Колку ќе биде подолготрајна депресијата зависи од големината на случувањето кое ја предизвикало.Загуба на некој мил од нашата средина или неуспех на некое поле каде што сме биле сигурни дека ќе успееме е причина за запаѓање во депресија.Со тек на време со некој успех или замена ќе се надмине сето тоа.Ако би било се така розово нема да ни биде интересно
јас западнав во пост-породилна депресија.Кога дојдов дома од болница 2 месеци неможев да се опраам.Секој момент си мислев дека ќе избувне пожар.Исклучував се од штекери.исклучен бојлер,греалка и слично.Ми се случуваше и навечер да се разбудам и да гледам чад.Многу гадно чувство.
здраво имам еден близок пријател што му се случи да види една несреќа за својот пријател и неможеше да ја заборави таа слика и му се укочи цело тело неможеше да мрда дојдоа докторите по една инекција и добар беше. Пред некој ден се скарал со неговите дома почнал пак да се укочува, незнам од што така никогас досега не му се случувало така има само 18 год.
кога сум во депресија премногу се обвинувам за се исешто и ми е полошо се надевам дека тој период нема да биде долго
да, најбитно е да имаш со кого да споделиш, ама целата вистина, затоа што ако делиш само парчиња од она што го мислиш, толку и ќе те разберат, на делови!
здраво имам еден близок пријател што му се случи да види една несреќа за својот пријател и неможеше да ја заборави таа слика и му се укочи цело тело неможеше да мрда дојдоа докторите по една инекција и добар беше. Пред некој ден се скарал со неговите дома почнал пак да се укочува, незнам од што така никогас досега не му се случувало така има само 18 год. Може ли некој да ми каже слични искуства???
Па тоа укочувањето и мене ми се имаше случено,некаде исто на негова возраст ,најдобро е да си оди на лекар зошто по се изгледа има траума, а таа треба да ја преброди зошто ќе му остане врежена во глава за цел живот ,ќе му се случува тоа и повеќе од еднаш доколку не го реши проблемот. Јас исто имав една голема траума и ми се случи да почнат да ми се укочуваат рацете прво ,почнаа да ми посинуваат,потоа јазикот,,па почна да ми отекува ,па вилицата ми се здрви ,нозете,престанав осет да имам ,докторката ме допаничи ми рече за да ме однесат директно во болница дека тоа било стадиум за почеток на срцев напад,јас се испаничив ми дадоа инфузија во болница ,потоа отидов на консултации кај психолог и други доктори другиот ден и ми дијагностицираа анксиозно-депресивна состојба ,сеуште не ми е помината што е најтажно и се борам со неа секој ден ,ете траумите што можат од човек да направат -да го скршат... Нека оди до лекар ,не е ништо страшно доколку му препишат некакви лекарства отпочеток ,тоа не го прави ниту болен ниту нешто слично ,јас не си ги пиев ги избегавав на психолог кога ќе ме однесеја ми беше страм што ќе речат сите за мене па глумев дека сум ок ,но не требаше никогаш тоа да го направам ,но од страв од осудување од околинта и тоа што ни јас тогаш а ни некој од моите го сваќаше мојот проблем и го препишуваа како којзнае каква шизофренија и незнам што ,навреме не го средив проблемот. Најважно од се е да не се плаши,да не почнува да паничи ,да биде смирен кога тоа му се случува ,кај мене функционираше правењето на стисоци со дланките ,исто и масажи во моментите ми правеше мајка ми па почнувавв полека да се опуштам ,но за жал кај мене траеја и се појавуваа пофрекфентно. Сега сум ок ,се обидувам се повеќе да бидам самосвесна ,да си ги контролирам емоциите ,избувнување никако,и се на се си функционирам нормално ,освен во денопви кога ме фаќа страв од некои работи и емотивна сум ,но се справува полека и со нив ...Здравјето а нормално и среќата мора да бидат на прво место ,а за да бидам среќна морам да бидам здрава па со сите напори се трудам Нека почне некако одново,нека сврти некој нов лист ,нека почне повеќе да се занимава со нови работи нека си го исполнува времето за да не мора да размислува за траумите ,нека разговара повеќе со сите во неговата блсика околина ,а најважно да оди на лекар зошто со здравјето не се игра ,млад е ќе го преброди тоа полесно ....Позз и се надевам дека се ќе биде во ред
Фала ти многу за одговорот па ке се потрудам да му кажам да оди на доктор на него му се има случено до сега 2 пати и го масираме и се но не помага се додека не му стават инфуззија.
