако ми е се претесно и улиците ногу пуни со коли.... Иначе и помагат многу во затегнување на горните и долните мускули на нозите. Ке си ги зајакнеш многу. Spoiler сон ми е те вакви да имам, ама многу ударат по џеб
Чичко google вели дека за 60 мин се трошат околу 350-370 калории! И колку појак интензитет толку повеќе се трошат калории, како и за се останато! А јас имам едно прашање (малце глупо ама 4 саат е не ми мисли мозокот), едната ролерка ми е малце поширока и планирам да и ставам влошка треба да е голема колку што е бројот на ролерката или помала колку мојата нога?! Мислам дека и јас се збунив сама себе од моето прашање, нема да ви замерам ако никој не ми одговори.
сите тоа ми го викаат а јас искрено никаков резултат не забележав минатото лето, возев скоро секој ден, јадев нормално ама не ослабнав... ај се надевам дека ова лето ќе има резултат
Па зависи какви, каде.... Убави и квалитетни ролери се од 5000 па нагоре, а можеш да најдеш и за по 1000-1500 денари онака солидни
Од мала сум на ролерки кога возам, уживам едноставно се осеќам супер без разлика што спортувам у моментот