Мајки кажете чаре за црвени и болни брадавици. Плачам на секое доење мачкам ланолин, со млекото после доење се мачкам ама многу на града ми седи последниве денови, купив силиконски божем 3 4 дена додека заздрават малце никако не фаќа
Лактил таблети. Јас мислев дека не му стига млеко што постојано е на града, ама се зафркнав синоќа у 4 се измолзував ми се преполнија а само 2 лактил испив и 2 чаши чај. Пробај и леден чај да пиеш нас и тоа во болница ни даваа, овес да јадеш. Ама вода обавезно по 2 3 литри пиј.
Да не си околу 12 недели после пораѓај? Мене тогаш ми се воспостави лактација, така да ако си престанала со измолзување сега ќе произведуваш само за да задоволиш цицање. Ако сакаш да се измолзуваш пробај неколку дена, би требало да надојде млеко после 3-4 дена.
Полни три месеци имаме и 10 дена. Се молзев редовно, од што не цицаше толку многу колку што имав, ама почна да цица повеќе, но јас градите не си ги осекам повеќе болни иако се полни и престанав да се измолзувам. Сега се правам пишман што престанав, да треба да му оставам, нема млеко. Од вечер пак ќе почнам да се молзам мора да надојде. Другата недела треба да го оставам ради преглед и нема да можам да се измолзам, ке мора замрзнато да одмрзнувам што имам. А повеќе сакам пресно да оставам.
Bademi,pecena tikva Jas ne se molzam nonstop cica mojava.Poveke kje stimiliram mleko so molzenje ili? A i nemam mnogu...
Епа тоа е, до 12та недела и јас во секој момент да се измолзев ваѓав, сега слабо. Јас сега пумпата ја користам само за стимулирање, иначе ваѓам некој смешни 20-30 мл.
Само да не му е малку на синко од тоа се плашам. Сега еве пред спиење нешто ми се избунтова не сакаше да цица. Многу малку цицна. Со плачки. А се трга од града, ми гука и ми се смее. Да напоменам влеговме во 4 ти скок. Може е тоа, а јас си го поврзав со тоа што не извадив ич млеко.
Ама не оди така тоа, од едно молзење ако пропуштиш и толку, нема млеко. Не е тоа така. Да не добиваш циклус можеби? Ако бебе полни пелени и не плаче од глад, немаш проблем.
Немам циклус се уште. Не се молзам две недели веке. И вчера кога пробав ни капка и ме фати паника. Полни пелени. За какање еднаш дневно кака последните денови. Ама моча многу. А нешто ми плаче на града, и затоа пробав вчера да измолзам и немаше ич. Еве сега се молзам истимулирав да почне да тече. Ке потикнам повеќе млеко да има па ако треба се со пумпата ќе шетам . Еве извадив 40 мл од двете гради вкупно одма по подој што за мене е супер. Можеби можам уште ама нека си наидува млекце да има да цица.
Градите не се тетрапак млеко да чекаме да се наполнат, тоа е процес кој цело време се одвива, и додека не цица бебе произведуваат млеко и се ресорбира. Така да не е дека ти од 2 молзења си зголемила лактација или од 2 недели немолзење сега немаш млеко. Едноставно градите се навикнале на новиот ритам и тоа не е ништо страшно. Понуда побарувачка. Ако имаш Инстаграм заследи ги Ивана и Ивона, србинки се, многу добри совети даваат и баш се редовни, секој ден објавуваат, наша Наташа Доење со љубов исто така, прекрасен профил.
Само би ти рекла да внимаваш. Јас навистина немав млеко, ми се случи стресен период и секнав. Ќе осетиш гладно бебе, за тоа не се секирај. Ама јас во паника претерав со измолзувањата и на крај завршив со мастит. Не се измолзувај франатично, ако треба да го оставиш подобро дај од замрзнатото или ад отколку беспотребно да си закачиш нов проблем.
Тоа е лекот веќе се си пробала, кај мене на левата е така, не ми ја фаќа убаво, не зинува доволно за да ја фати цела, туку само брадаввицата ми ја фаќа, му ја тргам и пак одново пробувам да ја фати, додека па десната убаво цела како што треба ја фаќа и немам проблем. И моево седи повеќе на града, грчеви има и така се смирува.
Најпрво гледај да ја фаќа убаво градата освен брадавицата и кругот околу неа значи ке ја сплескаш малку со рацете над кругот за да фати убаво и ке проверите ресичка на јазикот Ние имаме ниска ресичка на јазикот и сме 2 месеци полни и уште ми прави проблем
Ние ја седевме на 7м или 8, нешто така, кај покојниот доктор Бенедети на Мексико. За час завршивме работа, одма. Има доктори добри ќе го сецнат.