Имав еден период во животот кој навистина ми беше никаков. Мислам дека тогаш бев во депресија, ништо неможеше да ме израдува и да ме насмее, седев дома затворена меѓу четири sидови и плачев, не сакав да видам никого. Не бев заинтересирана ни за дружење, ни за излегување. Секој ден ми беше се полошо. Често ми се случуваше навечер да неможам да заспијам цела ноќ, или да се разбудам од сон во ниедно време и да плачам. Овој период за среќа не траеше долго и брзо го пребродев со помош на моите најблиски, бидејќи со нив споделував се што ми се случува и тие најдобро ми помогнаа.
Сакам да прашам дали е можно да болат зглобови, колена, коски на психичка база, во последно време не сум воопшто како што треба, депресијата ми расте од ден на ден, се прашувам дали и овие симптоми може да бидат предизвикани од психичка состојба?
zdravo na site eve mesec i pola sum vo vakva sostojba se p ocna od strav deka ke umram deka nes ke mi se sluci a od vreme na vreme mi se vrtat vo glava nekoi misli deka ke se ubiam ke gi povredam drugite okolu mene dali toa moze da e od depresija pisite ve molam [mod-kirilica:fl6loerv][/mod-kirilica:fl6loerv]
zoceee........... не си сама на обој свет со тој проблем верувај........секој втор човек на денешно време го има истиот проблем. и јас бев на твои години кога исто така се чуствував и долго се мачев ...........тогаш ми помогнаа таблетите Aнсилан мите. но по неколку години пак ми се повтори истиот проблем.......земав и асентра,и занфенкс и хелекс ама нисто подобро. го променив психијатарот бидејки не ме разбираше........никако не сакаше да ми ги промени таблетите туку се само со нив ме труеше.............сега земам ладиомил и циталон ама многу добро се чуствувам.............исто така многу е битно да посетуваш психолог или психијатар ама редовно да одис на сеанси и тоа ке ти помогне многу...........јас веке 9 месеци одам. многу подобро ке се цуствувш и ке си ја повратиш самодовербата, ке се смириш и опуштиш ако си во можност да посетуваш цасови по јога..........верувај дека тоа многу ке ти помогне. поздрав до мене и ти посакувам што побрзо да го надминеш овој проблем.
Јас сум во депресија.Сеедно ми е,само плачам.Едно време сакав да бидам покрај своите ама сега и тоа не ме радува.Го сакам а него не го интересира за мене.Незнам,ова е долго време.Излегувам,се шетам,се дружам ама не е тоа тоа,седнам на пц уште повеке ми е тешко.Барам излез од овој тунел.Нема светло на крајот.Не јадам,не спијам само плачам.Го сакам назад,го сакам времето кое се смеев за ништо за сешто,кога со кеиф пиев кафе со другарки а сега ни тоа не ми е слатко,кога со кеиф готвев и чистев дома,кога со кеиф јадев благо или учев и одев на факултет.Се правам дека ми е гајле ама еве не ми е.Барам љубов,мора некој да ме смота,барам пријателство а да не е лажно и на оној кој најмалку се надевам ми удара нож во грб. Не сум ни јас светица да бидам искрена ама не можам да го трпам долго овој притисок... Само сакав да се искажам некаде.
И јас така понекогаш паѓам во депресија без некоја причина, едноставно малите нешта придонесуваат да врескам од нервоза и разочарување. Сепак, мора да продолжиме и да се обидеме да бидеме пак среќни. Денес од сабајле нешто работите не ми тргаат ко што планирав, ама сега си пеам, иако гласот ми е крш. И пак сум расположена. Треба само да се најде некој излез од депресијата, и да се има желба за тоа. Кој е во депресија, одма лп, да ширам малку позитивни вибрации!
