@sweet-cherry Дали треба терапија во смисол дали ќе требаат лекови, right? А во случај да не ти препише ништо, дали продолжувате со разговори или толку, не одите веќе?
Да да на лекови терапија мислев. Сеа сфатив дека тоа беше малку двосмислено Инаку има некои ај да ги наречам полесни случаеви каде што сметаат дека може да се средат работите со неколку сесии и разговори ама мислам дека можно е и да упати кај психолог, зошто психијатарот се занимава повеќе со медикаментите.
Кај мене лично (ваљда сегде е така) бев на психијатар и збориш со докторот. Според тоа он гледа нели што ти е и исто мене ми даде еден тест, и резултатите беа исти со тоа он што го мислеше, т.е депресија и така анксиозност малце, ама главно депресијата беше нагласена. Според тоа ми одреди терапија, и ми закажуваше пак прегледи за да види како реагирам на лекарствата, да не имам некој контра ефекти и слично. Искрено јас сама и прекинав да идам, и се се канам на друг психијатар да идам ама никако да се решам. Зашто кај што бев не сум задоволна воопшто. То е то
кај мене докторот најпрво проба само со разговор, ваљда не сакаше да ме клука со ад од 20 години, ама ништо од разговорот, јас паднав баш во депресија, а и незнам колку од вас тука знаат за вистинска депресија, она кога ни ти се јаде ниту пие, не ти се прави ништо, душата празна, тоа тешко се опишува со зборови... е кога виде и докторот во колку лоша состојба сум ми препиша ад и седатив, си пиев 4 години ад, и тие години постојано бев во контакт со докторот, имаше денови кога и покрај терапијата ми беше мн лошо, во секој случај комбинацијата на ад, седтив и советите од докторот на мене многу позитивно влијаеа, сега сум во одлична психичка состојба без ад веќе 4 месеци моментално пијам само 1/2 хелекс од 0,25мг, сакам да го оставам и него ама сеуште не се осеќам спремна. Ако има некој да даде некој совет, нешто да ми препорча на природна база па да си го продолжам животов без хемија
Како да препознаам дали е депресија или не..Веке неколку дена сум мн нервозна по цели денови само плачам а и јас не знам зошто но ете така ми иде не сакам а солзи сами течат..Се ме нервира околу мене не сакам никого да гледам не можам смирено да разговарам се дерам ко луда можам да кажам..Плус вртоглавици главоболка овие денови
однапред да кажам дека не прочитав се ама за депресија има лек .... Ќе си земете рицинус една лажичка на ден ќе спротера све и нема да имате депресија ... ШЕГА ШЕГА мислам дека позитивните мисли и смеењето можат многу да помогнат па затоа ви предлагам Викенд на мртовци Сомнително лице - Охридска Варијанта солунски патрдии
Се чуствувам ужасно.Веќе една недела не мрдам од креветот. Само лежам и слушам музика. Пред една година имав милион другарки и бев среќно девојче,уживав во животот,секогаш излезена со другарките,прекрасно ми беше се додека не се фатив со еден дечко и од тогаш ми се урна светот за 360 степени.Другарките почнаа да зборуват лошо за мене дека одам со овој и се оддалечија од мене и повеќе немаме контакт.Јас излегував само со дечко ми пошто нема со кој друг но постојано се караме не се сложуваме,ме има малтретирано и физички и психички но страв ми е да прекинам секаков контакт со него пошто ке останам тотално сама.Знаете ли колку е лошо чуството да си у депресија и да немаш ни една другарка да те утеши,да немаш со кого да разговараш.Немам ни апетит ни волја за живот. Се обидов многу пати да се самоубијам и се тровев со апчиња и вени сечев, но не успеав. И најжално цело време лежам со никого не разговарам и мајка ми не ме ни примеќа дека не сум во ред.Сакам само да умрам и да се спасам од се...
