А шо ако ете, немам волја да отворам телефон, да зборам, да излегвам, да одам на работа, да учам. Само седам и полнам батерии дома. После еднаш со сила излегвам и после не можам пак една недела оти полнам батерии пак. Немам причина да се осеќам вака ама се осеќам ужасно. Шо е ова? Страв. Неизвесност.
Чекај ќе пробам пак @Dashing:) ''немам волја да отворам телефон, да зборам, да излегвам, да одам на работа, да учам, да живеам'' Состојба ваква која трае повеќе од две недели, се продлабочва со себе- наштетувачки мисли и слично е тоа што е - депресија. Не ми е да годиме за шо се работи, поентата ми е дека воопшто не мора да има нешто кое не прави тажни па да речиме дека тоа е депресија. Можи да се јави без никаква причина, од нигде, изненадно. И тоа е океј, и тоа е нормално.
Да, нормално е некогаш да сакаш да останеш дома, да си нерасположен. Покрај се што ми се случи и што помина тоа најлошото, во мене чуствувам мрза.Не ми се шета, не ми се иде на кафиња, на журки... Од друга страна еве ќе идам утре на одмор па може ќе ми се врати расположението. Си читам книги, музика си слушам, само надвор да не сум Имам чуство како да сакам од се да се одморам од сето тоа го доживеав како стресен период Ова нормално дека не е депресија.. само да не претерам со мрзата, бидејќи така се манифестира депресијата. Бидејќи се осеќаш без желба за живот, изморен си, слично како што е болен човекот од температура. Ама сепак според мене мора да постои причина за да дојде до таа страшна состојба, не мислам дека би се појавила ако се било во ред. Значи нешто тргнало наопаку, си се исплашил, си почнал да мислиш на лошо.
https://pedijatar.mk/prof-d-r-jovit...-na-patsienti-koishto-se-razboleni-od-doktor/ Прочитајте и можеби ќе се просветлите.
Кој вика дека е неизлечлива? Излечлива е, потребно е време и редовно одење на психијатар, терапии. А не да си пуштиш филмче, музика, да попешачиш и сл. смешни совети кои ги пишувавте вие кои мислите дека депресијата не е болест и не е ништо сериозно. Заради ова многу луѓе ќе се срамат да побараат помош од психијатар, јер "се ни е во главата". Заради ова депресијата е толку потценета.
Не сум стручно лице ама според мене депресијата е болест и најчесто се појавува кај луѓе кои имаат проблем во ендокринолошкиот систем,односно жлездите и хормоните. И порано имало депресивни луѓе пред интернет ерата ама сега има повеќе. И верувам дека тоа е ради начинот на живеење во 21виот век. Сите жлезди се како ланец поврзани,ако една не функционира нормално и другите не работат како што треба. А за да функционираат како што треба и да бидат во БАЛАНС треба да се јаде здрава храна,да се биде физички активен,да се има добар сон и помалце стрес. Што реално, ретко кој денес ги применува сите овие работи.Затоа сите се со хормонски терапии и зголемена е стапката на психолошки заболувања. Не велам дека здрав и активен човек не може да заболи од депресија,напротив мајка ми е во одлична физичка состојба па пак стана депресивна. Подоцна се откри дека ради неправилно работење на тироидната жлезда,имала недостаток на лачење на одредени хормони кои "предизвикуваат" чуство на среќа. Откако пие трерапија за таа жлезда и исчезна и депресијата (мајка ми не сакаше ни од кревет да стане ниту да разговара со луѓе). Сепак мислам дека огромен фактор е начинот на живеење во овој век. Со лоша храна, малце спиење , никаква физичка активност и секојдневен стрес, си го уништуваме организмот,а очекуваме да имаме добро психолошко здравје.Се е тесно поврзано во нашето тело ,мора да сфатиме дека како се однесуваме со него така тоа ќе се однесува со нас. Никој не е совршен и не можеме да се храниме беспрекорно 24\7 и да вежбаме секој ден ама можеме барем да се потрудиме 70% од времето да е така. Не го оправдувам тоа, лапни антидепресив ама лежи цел ден и кркај леб.
се слагам со тебе,потребно е лекар и терапија ама потребно е и пешачење и здрава храна. и тоа и тоа има огромна улога.
Како ова ја порекнува депресијата? Угриновски за хипохондрија зборува и за неинформираност, не за депресија.
Јас тоа што го зборев не го зборев од памет, така што не коментираат ''самоуки стручни лица''. Јас за тоа се образувам, веќе 5 години. Имам искуство стекнато од пракса во клиники, на која исто одам со години. Тоа што го пишував се факти. Депресијата е болест, не се лечи со некои од смешните наведени методи. Има работи кои не ги разликувате. Едно е депресивна епизода, друго е клиничка депресија, а сосема трето е тага и нерасположеност што секој повремено ја чувствува. Секој пациент е приказна за себе, не може да генерализираме. Нешто што мене ми помогнало, на некој друг може да му штети. Затоа некомпетентни лица не треба да даваат онакви совети, посебно на ваква осетлива тема.
Jas na ovoj Dr ke mu recam da si ja sokine diplomata majka mi imase meningiom i znaes kakvi vrtoglavici imase od nego uzasni nemozese od krevet da stane se dodeka ne ja operiraa
Нели ви е срам во ваква осетлива тема да тропате глупости? Наместо темава да служи за лица со депресија да споделат искуства и да си помогнат меѓу себе, наполнета е со бесцелни дискусии што може само да направат некој да се чувствува лошо зашто со јадење зеленчук и прошетка по природа не се излечил. Срамота.
