Каква врска има докторката со гатање , баење ? Членката пушти адреса од добар дерматолог од Киликис. Очигледно вам ви се преокупација гатачи , бајачи па реплицирате со иронија.
Читај таа шо се пожали со кожниот проблем, наместо да иде ако треба на сто мислеања од разни доктори, таа реши да проба со надрилекари. Затоа и постов е пишан у тој стил. Неразбирлив е грчкиот, нема превод но постојат начини да се преведе визит картичката.
Членката напиша во темава дека има проблем со кожата! Јас погоре ја цитирав и понудив да отиде кај дерматолог од Грција заради тоа што другарка моја имаше многу проблеми со кожа и само кај неа се оправи. Мислам дека кожните проблеми не би биле решени кај бајачи. Инаку жената знае и Англиски, а и збори по малку и македонски.
Гатањето е сатанска работа али ете попрво ќе речат ВИ дека е сатанска работа отколку овие опасни пракси! Не си ја продавајте душата за евтино ѓаолот кога тогаш ќе си го наплати данокот. Не е шала.
Многу добро прочитав што проблем има и каде бара помош. Но членката и сликна визитка од кожен лекар, а не од гатачка или бајачка. Што значи дека вие упорно го терате муабетот натаму.
Искрено какви такви ама повеќе верувам на нашите доктори отколку на гатачи/бајачи... Може не ја цитирала во соодветна тема, пријави ги мислењата, модераторите ќе ги префрлат каде треба. На бајачи од дете не верувам имам лошо искуство. Баба ми еднаш ме носеше, затоа што се исплашив од куче (ме бркаше куче, вината си беше моја зошто ме бркаше ама се исплашив), морало на бајач да одам од страв поради тоа. Што е најтрагично јас повеќе таму се исплашив отколку од кучето, затоа што, не се сеќавам баш на се, ама знам дека мораше да стојам до врата и со брашно да фрла во мене и многу по страшно беше од кучето што ме бркаше. Така да ако децата ви се исплашат од нешто носете ги на психолог/психијатар (или како и да се вика психолог за деца) не на бајачки!
Ама каде ти се пронајде во било кој коментар, што продаваш памет кој каде да оди? Истото го поддржувам и јас . И даде визитка од добар дерматолог со цел да и помогне. И упорно ми реплицираш. Да не беше ти , не ќе знаевме каде да се обратиме за доживеан страв. Благодарност што не просветли. Колку да се пише нешто .
Со сета почит кон тебе, ама членот што го имаш цитирано е доктор на науки за тебе и пошироката јавност со тие верувања, поздрав.
Така де, така. Ти лично ме познаваш и од неколку поста стекна впечаток околу моите квалификации. И академик нека е, што тоа мене ми значи? Со сета почит кон тебе , ама се уфрлаш, изиграваш медијатор , а без прашање, запрашај се кој одговара не прашан. И со сета почит кон тебе , ама ваков член , без норми на однесување , толку време сум на форумов, немам сретнато. Овде би запрела. Не сме на форумов да се кавгаме и докажуваме кој што е. Кога понижуваш , да не очекуваш да ти премолчам ?