@melnicanecot ако е некој во депресија мислиш дека до викенд на мртовци му е дојдено? Знаеш колку е тешка таа состојба? Да неќеш да јадеш... Да неќеш спиеш... Да неќеш никој да видиш... Само по цел ден да лежиш па дури и да посакаш да се убиеш... Само разговор со психијатар би помогнал, а не гледање на комедии... Комедиите се малку да те расположат ама не и да ти помогнат со депресијата. Знам дека имаш добра намера ама сигурно не си осетил што значи депресија во вистинска смисла па затоа вака си пишал Поарно не додавајте сол на рана. @Angells bejb мора да разговараш со мајка ти под итно... Или оди на психолог... Така само ќе се уништиш.
Ок се извињавам...@Angells bejb Немој ни под разно да посегнуваш по твојот Живот тој е дар сам по себе кој има непроцнлива вредност. Од тоа што го пиша гледам дека ти е многу тешко но верувам дека можеш да се избориш. Пробај пак да воспоставиш контакт со другарките да им се извиниш заради одалеченоста поради започнување на врска. Убаво ти вика Jolly Girl збори со мајкати пробај ти да ги извадиш сите чуства длабоки што те мачат. незнам што е депресија точно но знам дека треба на скеој ден да му се радуваме бидејќи е Божји дар.
Како тоа си се труела,вени си сечела а мајка ти незнае?! Претпоставувам дека си многу млада и дека имаш под 16 години и би рекла дека не се работи за депресија туку за пубертет и за период кога секој во твоја возраст трага по сопствен идентитет и кога мисли дека цел свет е свртен против него. Ако те малтретира дечко ти треба да знае мајка ти, не е убаво тоа што криеш. Па што ако останеш без него..?!? Бидејќи си покрај таков хулиган, токму затоа неможеш да си најдеш друштво.
Odi na razgovor so psihijatar, probuvaj na sekoj mozen nacin na se raspolozis iako znam deka e mnogu tesko, ti treba podraka i razbiranje od najbliskite, pozz
Континуирано негативно чувство кое трае две или повеќе недели. Можеби е само период кој ќе помини, набљудувај се, разговарај со пријател. Можеби се работи за зголемено ниво на стрес, анксиозност. Ако нема подобрување обрати се кај стручно лице. Се најдобро. Самоубивањето никогаш не е вистински чекор. Штом не забележува мајка ти, а добивам чувство дека ти е премногу важна, тогаш кажи и се ова што го напиша тука и одете заедно првиот пат кај стручно лице, можеби ќе ти биди полесно. Не чекај долго за да одиш, оди што побрзо. Се најдобро.
@kim.k и јас бев со дијагноза депресија, пиев занфекса и имав подобрување уште после 2 месеца, ги пиев 2 години, сега сум без терапија, но многу многу подобро отколку пред 2 години кога едвај од кревет станував поради депресијата. јас бев кај д-р Жанета Карагоцева Анима се вика ординацијата во Скопје и сум задоволна од терапијата.
Човек што дошол до стадиум на длабока депресија нема волја да гледа било што. Ти ја сваќам поентата ама не е за тука дефинитивно
Гледам има поупатено од мене, па да си прашам...можеби во Скопје има повеќе психолози и слободно можеш да одиш на разговор, но во град каде што има 2 и каде што едниот раскажувал низ град по име и презиме кој од каква мака доаѓа на советување а другата немала појма.. некако останува сам да си разговараш со себе и да се лечиш Убава на мама и на тато, паметна - знам дека сум, образована, со убава работа и убава плата, обавезно на одмор, на викенд .... имам пријателки еден куп но немам вистинска другарка да се искажам (можеби сум таква и по природа, затворена сум била од секогаш а можеби и живото ме научил дека не се кажува се на другарка) ... излегувам по кафиња се дружам, не сум затворена до толку дома да седам... Се смеам со сила ми се чини, осамена сум...тагата ја клукам со храна со чоколади и слатки работи а тоа удира на килограмите а тоа удира на здравјето...знам Немам воља некако за живот, туркам ден по ден, правам се махинално.... секој ден ми е иста песна... Знам дека ми недостасува партнер во животот, дека ме трујат роднини со таа приказна но јас некако не се ни трудам да се борам околу тоа... Всушност не се трудам за ништо... Депресија ли е или мозок заспан ли е ???
ок тука сме и да научиме нешто ново. Претпоставувам дека секој си се бори на свој начин и убаво е да се слишнат повеќе мислења и предлози.