Здраво на сите, Маката ќе го натера човек да бара спас и лек на сите страни, особено кога сите научни и медицински можности ќе бидат искористени. Меѓутоа некои ја искористуваат слабоста и беспомошноста на луѓето. Во продолжение мислење: 1. Душица Кавадарци: повторува карма-аура, тресела глупости и ништо не помагала. Има и од други членови негативни искуства. 2. Марија Кавадарци: знае нешто да бае демек ама не помагала ништо. 3. Ленче Аргулица: глумела светица. Припаѓа на земја, демек во транс е. Омилена и е богата клиентела. 4. Родна Неготино; баела жената. Не барала пари ама не помага ништо нарочито. 5. Дуле Велес: знаел да гледа и се кажува како било, што било. Само да се отвори славата. 6. Горан Велес: имал црквичка во дворот. Давал вода, си замислуваш желба, 3 пати треба да одиш да земеш вода и после да ти кажел што е проблемот за таа желба. 7. Васка Велес: гледа на кафе. Изнудува, си бара пари, демек светците и кажале. Знаела да гледа на кафе, не помагала ништо и клучни работи не ги кажувала. Значи џабе одење. 8. Славе Кравари: знае да гледа ама не сака да помогне. Последниве години многу му бил намален бројот на луѓе што одат оти ништо не кажувал. Најверојатно за да одат луѓето почесто. И се сведува се само за пари. 9. Суада Оѓњанци: жената си бае на олово, не бара пари а колку помага не знам. 10. Славица Куманово: работела на маичка ама имала семејни проблеми со ќерка и, и многу преку ред ги примала. За дали помага не знам. 11. Иван "Исцелител" Куманово: не си трошете џабе време и пари. 12. Оливера Дедебалци: за погодување, погодувала нешто но не знам дали помагала за решавање на животни проблеми. Жените оделе со фустан и маичка се носело. Среда и петок да се постело. 13. Вики Чаир: никако! Само пари изнудување. 14. Маре Петровец: никако! Ништо ни од нејзе. Имало порано некоја баба Родна во Велес. Ниту пари барала, ниту ништо а многу помагала (и жива вадела). За жал не сум прочитала на форумов некој да каже нешто позитивно за некој навистина што помага. Има и многу шарлатани, манијаци, силувачи ко Анте од Лозово кој постхумно беше осуден за силување, ќерка му Силвана демек ќе работела ко него, (двете керќи му биле ку*ветини) брачниот пар од Куманово исто манијаци, оџи што силувале. Така да луѓе пазете се и не одете сами нигде. Земете си придружба. Ако некој има позитивно искуство негде каде што бил, нека сподели. Поздрав и убав ден на сите добронамерни
Lugje,od tuka imam procitano za manastir Sveta Petka kaj kaluzlija, za bilo kakov problem se odi, za rozba, za partner,kavgi,neuspeh,znavi odis i si zamisluvas zelba,ima covek po imw Gjorgji raboti vo manastirot,ke vi dade voda samo kw kazete za sto ste otideni,ke zamislite zelba i ke vetite dar,koga ke vi se ispolni obavezno da odnesete vetenoto!!! Licno imam odeno i fala mu na Gospod si imam zivo i zdravo dete....a toa bajaci gataci so imam odeno ama bas nikakvo fajde osven syo zborat za minatoto i samo sakat pari!
Не, од ракав тресе зелени. Членови од форумов што биле споделија искуство . Појдете , сами ќе процените дали и колку погаѓа.
