Јас бев одреден период во депресија немав друштво , не излегував од дома додека сите се веселеа јас дремев дома , згора на се машките не ме ни приметуваа мислев дека сакам да умрам не ми се живееше, најдобрата другарка со која цел живот се дружев не ме приметуваше , дома не ни приметија дека не ми е до ништо, одлучив сама да променам нешто и покрај тоа што немав сила ни желба, се запишав на курс по странски јазик, на аеробик, почнав да работам , едноставно почнав да бидам активна да не размислувам на тоа што ме прави да се чуствувам депресивна , се правев само да не бидам на едно место и да не се жалам, ако сакате да успеете променете некои навики , не постојат неизлечиви болести, постојат само луѓе кои не сакаат да се потрудат да променат нешто, позз. * Немојте да одите кај гатачки и бајачки кога сте депресивни, они се во тесна поврзаност со ѓаволите, а единствената цел на ѓаволот е човекот да изврши самоубиство, луѓе кои веруваат во господ и се молат , не се опседнати со ѓаволи.
Кога бившиот ми раскина, ми кажа дека не сум за љубов, не сум за сакање, но беше заљубен бо менe три месеци само додека не ср заљубив и јас, после како да не беше истиот..мн ме повредија тие зборови, а и самото тоа што сум немала дечко, само мотачи, ме прави да верувам на неговите зборови, мн ми е тешко кога ќе помислам дека некој не може да ме сака, на некој на кој не сум му направила ништо лошо, кој се заљубил во мојот изглед, а не може во мојата душа, мислам дека никогаш нема да имам дечко
Леле немој да веруваш во овие зборови, ама никако! Ете паметна си и веќе знаеш дека твојата моментална состојба придонесува да мислиш дека е во право, ама не само што не е, туку е и скроз безобразно и немудро на кој било да кажеш вакви тешки зборови. Сте раскинале зашто не сте биле еден за друг и не дозволувај ова да те депримира, верувај во себе и ти бирај.
Апсолутно се согласувам со она што ти го кажала членката погоре. Какво депримирање бре? Ќе се депримираш за некој што очигледно не вредел ниту да остане во твојот живот? Сигурна сум дека имаш толку многу личности на кои им значиш и те сакаат. Тоа што оваа врска не успеала не те прави тебе ниту помалку вредна, ниту пак да ти фали нешто. Не те познавам, но според напишаново си доста емотивна личност. Веројатно и затоа што ти била прва врска па токму затоа толку тешко ги примаш зборовиве. Но не вреди, верувај ми. Стави си малку емотивна бариера чии зборови допираат до тебе, а чии се само некој шум што ќе го однесе ветрот. Главата горе, батали го шутракот и биди горда и среќна со себеси што на време си се спасила од еден таков.
@Purplelilac @Elenpelen ви благодарам за советите, веќе два месеци го мислев тоа и пробав да си одговорам, но не можев и морав да пишам, инаку да многу сум емотивна
Добро значи немора да пишувате вакви мислења на ваква осетлива тема. Има и ногу луѓе шо ја победиле секако не е тоа начин.
Нека почива во мир. Вие бидете силни и борете се сепак сметам дека не требал да се откаже..А колку време беше во депресија?
Jas ja imam depresijata I znam kolku e gadna ja dobiv vo bremenosta i sega sumna zalasta i elicea ama ne osekam nekoe podobruvanje iako lekovite gi pijam veke tri meseci
Сигурно го известуваш психијатарот за ова. Тој може да ти помогне. Знаеш дека терапија не смее да се прекинува или менува на своја рака без консултација со психијатар. Дали си пробала и покрај оваа терапија, да идеш и на психотерапија? Може и лековите и психотерапијата да имаат поголем ефект така.
Mislam deka dovolno pisav vo prethodniot post. Sepak temata e depresija,a ne da ja raskazuvam istorijata na tatko mi.
Добро убаво те пита немора понашање да праеш. Само пита колку време бил во депресија и те колку битно е тоа не те пита колку сестри и браќа има
А зошто е тоа битно лично за тебе како прашање? Кажа девојката дека приказната завршува болно за неа и тоа би било доволно за да сфатиш дека понатака не треба да поставуваш прашања во врска со истото. Почитувајте малку приватност бе луѓе. Форум е, го читаат секакви и секој има право да изложи од сопствениот живот онолку колку што мисли дека е океј.
Па ако не и се кажува нека не врака а не да врне како да каже нешто божем ја проста сум незнам на каква тема пишувам.
@hellocity Никаде не те навреди, само го искажа своето мислење со револт што и е сосем оправдан во случајов. А искрено и мене така ми изгледа, како навистина да забораваш во која тема пишуваш. Едноставно малку повнимателно пишувај тука за во иднина и тоа е сè.
Искрено, личиш ко да не знајш во шо тема пишиш. А, чинам ова и по професија ти е, треба МНОГУ поќе од просечен човек да пазиш шо збораш.
А од кај знаеш шо ми е професија хахахахах ева ева па и тоа е мешање во лични ствари шо ми било професија
@hellocity се надевам лажеше у вези професијата.Не да не личиш на медицинско лице,ами ти општа култура како човек немаш.