Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Гатање, баење

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од kiki-riki, 21 ноември 2009.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.921
    Допаѓања:
    10.890
    Пол:
    Машки
    Ако, добро е да има избор. Од правен аспект, во демократска и секуларна земја, и двете заедници треба да ги уживаат истите права.
    А од духовен аспект, секој човек треба сам да си истражи што повеќе му држи вода. Паганските религии немаат систематизирани верувања и практики, туку се повеќе како фолклор на народни верувања, магии, обичаи, најчесто поттикнати од неможноста на луѓето да објаснат некои природни појави (гром, земјотрес, соништа, халуцинации, болести, психијатриски болести, соочување со смртта) па на овие феномени им измислувале некакви божества, духови, енергии, трансцедентни реалности, принесување жртви итн.

    Од друга страна, христијанството се темели на директна интервенција на Бог кон човештвото, прво преку Божјите пророци во Јудеизмот, а со кулминација со доаѓањето на Исус Христос преку Кого и Бог лично ни се објави. Разликата меѓу сите религии и христијанството е што во сите религии, човекот се обидувал да дојде до Бог преку разни практики, а само во Христијанството Бог дошол меѓу луѓето. Во сите религии луѓето им жртвувале и жртвуваат на боговите, а само во христијанството Бог се жртвувал за луѓето. Сите религии се темелат на човечката усмена или писмена креативност, приказни, фантазии, усни преданија, без историски контекст за нивните натприродни тврдења, без докази. Христијанската објава е сосема спротивно. Со историски контекст, со исполнети пророштва, со убедливи чуда, со историски докази за Исусовиот живот, дела, смрт и воскресение. Има разлика.
     
  2. FlirtBerry

    FlirtBerry Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2025
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Господ ти дава живот, се што се случува сами си предизвикуваме.

    Ако ти убиеш ете човек, не го криви господ за тоа (ова беше еден прост пример земен).

    И мене не ми е јасно од каде оваа никаква твоја желба за живот. Не знам што ти се има случувано, секој си има проблеми ама не можеш нон стоп да гледаш од негативната страна и да бараш спас во бајачи и гатачи.

    Пробај да не ги бараш бајачите и гатачите, може господ ќе ти помогне од друга страна.
     
    На SummerGirl, MeowMeow, Panda00 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    991
    Допаѓања:
    1.469
    Пол:
    Женски
    Црковна заедница е нешто што постои со векови уназад и ја има Библијата или СВЕТО ПИСМО,за своја книга по која се раководи,а ова па.ганска заедница е здружение што некој го регистирал со закон.Зошто го регистирал за да легално може да прави пари.Ако е духовна практика на некое верување немало да му треба да го стави во закон ,можеле да си се собираат и да си прават ритуали или дружења.Дечково ке направи пари.Ова ме потсети на КАЈШАРОВ,во Скопје.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ani23

    ani23 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    991
    Допаѓања:
    1.469
    Пол:
    Женски
    Црковна заедница е нешто што постои со векови уназад и ја има Библијата или СВЕТО ПИСМО,за своја книга по која се раководи,а ова паганска заедница е здружение што некој го регистирал со закон.Зошто го регистирал за да легално може да прави пари.Ако е духовна практика на некое верување немало да му треба да го стави во закон ,можеле да си се собираат и да си прават ритуали или дружења.Дечково ке направи пари.Ова ме потсети на КАЈШАРОВ,во Скопје.
     
    Последна измена: 23 декември 2025
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.181
    Допаѓања:
    43.732
    Пол:
    Женски
    Ќе ја ставам само сликава како ми звучи дилемата религија вс магии зашто дискусија нема поента
    IMG_7125.jpeg
     
    На theowndemon и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.921
    Допаѓања:
    10.890
    Пол:
    Машки
    А што ти атеист си? Па и во атеизмот имаш магии :)
    Како настанал Универзумот? Со магија.
    Како настанала оваа планета што поддржува и заштитува живот? Со магија.
    Како настанал животот? Со магија.
    Како правнуците на првиот едноклеточен организам станале комплексно организирани луѓе со мозок и сл? Со магија.
    Како настанал моралот? Со магија.
    Како од хемиските реакции во мозокот се појавува свеста? Со магија.
    Итн.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.154
    Допаѓања:
    17.264
    Пол:
    Женски
    Овој да не е @taalicnost, си се рекламираше тука :^)