Бидете будни и внимателни да не паднете во оваа демонска замка Постојат неколку типа на бајачи А. Демонизирани, т.е. под директно демонско влијание: Луѓе кои свесно или несвесно работат под силно дејство или опседнатост на нечистите сили-демони и co нивна помош прават неверојатни чуда, предвидуваат настани, го дознаваат минатото, откриваат скриени нешта и често се мешаат во животите на луѓето и co тоа им нанесуваат штети co неизмерни и непоправливи последици. Многу често таквите губат контрола над себе, го менуваат гласот па и изгледот, во таква состојба кажуваат откровенија за кои подоцна не се сеќаваат. Некои од нив прават многу чуда, летаат во воздух, лечат разни болести, ce’ co цел да ги заведат луѓето и да ги натераат да им поверуваат. Самите тие за себе велат дека „ги мачат светци”, особено света Петка, магично поврзувајќи ја оваа светителка co денот Петок и co постот во истиот ден. Но, света Петка, не само што никогаш и никого не мачела, туку и самата пострадала маченички, а овие сироти луѓе, ги мачи ѓаволот, а не „светците”, како што самите тие се залажуваат. Б. Душевно болни: Најчесто болни од шизофренија и како што е познато, кога не пијат лекарства, добиваат „откровенија”, слушаат гласови, им зборуваат светители итн. Често зборуваат неповрзано, co нејасни и бесмислени симболики, се однесуваат чудно и за жал, луѓето верски непросветлени, кои стојат далеку од Христос и Неговата Света Црква, ваквите појави ги сметаат како знаци дека некој е светител и избраник Божји. Многу често се случува самите овие бајачи да ги навредуваат луѓето, а тие трпат се’, затоа што мислат дека тоа заслужено им го кажува некој Божји човек. В. Перверзни и манијаци: Тоа се најчесто мажи co сексуални настраности, кои, зад маската на побожноста, си ги прикриваат своите перверзии. Некои од нив се промовираат себеси дека исцелуваат бездетност, па многу бездетни парови, сакајќи по секоја цена да добијат дете, одат кај таквите „исцелители”, а овие, имаат веќе разработена тактика: им велат дека само жената мора да преспие во „манастирот” на „божја постела”. И кога ќе остане жената таму, кај бајачот, ја чека сексуална злоупотреба. Некои бајачи имаат и свои помошници, па кога ќе остане жена во манастирот, бајачот ја убедува дека овие луѓе се од Господ пратени за да добие од нив дете, и таа, милум или силум, ќе падне во грев co нив. Некои промискуитетни жени, склони кон прељуба, молчат за овие настани и знаат често да одат кај тие бајачи на „терапија”. Додека, пак, другиот тип на жени, кои никогаш не би го изневериле својот маж, кога ќе си заминат дома, од страв да не бидат оставени од своите мажи, нема ништо да проговорат за она што им се случило и така овие манијаци остануваат недопрени, неоткриени и неказнети. Другиот тип се бајачи-хомосексуалци, кои ги заведуваат младите мажи и деца кои им доаѓаат на баење, некогаш дури и co пари ги поткупуваат, само за да легнат co нив. Тие најчесто имаат презирачки и понижувачки однос кон жените, ги нарекуваат „нечисти”, им се закануваат co казна од Господ, само затоа што тие имале благословени, брачни телесни односи, во кои нема ништо нечисто. Г. Измамници, профитери, манипуланти: многу честа категорија на бајачи, кои заработуваат на маката и болестите човечки. Тие секогаш имаат свои соработници co кои го делат „пленот”. Таквите соработници се мешаат помеѓу луѓето кои дошле на баење и божем си ги раскажуваат маките co другите дојдени страдалници, тие всушност собираат информации, кој од каде е, како се вика, зошто е дојден и многу други информации. И потоа сето тоа му го пренесуваат на бајачот. И тој потоа излегува и пред цел народ извикува: тој и тој човек, од тоа село/ град, кој има таква болест/мака – нека влезе! И веднаш човекот кога ќе си го чуе името и сите тие податоци се вчудовидува од видовитоста на бајачот и се утврдува во верата во него и во баењето. А и останатите присутни се восхитуваат на таквото „чудо”, како бајачот ги погодил сите тие нешта и самите тие уште повеќе почнуваат да му веруваат на бајачот, а не се свесни во каков измамнички круг влегуваат. И веднаш штом бајачот ќе насети дека луѓето му веруваат, почнува да добива „откровенија” и да им кажува колку јагниња да му подарат „за здравје” и колку пари да даруваат, често пати нарачуваат неколку литри зејтин, шеќер, брашно, сол, кафе – „за да се фатело баењето”, a сето тоа подоцна тој ќе го подели co своите соработници и помошници. Овие се многу опасни бајачи, затоа што од маката човечка собираат многу пари и со тоа ги купуваат луѓето кои имаат високи позиции и добиваат заштита од нив (често пати дури и министри, директори, адвокати, судии, полицајци) и надлежните свештеници и епископи не можат никако да ги протераат од црковните имоти, кои овие богоборци насилно ги имаат преземено и осквернето. Често пати, свештениците кои им се противат добиваат и страшни закани од страна на нивните следбеници, а тоа е всушност и најголем доказ дека тие луѓе се богоборци и немаат ништо заедничко co Христос нашиот Бог и Спасител и co Неговата Света Православна Црква. Но, исто така треба да кажеме дека и оние кои одат кај бајачи и гатачи не смеат да се нарекуваат православни христијани, не смеат да се причестуваат во црква, се’ додека не се вразумат и покајат.
Moze li da pisete informacii za zenata od Zagubica, selo Loznica.. imase komentar od dejziii no ne odgovara na poraki
Ауу, колку ги имало. Во 2050-та ќе има повеќе волшебници отколку доктори овде, морам да заминам совреме од оваа вукојебина!!
Каква 2050-та, со оглед на тоа колку повеќе се барани и од доктори, и денес ги има во дупло поголем број од медицински персонал.