Ги препознавам твоите симптоми кај себе, и мене многу често ми доаѓа потреба да се откажам од работата затоа што во таква состојба апсолутно сум бескорисна и едноставно ми доаѓа само да кренам раце од се, да се затворам и да се одморам. Но ФАКТ - тоа не е решение. Сум била на психијатар и не велам дека психотерапијата во комбинација на лековите не може да помогне. Напротив мислам дека тоа е брзо и ефикасно решение. Но од некои причини мислам дека потемелно и почисто ќе го решиш проблемот ако сам се бориш против него. Се чувствувам лошо особено во последно време, од ден на ден е полошо и потешко, ми доаѓа инстантно да се јавам на психијатар, да закажам термин и да завршам со измачувањето. Но ќе истрпам некоја минута и дознавам дека со многу пот и мака проблемот има излез кој сам можеш да го најдеш и да се извлечеш од ова како вистински борец. Се тресам додека го пишувам ова затоа што и денов беше напорен и под протисок, но нема никаква причина да не верувам дека сепак можеш да се избориш против ваквата состојба. Едно е кога ти сам ќе ги скротиш твоите демони, таа победа ќе биде еднаш засекогаш извоена. Можеби грешам. Останува да се види.
мал совет до сите кои имаат депресија прво и јас ја имам.седам нонстоп дома во 4 зида со две деца со еден куп проблеми кои немозам да ги решам бидејки независат од мене.станав нервозна без пријатели дебела ..... РЕШЕНИЕ за дебелината поцнав да везбам и да дрзам диети а планирам и да купувам апцинја. за проблемите седнав и на бел лист написав се сто сакам и сто треба да го исполнам како цел за другари поарно еден отколку милион лажни кои се радуваат на мојата мака. кога ви е теско излезете шетајте друзете се одете на шопинг по излози или во некој парк каде има многу народ
еден совот од мене не дека не сум била и јас тажна или депресивна, но самите ние треба да промениме нешто во нашиот живот, да отстраниме се она што не прави тажни, невесели и ни зема ененргија. пр. јас сум дебела, но самата си кажав стоп, пред една година ослабев 12 кг, а целта ми е барем уште толку и сега моментално сум на диета, за да растргнам лоши мисли најчесто пешачам минимум 5 км а некогаш и многу многу повеќе. не се присетувајте на оние нешта кои ве прават тажни едноставно исбришете ги од вашата меморија, како на компиутер п.с. не се затворајте во себе, кажете она што ве мачи на најдобрата пријателка а која е таа ако не мајката поззз до сите и имајте убав и весел ден
Не знам што да кажам.Кој осетил знае.Мојава ситуација не знам како да ја опишам ама знам дека ми доага да станам и да си отидам некаде далеку каде што никој нема да ме најде и да почнам нов живот.Ама каде да одам? Каде смеам да одам? Никаде.Ке седам дома помеѓу четри ѕида,насабјле во школо,ке си дојдам и секој ден така.Добро ке беше барем да добиев добри резултати од моето учење,ама не џабе учам кога не ми е судено да имам добри оценки.Сакам да излезам да прошетам надвор,да се дружам да заборавам на се,ама со кој? Со некој што пред мене ми се лигави,а позиди грб ме оговара.Не фала. Единствен лек,песна и плачење.Тоа најубаво.Така јас наоѓам спас.Откако убаво ке се изнаплачам апчиња ке се напијам и на спиење.Утредента,одново,повторно.И апчиња помагаат.Мојот психолог ми ги препиша,мајка ми ме тера да ги пијам,секако пијам повеке,но не е важно,важно ми помагаат.Од поголема количина лесно може да заспијам,иако не се за тоа наменети. Не знам дали е минливо,дали е само период,ама веке стварно ми е смачено.Сепак ке издржам уште месец-2.