    Забегани работи :worried:
     
    На SummerGirl, nextredstyle и EvAngelos им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.181
    Допаѓања:
    43.732
    Пол:
    Женски
    Атеисти не веруваме во магии.
    Според мене секој слободно може да си верува во што сака, само ми е пресмешнооо кога едно верување се става на кантар како поразумно од друго.
     
    На SummerGirl, theowndemon, FriendOfDorothy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.921
    Допаѓања:
    10.890
    Пол:
    Машки
    И мене ми е смешно кога некој атеист своите верувања ги смета за посупериорни од туѓите верувања и од високо гледа на оние кои веруваат различно од нејзините верувања.

    Вие атеистите можеби не ги нарекувате вашите верувања „магии“, ама суштината е иста. Се судриле водородот, кислородот, јаглеродот, азотот итн и потоа хокус покус абракадабра и оп настанала живата клетка.
     
    На Mr.Limonko и Wideperpetual им се допаѓа ова.
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.181
    Допаѓања:
    43.732
    Пол:
    Женски
    Можеби живееме во симулација и ниту јас ниту ти сме во право
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.921
    Допаѓања:
    10.890
    Пол:
    Машки
    Можеби многу гледаме филмови како Матрикс? :)
    Види, дури и симулацијата бара Симулатор. Симулацијата не може да настане сама од себе; таа бара програмер, дизајнер и интелигенција која е надвор од нашиот систем.
    Значи, со прифаќање на оваа теорија, атеистите всушност признаваат дека постои „Бог“ (Програмерот), кој е трансцендентен (надвор од нашиот свет) и семоќен во однос на нашите закони. Тоа не е атеизам, туку само замена на терминологијата со цел да се избегне концептот за Бог. А зошто упорно го избегнуваат Бог и секогаш се креативни во се и сешто да поверуваат (ОСВЕН Бог), е тука лежи зајакот :) И Библијата има одговор за ваквата креативност на атеистите. Ама за тоа во друга прилика, сега ќе излегувам. Поздрав!!
     
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.634
    Допаѓања:
    134.746
    Пол:
    Женски
    Едноставно е.
    И двете да се регистрирани пред законот, не се исти.
    Паганството е створение на нечестивиот, религијата на Господ како одговор на првово.
    Паганството те заведува и те присилува да се приклучиш, да дадеш или да жртвуваш нешто. Црквата не те присилува да ѝ се приклучиш, туку остава на тебе да одлучиш.
    Паганската организација те залажува дека со нивните магии одма ќе го добиеш посакуваното. Црквената те потсетува на имање трпение според книгата.
    Тоа што и кај вторава има нечесни работи не е вина на религијата, туку на оние кои ја користат религијата за да ги оправдаат своите злоупотреби.
    Прво, пишувај на кирилица. Правило е на форумов.
    Второ, не смееш да се нарекуваш верник ако веруваш во бајачи и гатачи и им даваш пари. Ти со тоа велиш дека го негираш Бога. Ти можеш да се прашуваш за поповите и црквите, но не си дозволувај да ја губиш вербата во него.
    Ние како луѓе не можеме точно да знаеме што мисли Господ, можеме само да претпоставуваме. Можеби Господ гледа дека го негираш и смета дека твојата верба во него не е вистинита или е разнишана штом умот сака да ги слуша слугите на злото. Бајачите и гаталите не се признаени ниту од законите.
    Застани малку.
    Еве и да претпоставиме дека некаде постои човек со таква надареност, тој човек не би наплаќал за својата дарба ако му е дадена од Господ. Штом наплаќа, тој е користољубив и со манипулација го добива она што сака од тебе.
    Трето, каков проблем и да имаш, мора да почнеш од себе за да го решиш. Често лекот е во самите нас.
    Оди прошетај во природа или во околината на свет објект. Со себе понеси тефтер и пенкало.
    Седни некаде и размислувај за проблемот и можни решенија. Запишувај што ти доаѓа од срцето и визуализирај како проблемот го снемува. По потреба посети и стручно лице кое ќе те насочи како да постапуваш.
    Можеби тогаш Господ ќе ти се смилува.
     
