Зависи кои ти се критериумите за дечко/маж. Ако сакаш да ти гата за црн дечко поскапо е за плав попусти има, а за оние со зелени и плави очи дупла цена, така нешто беше.
На Ќамиле ѝ однесов слика од Крис Хемсворт, џабе баеше и буцаше игли у куклата со негов лик, ене го, уште е во брак. Избегавајте ја, само парите ќе ви ги земе.
Може не си го нашла вистинскиот, подобро прашај во темите за здравствени проблеми. Слабо е здравството кај нас. Мајка ми 4,5 доктори смени додека најде некој што си ја разбира работата.
Луѓево на оваа инфлација 2000 ден даваат за некој да “им гата”???? И ќе речат, човек кога има проблеми на секоја врата ќе тропне. Очигледно не тропнале на психијатриска врата.