Читам читам и не можам да не пишам. Јас пишувам овде како стручно лице и "паталец". Депресијата е дефинитивно потценета, свеста е на ниско ниво, а тоа се забележува секаде по темите. Е сега, што викаше мајка ми ,,Нема ништо полошо од учено-недоучено" е вистина. Многу често забораваме дека скоро секаде, а и во книгите за самопомош стои дека пред што и да направите потребно е да се консултирате со вашиот лекар. Ова стои во медиумите како закон, особено странските затоа што алтернативните лечења и не се така лоши (кога се поткрепени со лекарска помош). Психопатологијата е обемна гранка каде спаѓа и депресија која има многу различни типови и степени, но и причинители. Дијагностицираат психолозите преку најразлични техники за тестирање, а потоа психијатар (доктор по медицина) одредува терапија (фармакотерапија). Терапијата (лепењето) е поделено во неколку дела, а многу често се менува и прилагодува (исто како што се прави кај другите болести како хипертензија или дијабет). Освен терапија што смее да ја препише исклучиво психијатар, според повеќето психолози и психијатри, задолжително е пациентот да посетува психотерапија ( што се прилагодува согласно самиот пациент, степенот на депресија и интелектуалната поткрепеност) па така, може да биде пример Бихејвиорална, Когнотивна, Трансакциска, Гешталт итн. Е она што е многу важно е дека постои еден трет дел што е најчесто ,,домашна задача" и е промена на секојдневието (а тоа се тие препораки што ги даваат некои членки) - биоритам рано да легне и да стане, са спие околу 8 часа дневно, прошетки, разговор со блиска личност, да не се изолираат, да направат промени во домот или на работното место, да вежбаат и прават секојдневни прошетки, да се хранат здраво со храна богата со Б и Д вит, омега3 и сл, да пишуваат дневник итн. Сите овие промени се пожелни, самиот начин на промена помага. НО, кај повеќето депресии мора да се вклучат првите две. Од друга страна пак, најтешко е да се посегне по помош и тоа е карактеристика на депресија (тие сами не се ни свесни или не знаат како да побараат помош) и затоа се надевам дека ќе се подига свест за да можеме да помагаме на тие околу нас доколку се посомневаме дека нешто не е во ред. Исто така, криза во идентитет, моментална фрустрација, депресивно расположение се нешта кои поминуваат сп психотерапија или доколу личноста има добро развиени капацитети со самопомош методи без надзор. (ТИЕ НЕ СЕ ДЕПРЕСИЈА - ЗА ДА БИДЕ ДИЈАГНОСТИЦИРАНО ДЕПРЕСИЈА ТРЕБА ДА СЕ ПОПОЛНАТ НЕКОЛКУ КРИТЕРИУМИ, АКО СЕ СОМНЕВАТЕ ЗА ВАС ИЛИ ВАШ БЛИЗОК ВЕ МОЛАМ ПОБАРАЈТЕ СТРУЧНА ПОМОШ) и за крај, баш ми е мило за форумот затоа што исто така една во третиот дел спаѓа и споделување на форуми, па оваа тема ете е супер за таа цел. Сите вие кои сте поминале, поминувате низ тој процес може да си споделите тука се што ве мачи или ви помогнало. Ве гушкам сите!
Јас се излечив така. Поздрав со здрав начин на животи така го лачев серотонинот секако и соприродна терапија ми препиша психијатар
Од позитивно размислување некако се засакав ваква најбитно е да ја прифатиш состојбата јас прифатив дека сум депресивна дури си ја и засакав состојбата и си велеше депресијата не тера да си реален и да размислуваш реално за проблемите. Одев и на психијатар трчав учев и така и пак имам епизоди на депресија ама не е тоа тоа само кога ме изнервира некој
Jas denes pocnav da se osekam podobro od elicea i olanzepin 5 den kako gi pijam niv do vcera piev po cetvrtinka elicea od denes po polovinka taka mi rece psihijatarot a olanzepin po polovinka 7 dena da pijam po polovinka a posle po edno edno apce dnevno inace vo vtornik sum na prva kontrola kaj psihijatarot I ke vidam sto ke mi kaze za ponatamu
Првите недели така постепено ке се зголемува терапијата додека се навикне организмот. Доколку немаш сериозни нус ефекти најверојатно ќе ги пиеш најмалку месец до 6 недели за да можат да го постигнат максималниот ефект. Супер е што веднаш имаш позитивна промена иако може да дадат ефект дури и по две три недели, ама кај секого различно. И кај мене почнаа веднаш да делуваат после првата недела, па како се зголемуваше дозата така постепено и јас се враќав во нормала.
Да, најчесто е така. И бев предупредена од докторката да го отчекувам тоа, плус дека јас бев со суицидален ризик па мораше да ме предупреди за да барам помош. Кај секого е различно, еве јас ова не го искусив, ниту некој несакан ефект освен сува уста. Ама важно е пациентите да бидат информирани како дејствуваат лековите и што да очекуваат. Е јас не бев информирана за состојбата после првото апче, иако докторката ми рече да почнам со прво апче за викенд и наутро. Ама не бев спремна дека ќе ми биде толку лошо до повраќање, со страв ја испив втората половинка од таблетата вечерта ама се беше во ред. Плус имав среќа да ми се погоди првата терапија да ми делува добро, иако многу ги корегиравме дозите, ама кај некој луѓе не е така, лекарот мора да следи ако не делува една генерика да се проба со друг. Битно е да не се очекува премногу веднаш и да се биде информиран.