1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ден пред испит

Дискусија во 'Образование' започната од katka-slatka, 8 јуни 2010.

  1. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Све ми смета тогаш, нејќам никој да ме вознемирува, баш пред испитот историја, нешто ме напна дечко ми, концентрација сведена на нула, се напнав, му реков дај смири се, извини се, само врати ми ја концетрацијата назад! И бидна така. :D
    Значи мразам кога луѓето ме замараат тој ден со глупости, и во продавница таа свињата ќе ме напне, ќе треба да се колам таму со некој пошто полагам нареден ден.
    Тој ден и вечер, и сабајле пред испитот го повтарам цел материјал, некад некоја залутана тема ако ја имам така малце чепнато ја учам тогаш. :tmi:
    Сфатив дека не можам да одам така ненаспана воопшто, пошто стварно мозокот ми е на stand-by тогаш, и спијам само 2 саата максимум 3, тоа е обично од 02:00-04:00 си давам фора до 04:30, после тоа ко некое зомби сум, ама најубаво ми влага тогаш во памет, пијам Нес, го доповтарам, и више кога доаѓа смртен час мене ме фаќа сафра, не можам веќе да повтарам, трескам книга, пуштам музика да се олабавам, се спремам и хурееееј одам на испит. И таму 9872847903 теми ќе се свртат пред да се влезе на свечениот чин, чисто онака ќе ме потпрашаат некои колеги: А што беше ова? А она што беше? Ај кажи ми на кратко за тоа. И тогаш сфаќам дека све знам, и идам ко највечи фраер у маало на испит, разбираш. 8)
     
  2. Allthatglitters21

    Allthatglitters21 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    288
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно-Никогаш поише! Пробав, паднав денес се уверив!!
     
  3. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    ауф, днот пред испит мислам дека мозам да науцам најмноу...иако секогаш не е така. Најчесто до тој ден се ми е научено, па тогаш повтарам, нешто прашања ако имам читам (со надеж дека ке ми се паднат). Порано бев многу нервозна на ден пред испит...сега...веке сеедно ми е некако. Само да помине...и да положам :P И обавезно спиење, бар 3 саати
     
  4. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    Ден пред истпит обично доучувам тоа што сум изоставила, па повторувам се.

    Е сега има друга се почеста ситуација, кога ден пред испит јас се запознавам со материјалот, тука следат дерења, паники чуда :)
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Никогаш не учам ден пред испит, мое златно правило, кое се покажа доста функционално во претходниот семестар. :!: Било колоквиум, било испит, се знае кога се учи. Имаме и повеќе од доволно време за се да се стигне навреме, ако се сака.

    Јас обично два-три дена пред испит се потресувам, повторувам што не знам, гледам да потчитнам уште нешто или да решам уште некоја вежбичка. Дента само повторувам еднаш онака бегло, и затворам книгите. Па вечерта се лакирам, си гледам филм и смирувам колеги во фрка. :D Па кај полноќ гледам да си легнам, да отидам на полагање спиена 8-9 часа. Е тогаш најдобро ми е, се е како што треба.

    А да учам ноќта пред да отидам на полагање?
    Нема теоретски шанси, јас не функционирам ненаспана. :)
     
    На AnimeHQ и starfish им се допаѓа ова.
  6. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    3.211
    Пол:
    Женски
    Јас задутре полагам, а имам толкава треба што ми се чини утревечер нема да заспијам.. Не е крај на свет ама јас така го сфаќам тоа.. Доста тежок предмет а навистина не ми оди, така што резултат - слабо.. :(

    Учам ден, два пред испит и обично добро запамтувам ако сум го сфатила здраво материјалот.. До сега немам тупено многу време за спремање на некој предмет, бидејќи брзо памтам па да видиме што ќе направам задутре.. :)
     
  7. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Ден пред испит се швркнувам!
    Хиперактивна сум, се смеам како недозреана и одам во веце 5 пати тој ден |(
    Учам до 2 сабајле, и станувам во 4 утредента да преповторам пак.
     
