Едно прашање мамасити. На кој начин да го чувам измолзеното млеко за кога ке излеземе да шетаме. Зошто моментално каква ни е состојбата нема шанси да се доеме надвор. Тоа е вриштење до бескрај. И дали има начин да се смени тоа што ми касни наидувањето на млеко кога почнува да цица?
Дали ви се случило едната града да ви е поголема од другата? Така ми се веќе 3 недели од како цица малото
Ништо на телото не е симетрично, раце, нозе, уши, гради итн. Сѐ што оди во пар се разликува, може минимално и неприметно ама се разликува. За градите кога доиш е приметливо, особено ако во моментот едната е празна, а другата полна.
Кога почнаа бебенцата да сакаат само навечер да цицаат? 7+ сме, некако како преку ноќ да намали со цицање преку ден, има 3 оброци веќе, се прашувам дали поради тоа.
Ноќеска ме разбуди болка од надворешниот дел на градата. Како здрвено го осеќам местото, како да сум се потпирала таму лошо. Најверојатно испадна дека ми се преполнила иако немам видливи грутки, претпоставувам дека се по на внатре и не можам со масажа да ги разбијам. Ја форсирам таа града, ама џабе. Се измолзив, малку ми олекна, ама како ни пумпата да не може да ми ја разбие грутката, на терсене место е изгледа. Ме боли цел пазув, страничниот и долниот дел на градата. Какви облоги да ставам, топли, ладни? Да молзам додека имам облога на мене за да се отпуши?
Мастит е. Немој да молзиш премногу, чисто да ти олеснува, а форсирај ја таа страна за доење. Облоги јас ставав топли пред доење, ама не секогаш и ладни после доење секогаш. Масажа под топол туш, ама маж ти викни го зошто сама од болка јас не можев доволно силно да се масирам. Пред доење исто масажа за да се размрдаат каналите. Од облоги ставав зелка од фрижидер и Ациди борици. Ако најдеш пробај и со зелена глина да се намачкаш, наводно мн помагало. Со лесно, за максимум 72 саати треба да помине, мене толку ми траеше. Ако качиш тт ибупрофен или парацетамол одма зошто многу ќе омалаксаш. Јас не бев способна детето да си го гледам тие три дена, ама помина.
Majki kazete sto smeam da pijam za bolka na kicma ne se izdrzuva poveke duri i ednata noga veke mi se zdrvuva nesto sto ne bi smetalo deka dojam?
Мајки ќе пишам нешто што го прочитав кај Наташа во врска со цените за ад и лактациски консултант. Викаат подобро дадете пари за да доите отколку ад млеко, за кое потполно се сложувам и сум ЗА. Прашањето ми е, ако јас имам пари и сум решена да дојам ама наидувам на голем проблем со доењето, неправилен фат,мрзливо бебе,плачливо бебе и сл., нели за да се воспостави тој доенички миг потребен ти е човек до тебе за да те насочува што како и можда би требало тој некој да е неколку сати во денот со мајката за да и укажува и да биде толку дена додека не се осигура мајката дека навистина е воспоставена врска со бебето. Дали кај нас постои такво лице, не зборувам само за скопје општо и за другиве градови?
Јас од тука дознав за Јасна од Здраво бебе, центарот за мајки, можеш да ја контактираш на инстаграм. Јасна е консултант за лактација, доаѓа дома ако имаш потреба и колку што сум запозата оди и во други градови, ама не сум сигурна. Двапати ја контактирав и многу ми помогна со совети иако кај нас се испостави дека јазичето е подврзано, па тоа беше најголемиот проблем со цицањето, а ниту еден педијатар не ни укажа на тоа. Јасна веднаш ме насочи да го средам тој проблем и ми даде совети како и што додека да го сецнеме, а и потоа беше достапна на вибер. Според моето искуство, јас сум пресреќна што ја побарав и премногу благодарна за советите кои ми ги даде, успешно се доиме 6 месеци континуирано.
И јас, веќе недела дена. Партал и грло и нос и некоја надразнителна кашлица. Мислев бебето ќе го одмине, ама го слушав едвај дишеше оваа вечер од затнат нос, а од сабајле и поткашлува. Прскам од на Бекутан изотоничниот раствор, мед, ѓумбир, лимон, пантенол пастили, парацетамол... Ајде да минува побрзо.
Мајки нормално ли е ова, бебе се засркнува многу често кога цица некогаш дури едвај до воздух доаѓа. Пред малце цицаше, ја исправив чекав да подригне ама ништо, ја легнав на кревет изгледа и се врати рефлукс почна да кашла и не можеше да го искашла се исповрати. И претходно вака еднаш ми се исповрати се засркна додека цицаше. Од почетокот е вака се засркнува скоро на секое цицање, ама брзо и поминува. Ама еве неколку пати вака подолго траеше и ептен се исплашив... а веќе е 5 ипол месеци.
Кај мене е само носот. Се надевам нема да ме фати и грло. Не сим имала контакт со болен, така се назимив некни и одма се раскивав и ми се растече. Ставам и јас од тој бекутан ама не ми помага. А јас капки само пред спиење користам за да можам да спијам.
нее само со физиолоски чисти си го носот и јас сум настината имам и грло и јас мислам ќе пукнам денес ми е 4 ти ден