Ако, добро е да има избор. Од правен аспект, во демократска и секуларна земја, и двете заедници треба да ги уживаат истите права. А од духовен аспект, секој човек треба сам да си истражи што повеќе му држи вода. Паганските религии немаат систематизирани верувања и практики, туку се повеќе како фолклор на народни верувања, магии, обичаи, најчесто поттикнати од неможноста на луѓето да објаснат некои природни појави (гром, земјотрес, соништа, халуцинации, болести, психијатриски болести, соочување со смртта) па на овие феномени им измислувале некакви божества, духови, енергии, трансцедентни реалности, принесување жртви итн. Од друга страна, христијанството се темели на директна интервенција на Бог кон човештвото, прво преку Божјите пророци во Јудеизмот, а со кулминација со доаѓањето на Исус Христос преку Кого и Бог лично ни се објави. Разликата меѓу сите религии и христијанството е што во сите религии, човекот се обидувал да дојде до Бог преку разни практики, а само во Христијанството Бог дошол меѓу луѓето. Во сите религии луѓето им жртвувале и жртвуваат на боговите, а само во христијанството Бог се жртвувал за луѓето. Сите религии се темелат на човечката усмена или писмена креативност, приказни, фантазии, усни преданија, без историски контекст за нивните натприродни тврдења, без докази. Христијанската објава е сосема спротивно. Со историски контекст, со исполнети пророштва, со убедливи чуда, со историски докази за Исусовиот живот, дела, смрт и воскресение. Има разлика.
Господ ти дава живот, се што се случува сами си предизвикуваме. Ако ти убиеш ете човек, не го криви господ за тоа (ова беше еден прост пример земен). И мене не ми е јасно од каде оваа никаква твоја желба за живот. Не знам што ти се има случувано, секој си има проблеми ама не можеш нон стоп да гледаш од негативната страна и да бараш спас во бајачи и гатачи. Пробај да не ги бараш бајачите и гатачите, може господ ќе ти помогне од друга страна.
Црковна заедница е нешто што постои со векови уназад и ја има Библијата или СВЕТО ПИСМО,за своја книга по која се раководи,а ова па.ганска заедница е здружение што некој го регистирал со закон.Зошто го регистирал за да легално може да прави пари.Ако е духовна практика на некое верување немало да му треба да го стави во закон ,можеле да си се собираат и да си прават ритуали или дружења.Дечково ке направи пари.Ова ме потсети на КАЈШАРОВ,во Скопје.
Црковна заедница е нешто што постои со векови уназад и ја има Библијата или СВЕТО ПИСМО,за своја книга по која се раководи,а ова паганска заедница е здружение што некој го регистирал со закон.Зошто го регистирал за да легално може да прави пари.Ако е духовна практика на некое верување немало да му треба да го стави во закон ,можеле да си се собираат и да си прават ритуали или дружења.Дечково ке направи пари.Ова ме потсети на КАЈШАРОВ,во Скопје.
А што ти атеист си? Па и во атеизмот имаш магии Како настанал Универзумот? Со магија. Како настанала оваа планета што поддржува и заштитува живот? Со магија. Како настанал животот? Со магија. Како правнуците на првиот едноклеточен организам станале комплексно организирани луѓе со мозок и сл? Со магија. Како настанал моралот? Со магија. Како од хемиските реакции во мозокот се појавува свеста? Со магија. Итн.
Атеисти не веруваме во магии. Според мене секој слободно може да си верува во што сака, само ми е пресмешнооо кога едно верување се става на кантар како поразумно од друго.
И мене ми е смешно кога некој атеист своите верувања ги смета за посупериорни од туѓите верувања и од високо гледа на оние кои веруваат различно од нејзините верувања. Вие атеистите можеби не ги нарекувате вашите верувања „магии“, ама суштината е иста. Се судриле водородот, кислородот, јаглеродот, азотот итн и потоа хокус покус абракадабра и оп настанала живата клетка.