  8. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Морам да ви раскажам една случка од моето патешествие, кога го преживував во најголемите маки пеколниот ден пред испит.
    Бев прва година на факс и ми останаа два тешки предмети за чистење година. Еден од нив ни го држеше угледна госпожа членка на МАНУ, која инсистираше на испитот да дојдеме нашминкани и дотерани (буди бог с нама). Не дека шиев посебно комплетче за тој свечен чин, но внимавав да не отидам со подочњаци до колена како панда, како што знаев да се појавам на испит.
    Требаше да се полага во понеделник во 9.30ч. Дремевме до кај 2 ч, а од професорката ни траг ни глас. На крај дојде асистентката и ни кажа дека испитот е одложен за утредента. И утредента иста приказна, го префрлија за задутре, за да на крај испадне дека ќе полагаме во петок. Решив да не правам екскурзии лево-десно и останав кај една колешка да преспијам во Скопје.
    Се вративме од факс, полуспиздени, зашто денот пред испит стана цела недела и истиот стрес го преживуваш неколку пати, но на колешка ми, некако и баш не и чуеше многу за полагањето. Јас се затворив во соба и читав до вечерта. Едно време почна да ме фаќа напад на некаква нејасна паника и се јавив дома. Плачев на телефон како некој цревата да ми ги вади: „ Татоооо, не можамммммм, лошо ми еееее...не сакам да полагаммм, ми се повраќаааааа“ [​IMG]
    Човекот беше избезумен, ме тешеше, а ја рикам како магарица на мост. Се потсмирив малку и пак ја грабнав клнигата.[​IMG]
    Кога влезе колешката во соба, ми рече дека мора малку да излеземе да се смирам и кога ќе се вратиме пак ќе учиме заедно. Излеговме и таму останавме.
    Прво у New Age, џапнавме по некое црвено вино, па после продолживме у еден кафиќ со караоке забава. Почна едно пиво, па друго, па трето, па којзнае кое по ред, штом со цел памет јас излегов, го грабнав микрофонот, па кога фатив да завивам како волк на полна месечина, онаа песната од Бајага „Воз“!
    Се дерам ко луда: „ Није водка, ракијаааааааааа, мада ноќас удараааааааа, туга ми је великаааа, велика ко Русијаааааа....“ [​IMG] [​IMG]
    Аууу, братче мили, се одземав!
    Што ќе се вратиме у станот, накај 4 саат сабајле беше! Легнав, а во главата уште ми бучеше некоја недефинирана мелодија.
    Како станав у 7 ч, не знам, знам само дека колешката никако не успеав да ја разбудам, се одвлечкав до факсот, испив кафе и чекав да почне испитот, таква мамурна...
    Негде околу 11ч. дојде асистентката и рече дека професорката и овојпат нема да дојде, но дека наместо неа, оваа ќе го држела испитот. Влегов прва и излегов со осмица. Па посреќна не сум била у живот. Се отрезнив за секунда кога ми ги даде прашањата, си ги одговорив и довиџења молим лепо :emo:
    Кога се вратив по стварите, оваа уште спиеше, се спакував и пат под нозе дома.
    Во наредните три години вакво нешто више не ми се случи, ама од искуство сфтив дека мозокот ден пред испит сака одмарање, не замарање.
     
    На tamche995, Ema.Sk, Annie.mk1 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Amen to that!
    На ненаспан и неодморен мозок не се полага! - ама оди објасни им на сите што запнале дека ден пред испит ќе научат.
    Еве јас полагам и утре и задутре и во петок. Лабава сум максимално, си спијам убаво, а одвојувам само 2 часа дневно со кафе да прелистам низ потсетниците. И тоа е тоа.
    А колегиве, што се потресуваат и не спијат по 3 дена, доаѓаат мртви, без концентрација, и имаат послаби резултати. Има и некои што паѓаат, од умори и недостиг на концентрација.
    Мене телово не ми работи, па камо ли мозокот после полноќ, па да земам книга во рака.
    Затоа си се држам до златно правило. Колку примил мозокот до денот пред испит, толку ќе има и на испит. И до сега, фала му на Бога, не сум паднала ниту на испит ниту на колоквиум. :)
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  10. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    И јас сум иста како Старфиш. Денот пред испит скоро и да не фаќам книга. Учам по саат- два, набрзинка прелистувам страни, се потсетувам. Ако јас не сум научила добро претходно, џабе ми е и цела ноќ да не спијам.
    Ако полагам сабајлето во 8 да речеме, во 10- 10 ипол сум во кревет. Па фино сабајле станувам свежа, се потсредувам троа да личам на човек, и пат под нозе.
     