    На FlirtBerry му/ѝ се допаѓа ова.
  13. VSkopje

    VSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Верници сме , па и во црква секако оставаме пари на икони , а за помени, венчавки , крштевки и да не збориме. Колкумина изигруваат големите ми верници, а во душата склучиле пакт со ѓаволот - злобни , и со пелин на јазикот. Зошто не би требало да наплаќа за својата дарба, ако навистина ја има ? Што има денес гратис ? Троши енергија, време. Не велам да се кожодерци, ама една пристојна сума заслужуваат. Некоја верничка немала ситно , дала 500 тка. И чекала кусур , попот ни две ни три "Чедо Божје , Исус нр враќал кусур"
    Често лекот е во самите нас ? Добар виц . Како сега што има зли усти , ѓаволи од луѓе се служат со се и сешто да уништат човечки животи , никогаш до сега. Колку само прилики за мажење /женење пропаднале од зли усти ? Колку вработувања, животи се уништени од магии, клетви и сл? Било некогаш вработување на среќа, брак од љубов. Сега се е човечки фактор. Дали со таа црна уста , поцрна од нив ќе те ругаат да немаш сопатник и пријатели , дали со магии, клетви , мошне успешно менуваат и управуваат со туѓи животи , и затоа ако не верувате, барем не ни држете предавања на темава.
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.181
    Допаѓања:
    43.732
    Пол:
    Женски
    Убав помин :f:
     
    На EvAngelos и theowndemon им се допаѓа ова.
  15. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Машки
    Во најголем процент од случаевите не е никаква магија правено туку бајачиве даваат лажни информации кои ги добиваат од демоните за да ги изманипулираат луѓето да се вплеткаат во нивните гнасотии да прават разни демонски ритуали за ослободување од "магијата" или уште полошо да прават ритуали за да му ја вратат "магијата" на онај што им ја пратил односно да му ја вратат на невин човек и него да го снајде некакво зло.

    Во ретки случаеви дури ако некој навистина вршел магија нема што ние да му возвраќаме и да се одмаздуваме нашата вера не учи да простуваме и да ги сакаме непријателите, им простуваш на тие луѓе што ти согрешиле и се молиш на Бог за нив.

    А магии фаќаат кај луѓе што не живеат воцрковено и литургијски, не постат не се исповедаат и така стануваат лесна цел за некого што на таков начин сака да им направи зло. Но повторно ќе нагласам во над 90% од луѓето што одат на бајач не е правено никаква магија туку се работи за луѓе што секогаш за личните страдања и неуспеси имаат навика да обвинуваат некој друг освен себе а ова демоните и бајачите одлично го знаат и така манипулураат со нив и ги вовлекуваат во нивните нечесни работи и ги наведуваат да прават грев. Магија доколку навистина е правено не се растура со одење на бајач туку со исповед, пост, молитва и живеење литургијски живот.
     
    На FlirtBerry, SummerGirl, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  16. VSkopje

    VSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Многу сликовито опишано , што кажува дека висите по гатачи и бајачи и правите на луѓе , ни криви ни должни , магии во знак на одмазда.
     
  17. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.477
    Допаѓања:
    10.766
    Пол:
    Женски
    господ и магии не се реални, не најдов ниту еден солиден аргумент кој би го поткрепил тврдењето за нивно постоење.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. VSkopje

    VSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Се извинувам, некоја членка од Тетово? По групите споделија за извесна Маријана или Мирјана , во центарот живеела, до општината. Немам повеќе инфо на што гледа , дали помага.
     
  19. uli235

    uli235 Нов член

    Се зачлени на:
    26 јули 2025
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Iskustvo od kamile ima li nekoj
     
  20. VSkopje

    VSkopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2024
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
    Ве молам некоја членка од Крива Паланка и околината?