Искрено - апчињата не се лек особено не кога се пијат неконтролирано и кога патем се убиваш со нив, си го убиваш деноти а со тоа и животот. Таков лекар кој ти го овозможил тоа не е лекар. Што ти е дијагнозата? Сигурно постои подобро решение наместо да се клукаш со антидепресанти додека не се изгубиш. Дечки, ако ве интересира јас би можела да образложам онака површински дека депресијата не е состојба на избор, затоа што да сте ја доживеале барем еден ден ќе знаете дека човек никогаш не би си го избрал тоа ниту за себе ниту за другите. Депресијата е животен проблем, а поконкретно од тоа - депресијата е проблем на идентитетот. Сметам дека секоја депресија е различна затоа што мислам дека има различни причини за нејзина појава кај сите кои страдаат од неа. Но во секој случај тоа е проблем цврсто врзан за идентитетот на поединецот, сиптомите толку зараснале со личноста што таа се поистоветува со нив: почнува да се смета за затворена, интровертна, некомуникативна, непостојана, неодлучна, несигурна, екстремно емотивна, неспособна да се одбрани, неборбена, па понатака и трагична, безнадежна, необична, специфична .. и.т.н. Ова е дел од депресивното бунило, многу е поразлично од реалното воочување на светот, депресивното бунило е свет скроен по сопствени правила и емоции и е нешто слично на шизофренија само што свеста кај депресивниот се уште е изразена и се уште функционира. Кај депресијата исто така е специфично тоа што поединецот константно се напаѓа себе, наместо агресијата и нервозата која често ја чувствува да ја манифестира надвор кон околината, кон надворешните луѓе и предмити, тој ја акумилира и ја чува во себе, па доаѓа до себенапаѓање со што бездната на саморазочараноста се продлабочува. И така натаму, комплексна психичка состојба и многу раздразлива.
И да не чујам повеќе „ќе издржам уште месец-два“, ќе издржиш додека траеш затоа што твојот живот вреди да се бориш за него, разбрано?
Психологот ми рече да пијам два пати во ден по едно и од едните и од другите,ама не сметам дека ке има проблем ако ги пијам по неколку.Најмногу ги пијам додека сум во школо и навечер,но досега немало некои негативни работи затоа сметам дека не е проблем. Не знаеш како е да си во просторија со часови каде што мораш да трпиш секакви навреди,а притоа да не можеш и не знаеш како да им вратиш,да ги спуштиш на земја.И после кога ке дојдеш дома да слушаш разни коментари и како за ништо не те бива,како за џабе мајка ти те родила,дека си родена само за бељи...и тоа од родителите...кога си во школо не си на раат,кога си дома бетер,но што кога морам да ги слушам и трпам,и така немам каде да одам,а и не смеам.
Не, знам многу добро како се чувствуваш и колку е тешко да го истрпиш тоа. Но мораш да се браниш, одбрани се од секој кој те напаѓа, вклучително и од самата себе. Не мора тоа да биде одман одбрана преку контранапад, почни со тоа што нема да дозволиш тоа да допира до тебе. Знам дека е тешко, верувај добро познато ми е она што го чувствуваш, и најреално, наијскрено ти кажувам дека мораш да се направиш имуна на тие напаѓања и навреди. Не им дозволувај да те повредуваат, кога ќе можеш врати им на навредите, немој неразумно, не си дозволувај да емоциите да надвладеат и да изгубиш контрола, па да почнеш да се дереш и да викаш и да го истуриш се она што си го чувала, затоа што тоа е големо искушение и некогаш многу сакаш да го направиш тоа, само што ништо нема да реши. Обидувај се сето тоа да го прифатиш смирено и разумно. Навредите не те повредуваат, те повредува тоа што им даваш значење, тоа што ги прифаќаш и тоа што почнуваш бесмислено да се согласуваш со нив. И проблем е ако пиеш по неколку апчиња, терапијата е таква каква што е, дозата е строго одредена и тоа што ја пречекоруваш е недозволливо. Кои лекарства ги пиеш и која дијагноза ти ја припишаа? Морам плус да додадем дека и да немаше напади и навреди од надвор, тоа не значи дека немаше да имаш повторно проблем со депресијата. Психозата е таква што те прави разочаран, потиштен, осамен без разлика дали некој тоа ти го причинил или не. За депресијата не можеш да обвиниш никого, нормално не можеш ни сам себе, за навредите и нападите од другите луѓе се разбира можеш да ги обвиниш нив пошто се кретени и идиоти, ама тие не се причина за твојата состојба. Причината е во тебе. Тука уствари имаш два проблеми кои не мора да се поврзани па да очекуваш дека кога едниот ќе се реши тогаш автоматски и другиот ќе биде решен. Но ако успееш да ја пребродиш депресијата тогаш другиов проблем со околината ќе ја изгуби големината и ќе биде многу полесен за решавање. Модератор: Не испраќајте неколку мислења едно по друго, користете го копчето редактирај за дополнување на постот.
Depakine и Asentra за емотивност,чувствителност.. ми ги препиша.Ама како бедоксин се, затоа и да испијам по 7-8 дневно не е лошо.