  11. VittoriaKitty

    VittoriaKitty Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Денот пред испит може да биде и весел, наместо стресен. Се зависи од тоа како сме го организирале, испланирале и реализирале материјалот и времето за учење. Најдобро е денот пред испит да се помине во друштво. И на испит се иде со мислата „Све си знам, све си знам!!!“
     
  12. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Баш сум релаксирана, книга немам фатено, ама некако имам чувство дека ќе го средам како што треба :lol:
     
  13. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Се‘ можам да правам освен да учам до доцна. А пак цела ноќ или 2 часа пред полагање, никако. Можда паничам, почнувам да се тресам и да ги предупредувам моите дома дека ќе паднам, но сето тоа мора да прекине во моментот кога ги добивам прашањата. Е тогаш си правам онака Бррр брррр како на High school musical оние братон и сестрана, се опуштам и давам се‘ од себе. Си учам значи редовно, зашто знам дека ако оставам нешто за 5 до 12, лошо ќе ми се пишува. Вака е првава година, за понатаму ништо не гарантирам.
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Дента пред испит, повторувам и доучувам и само си повторувам ее, голема работа, што биде, биде, а претходните денови сум се убила од нервоза :D И најчесто тој ден учам мноогу малку и несконсцентрирано, не знам зошто така.
     
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.598
    Допаѓања:
    23.105
    Пол:
    Женски
    Ден пред испит ми е само за повторување и разлистување на материјалот, еднаш до два пати, максимум.
    После,пред да легнам или пијам бедоксин или гледам да правам нешто друго да се релаксирам,затоа што досегашното искуство ми покажало дека ако не направам тоа,качувам температура вечерта ОБАВЕЗНО,и не сум наспана после.
    Легнувам до 12,никогаш не сум останала покасно да учам/повторувам,без разлика дали е ден пред испит или општо.
    А најважно ми е да се наспијам и да ми е бистар умот, ми се чини тоа е дури побитен фактор од тоа да ми е преповторено се неколку пати.

    Или друга варијанта, ден пред најтешкиот колоквиум, еве сум на фемина,губам време. Побогу. :headbang:
     
    На Allthatglitters21 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Ден пред испит ааа посебно пред овај испит што ми е утре...ме фаќа паника...зошто книга немам фатено :( :?: :|
     
  17. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Денес ми е ден пред испит и цел ден учам. Порано само утрото ќе си повторев и цел ден ќе си уживав ама сега како што ич не ми се учи многу голем дел оставам за последниот ден и по цел ден кукам камо да имам барем уште еден ден :)
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Ако не се чувствувам доволно спремна, ме фаќа паника и нервоза.
    Се обидувам да се смирам, да медитирам, и кога ми е испитна или колоквиумска, секогаш ми доцни менструацијата заради стресот.
    Го повторувам материјалот, читам прашања, белешки, се консултирам со колешките, и вообичаено останувам до доцна навечер.
    Во однос на спиењето немам проблем - можам и со 3 саати спиење да отидам на испит и да положам. Пијам јако нес сабајле, јадам благо и немам гајле.
    Ама затоа кога ќе си дојдам дома... почнуваат да ме маваат тахикардии, чувствувам дека ќе ми експлодира главата и морам да се истуширам и да легнам да одморам.
    Воглавно, за време на испитни сесии и колоквиумски - целосно се пореметувам. Не знам зошто.
    Нередовно јадам и спијам, станувам многу нервозна и раздразлива, и лесно некој може да ме извади од такт.
    Па затоа, откако се ќе заврши и можам да се смирам, бегам од дома и одам некаде за да одморам.
     
    На tamche995 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Не паничам многу.
    Затоа што ретко кога имам теорија, најчесто решавам задачи или цртам со некого во друштво цел ден :)
    Ништо посебно.
     
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Денот кога ќе го научев минимум 20% од материјалот за испит. :D

    Паниката се`уште ми трае од претходниот ден, а ја снемува штом ќе ми го дадат тестот - барем се помирувам со тоа дека нема бегање, повеќе можам да добијам ако седам, отколку ако си одам :D