Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гатање, баење

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kiki-riki, 21 ноември 2009.

  1. cokoladovanila

    cokoladovanila Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    2
    Здраво на сите,
    Маката ќе го натера човек да бара спас и лек на сите страни, особено кога сите научни и медицински можности ќе бидат искористени. Меѓутоа некои ја искористуваат слабоста и беспомошноста на луѓето. Во продолжение мислење:

    1. Душица Кавадарци: повторува карма-аура, тресела глупости и ништо не помагала. Има и од други членови негативни искуства.
    2. Марија Кавадарци: знае нешто да бае демек ама не помагала ништо.
    3. Ленче Аргулица: глумела светица. Припаѓа на земја, демек во транс е. Омилена и е богата клиентела.
    4. Родна Неготино; баела жената. Не барала пари ама не помага ништо нарочито.
    5. Дуле Велес: знаел да гледа и се кажува како било, што било. Само да се отвори славата.
    6. Горан Велес: имал црквичка во дворот. Давал вода, си замислуваш желба, 3 пати треба да одиш да земеш вода и после да ти кажел што е проблемот за таа желба.
    7. Васка Велес: гледа на кафе. Изнудува, си бара пари, демек светците и кажале. Знаела да гледа на кафе, не помагала ништо и клучни работи не ги кажувала. Значи џабе одење.
    8. Славе Кравари: знае да гледа ама не сака да помогне. Последниве години многу му бил намален бројот на луѓе што одат оти ништо не кажувал. Најверојатно за да одат луѓето почесто. И се сведува се само за пари.
    9. Суада Оѓњанци: жената си бае на олово, не бара пари а колку помага не знам.
    10. Славица Куманово: работела на маичка ама имала семејни проблеми со ќерка и, и многу преку ред ги примала. За дали помага не знам.
    11. Иван "Исцелител" Куманово: не си трошете џабе време и пари.
    12. Оливера Дедебалци: за погодување, погодувала нешто но не знам дали помагала за решавање на животни проблеми. Жените оделе со фустан и маичка се носело. Среда и петок да се постело.
    13. Вики Чаир: никако! Само пари изнудување.
    14. Маре Петровец: никако! Ништо ни од нејзе.

    Имало порано некоја баба Родна во Велес. Ниту пари барала, ниту ништо а многу помагала (и жива вадела). За жал не сум прочитала на форумов некој да каже нешто позитивно за некој навистина што помага.

    Има и многу шарлатани, манијаци, силувачи ко Анте од Лозово кој постхумно беше осуден за силување, ќерка му Силвана демек ќе работела ко него, (двете керќи му биле ку*ветини) брачниот пар од Куманово исто манијаци, оџи што силувале. Така да луѓе пазете се и не одете сами нигде. Земете си придружба.

    Ако некој има позитивно искуство негде каде што бил, нека сподели.

    Поздрав и убав ден на сите добронамерни
     
    На alex17 и Malechka__19 им се допаѓа ова.