Сакам да прашам...? Според мене не е,уште малку ќе биде средина на октомври а чинам дека претходните години уште од септември некои носеа чизми.
Рано ли е за ова амааа на чоении мислам? Си прашувам пошто денес измрзнав а незнам да не е рано го носам
Според мене рано е и за ови угг и за високи чизми, а особено за капутов погоре.Особено што од утре се стоплува веќе. Сега е супер време за салонки, патики, кратки чизми, кратки палтенца, полесни јакнички, марами, пончо итн.
Требаше ваква тема. Ја преплавивме СДП Според мене рано е за угг, за високи чизми и за капутчиња. Времето ми е совршено за кратки чизмички, патики, кожни јакнички и други видови не многу дебели јакни. За балетанки веќе е доцна, а и да не е јас не би облекла во никој случај, со патики ми е ладно. Салонка за вечерно време да.
Spoiler А моето мислење зашто не ми го префрлиле тука?? Според мене не е рано за ништо, ако ви е ладно. Нема смисла да се мрзнеш затоа што е рано, а надвор се зимски температури. Јас денес си носев кратко капутче па пак смрзнав, што да правам ептен сум зимурлива. Утре нема некој што ќе пројаде го*ма (со извинение) дека не е време за тоа и тоа да ми носи супа и чаеви во кревет, така да не ме интересира дали е 10ти октомври или 28ми април ако надвор е 8-9 степени.
незнам дали сте забалежале но кога би погледнале пошироко во европа, ќе забележите дека сите девојки и во лето носат Чизми, знаЧи за Чизмите нема созона, тоа е мода знам жешко е на сред лето да облеЧеш Чизма, но многу девојки тоа го прават.
Време е сите да ја смениме летната облека доста уживавме разголени, на кратки панталончиња , фустани и сукни, сега е време да се стоплиме. И нее рано за ништо , само ако ние се чуствуваме удобно и топло .... јас веќе си ги извадив зимните џемперчиња .... ПС: едвај чекам да си ги облечам
Јас носам едни кожни старки и ме топлат. Ама сакав угг да ги носам со едни пантолони, па затоа си прашав, да не е рано. Инаку, од утре малку ќе се потстоплило, ама сигурно не како пред некоја недела... Ќе си ги носам чизмиве на температури како денес, штом вие велите така. Spoiler Јојоба, изгледа мислењето ти било напишано пред да се отвори темата, и ако е префрлено, ќе испаднеше како ти да си е отворила, не јас.
Имам ново капутче, лила боја е, дебелко, под гз ми е. Е сега, утре си одам за Ск, таму студирам, дали да го земам се мислам И дали му дојде конечно времето да го извријам м?
Утре и задутре ќе се потстопли, ама од петок пак ќе биде 13-14 степени, навечер сигурно и поладно така да земи си го
И јас си ја променив летната гардероба со зимска, спремна сум за ниските темератури и денес појдов на работа со потопла облека! Сепак ми се чини дека не е време за високи чизми и долги капути! Оваа сезона ми е повеќе за салонки или кртки чизми,за патики, кожени јакни, подебели чемпери и сл! Сеуште ми е прерано за високи чизми иако денес забележав многу девојки дека ги носат! Но не ми е смешно доколку видам некој потопло,да не речам зимски облечен бидејќи навистина температурите се ниски! Јас ќе си истраам уште малку со есенска облека па за неделе/две ќе почнам со зимската ако вака продолжи времето!
Абе нема рано не рано, ако ти е ладно облакај се, нема да мрзнеш сигурно само зашто е "рано" за капут А надвор овие денови поготово навечер е фризинг Да ви кажам вчера - завчера видов луѓе со шал и ракавици во центар, па никој не ги гледаше чудно Јас не би размислувала дали е време за Uggs, дали е време за капут, би си облекла без двоумење
Јас порано гледав дали е време, сега гледам да ми е топло. Шта чеш, годините тие се Многу се разболував порано, баш поради ова-еј да не е срамота да излезам со јакна. А јас сум зимурлива и ладно ми е. Така да, ако ви е ладно да се облакате, инаку ќе прашувате после што да пијам за грлото.
Ко што сум јас зимурлија, и малку ветер да задува, јас се тресам. Што да правам, кога не поднесувам ладно ни малку. Ете, време или невреме, јас денес си носев капут и ме грееше, и ми беше таман. Значи луѓе, кога временски прилики/неприлики се во прашање, не знам зошто упорно треба да се тера мода. Ако ви е ладно, ќе си се облечете тамански, како што личи на времето. Како што прочитав од Марамка, подобро чизми на времево отколку балетанки да ти смрзне ногата. И п.с: Сеедно дали утре ќе стопли или не, ако денес било 6-7 степени.
Добро, ако ви речеме рано е вие нема да го облечете палтото и ќе смрзнувате?? Според мене никогаш за ништо не е рано. Ако ми студи облекувам палто, чизми, ако треба и шал и капа ќе ставам. Ако ми е топло и маичка на рамки ќе облечам... Нема тука рано, касно, има студи и не студи. Мене времево ми е есенски палтенца, марами, кратки чизмички, патики, салонки... Ова сега, какво што беше денес на пример. Е сега, има зиморливи личности на кои сега им студи и нормално е да се облечеш согласно како се чувствуваш (колку ти студи). Затоа облечете се во она што мислите дека ќе ви биде топло и удобно, не во она што некој ќе ви рече дека е време да се облече!