Депресија...бев порано во депресија долго време...но откако сум со дечко ми се ми е ок....ме врати во живот
Жално,жално е за сите нас што живееме во ваков период,во вакво време во ваква земја,со безвредници околу нас! Страшно е што ние ги плаќаме грешките на другите..Кога не правеа што ли мислеа(на родителите се обраќам)..Мајко мила моја,кога се рашири да размислеше дека јас ќе излезам,дека ќе треба даме гледаш или да тогаш поинаку беше! тажно е што јас на моите 15 мислам вака,што последните недели на училиште ме исцрпија па сега не можам да се соберам,што не можам да си дозболам да излезам со другарките затоа пто татко ми нема плата земено,а мајка ми има 500 други поважни работи..што незнам што со мене,што веќе на ништо не се радувам!! НЕ НЕ НЕ несакам повеќе вака,сакам да см онаа веселата што бев,што секогаш на сите му викаше не плачи ќе се среди ќе мине,онаа која ги организираше забавите,која се смееше која се радуваше!! Ми наметнаа толку грижи,толку проблеми толку болки,а за пола од нив не ни треба да знам!! Му се лутам на моите и се лутам на мајка ми!! Ме донесоа до оваа состојба тие,тие и оние кој немаат пто од животот па на мене удираат! Знам дека е лесно да речете дека јас сум крива,ама извинете бидете толку силни колку што сте кога ќе застанете со заканите пред мене,па соочете се со себе и сватете кој е кривиот!! Знам дека на мојов пост не му е местово овде,ама се лутам и себе си и на другите што се доведов до овааа сосојба,состојба на депресија,што модерно се вика!! Да зждо нас зависи,ама од денот кога јас ќе станам независна па ќе можам да му кажам Не или Да, како што јас сакам,на оние кои ме иритираат!!
Во депресија сум веке неколку години и се обидувам да се изборам самата. Мислам дека состојбата повеке се потенцираше после двете породувања. Сакам да појдам на психијатар но во мојот “мал“ град сите се познаваат и срам ми е. Треба да се отворам пред докторот а познавајки го приватно, гледам колку себе си помогнал. Ке произлезат муабети после па незнам колку Хипократови заклетви да положил. Многу лоши работи ми се имаат случено уште од малечка и ме стигнува некои денови, кога буквално неможам да станам од кревет. И тогаш ме тера на јадење. Жвакам цел ден а пак се чуствувам гладна. Посилно е од мене. Килажата неможам да ја средам баш од вакви испади.... Ми треба 3 дена да се здебелам 5 килограми, 3 месеци да ги изгубам. Дури сум ослабнла малку, пак ме фатила депресивната фаза, и се од почеток. Многу ме погодува кога ке се најдат некои да ми држат предавање за дебелина, диети и сл а поим немаат што се случува во мојата глава. Многу работи ме мачат, многу, многу... Сакам да сум невидлива. Не излегувам од дома со денови, не дека има каде да одам. Секој ден е ист, безживотен, како робот, исти обврски околу дечињата. Се трудам тие да не ја почуствуваат мојата негативна енергија туку да се намирени во секој поглед и облеани со љубов. Живот е тоа што ти се случува дури правиш планови за иднината но се надевам дека плановите ке почнат да се остваруваат наскоро бидејки само така се гледам себе среќна.
На овој начин само успешно го прикриваш проблемот. После породувањето постпородилниот синдром излегол на површина кај тебе. Тоа се случува и ти не си ни прва ни последна. Би ти препорачала да разговараш со твојот маж и заеднички да најдете т. е побарате совет. Еве немора да е од твојот роден крај туку од некој др. најблизок град или на крај краева некој психијатар од Ск. Потребна ти е психолошка помош која ќе ти помогне да го надминеш проблемот а не да ти даваат лекови и да пиеш безвезе.
Јас сакам да посетам психолог но не знам како да го претставам својот проблем кој е многу одамна.Додека го пишувам ова плачам и плачам.Очајно ми е потребна помош.На моите и не смеам повеке да кажам.Мајка ми вика само плачеш а со татко ми и не сум блиска ме мачи љубовта пријателите се по ред.Не ми се учи нити ми се јаде.Едно време мислев дека ми беа потребни родителите и братот за да бидам срекна,но не било тоа,сега кога гледам дека се ми се распага со личноста која ја сакам тоа ме уништува.Несакам повеке ваков живот.Само цврста прегратка и да плачам се додека ја истрошам силата.Сакам само да помине овој период.Па ми се умира бре.Не можам да се исплачам на раат.Никој од тие околу мене не се обидува да ме разбере.НИКОЈ.