Преполна е, затоа е тврда и потешко тече млекото, а бебе е мало и нема сила да влече, затоа имате мака. Мене со левата ова ми се случуваше на почетокот. Под туш масирај со топла вода, одмолзувај и зелка ставај.
Кога престануваше да боли доењето? Бебе е 16 дена, се доиме некои 9-10. Инску второ ми е млеко си имам ама тие првите минута две до солзи ме боли. Прво доев со медела силиконските и вчера реков ај без нив да пробам на пола подој и сеа нејќе со нив да фати. Умирам првите минути.
Не треба воопшто да боли, не фаќа убаво. Мачкај ланолин на медела, те има разрането. Доењето не треба никогаш да е болно. Многу помага ланолинот, а и бебе може да цица со него.
Знам знам мачкам постојано. Вака рани нема. Со првото бев партал. А стварно мислам дека малку подлабоко треба да фати ама ништо живо да се наместиме. Кога ќе рикне со плачење ексик. Може треба да ја ставам на града пред да се разбуди зошто инаку е тепачка, прета со рачињата, дури и ме штипна за брадавица господ го видов
Ептен пргава женска имаш. Пробај така, ама додека не фати убаво ќе те боли цело време, обавезно мачкај ланилин.