Здраво! Јас не сум во депресија. Сум била, но многу кратко траат моите депресивни периоди. Брзо излегувам од депресијата можеби бидејќи сум млада, можеби е бидејќи имам секојдневни обврски кои ми ги одвлекуваат мислите од проблемите, а можеби (или најверојатно) бидејќи во секој од тие депресивни периоди сум имала по некоја личност која знае како да ми помогне. Е сега, во ситуација сум во која јас треба да помогнам некому. Но не знам како. Она што го знаев го применив, но ништо. Проблем е и тоа што немам доволно слободно време за да и‘ го посветам на личноста што е (ми се чини во длабока) депресија. Она малку време кое го поминуваме заедно јас само слушам поплаки, и лоши сеќавања од минатото. Буквално само на лошите работи се сеќава. Дури мене успева да ме растажи и огорчи. Има денови кога можам да ја видам - но не сакам (немам сила да ја тешам, чинам јас ќе се расплачам заедно со неа). Сум рекла: немој да мислиш на лоши работи, сети се на убавите моменти, сум рекла: излези, прошетај, испешачи, оди по продавници - немој да седиш дома, немој да размислуваш, сум се обидела да раскажувам случки од работа, од ваму од таму - да и го свртам вниманието од нејзините проблеми и пак ништо. Кога сум на работа, ја барам телефонски (колку што сум во можност), и кога ќе чујам дека гласот не и е добар и ќе прашам: што ти е? - ќе почне да ми раскажува и да се вознемирува (а притоа и јас се вознемирувам бидејќи по телефон не можам ништо). Многу сум загрижена. Ми се чини ќе се разболе. Ах да можам сите проблеми би и ги решила, само да ја видам да се смее како порано. А вака кога раскажува за минатото, чинам само лоши работи преживувала кутрата. Зарем толку нема ништо убаво, ништо светло во нејзиниот живот? Да ја мотивира, да не се самоуништува? Еве сега јас се вознемирив... простете. Ако има некој некој совет, нека каже. Ги читав сите позитивни размислувања и се согласувам, но едноставно таа не размислува позитивно. Илјада пати ми има кажано дека да има каде да замине - ќе замине . Многу ми е тешко кога го слушам тоа.
Излезете со друштво, запонавај ја со нови луѓе. Гледај почесто да бидеш со неа и отргни и ги лошите мисли, започни друга тема кога таа ќе почне да ти кажува за своите проблеми.Кажи и дека има семејство, пријатели кои се со неа и ја сакаат и дека нема потреба да се потресува за неважни работи. Тоа што се случило било во минатото и кога тогаш треба да се заборави. Ќе биде тешко, но некогаш ќе мора. А инаку колку години има другарката?
Шизофренијата слична со депресијата , скраја да е, далеку од тоа дека е слична, немој така уште толку ќе створиш немир, едно е депресија друго е шизофренија.
Јас мислам дека не треба да се пијат тие апчина, затоа што тие не лечат, не се против болка Тие се само измислени за да профитираат некои фармацевски компании Гледајте исполнувајте го денот со спорт, запишете се на фитнес, аеробик + имате можност да запознаете и нови личности, а можеби ќе се родат и нови пријателства
Па премногу е тоа ,јас пијам Асентра едно на ден и тоа не сакам да го пијам ,па овој лек не е како Б6 ,овој лек е јак и посериозен како можеш толку таблети да пиеш на ден знаеш дека ко ке ги откажеш какви тешкотии ке имаш,не си играј докторот арно ти препишал по едно на ден .
немој да пиеш по толку апчиња тоа е премногу штетно ќе си го зезнеш желудникот многу убаво ќе го надразниш партал ќе го направиш па уште поголеми работи да си отвориш со желудникот. доктор си е доктор најдобро знае по колку треба да се пијат апчињата не си играј на своја рака да зимаш по толку многу. можеби ти е подобро да ама мислам дека повеќе ти е од самата психа тоа да мислиш дека од апчињата ти е подобро. не потклекнувај,знам дека е лесно од наша страна да ти го кажеме ова пошто не сме го доживеале но сепак обиди се за се постои решение. пробај запиши се на некаков курс,јога,аеробик,зумба ќе се дружиш ќе склопиш нови пријателства. секогаш нештата можат да се решат само треба да се обидеш среќно
Пиј ја асентрата како што ти е одредена, и јас ја пиев пред околу 2 години, само 3-4 месеци и во тој период почувствував блага промена, ама мое мислење е дека се може и без тоа, во поедини ситуации. А и мислам дека терапијата треба да се зима паралелно со психотерапија, тоа е дел од процесот на лечење, апчињата се само наполу завршена работа.