Преполна е, затоа е тврда и потешко тече млекото, а бебе е мало и нема сила да влече, затоа имате мака. Мене со левата ова ми се случуваше на почетокот. Под туш масирај со топла вода, одмолзувај и зелка ставај.
Кога престануваше да боли доењето? Бебе е 16 дена, се доиме некои 9-10. Инску второ ми е млеко си имам ама тие првите минута две до солзи ме боли. Прво доев со медела силиконските и вчера реков ај без нив да пробам на пола подој и сеа нејќе со нив да фати. Умирам првите минути.
Не треба воопшто да боли, не фаќа убаво. Мачкај ланолин на медела, те има разрането. Доењето не треба никогаш да е болно. Многу помага ланолинот, а и бебе може да цица со него.
Знам знам мачкам постојано. Вака рани нема. Со првото бев партал. А стварно мислам дека малку подлабоко треба да фати ама ништо живо да се наместиме. Кога ќе рикне со плачење ексик. Може треба да ја ставам на града пред да се разбуди зошто инаку е тепачка, прета со рачињата, дури и ме штипна за брадавица господ го видов
Ептен пргава женска имаш. Пробај така, ама додека не фати убаво ќе те боли цело време, обавезно мачкај ланилин.
Мајки вчера имав многу млеко дури течеше по мене.Денеска многу малку бебе се нервира гладно е….Пиев чај јогурт незнам веќе што да се напијам
Мене многу ми надоаѓа од овесно млеко. Исто можеш чај лактамикс, или бистар сок од јаболко, и дремни малку ако не си спиена, и од умор се намалува
Лактамикс 10мин пред доање, тиркизно е паковањето, мене ептен ми помага надоаѓа ептен млеко за кратко
Млекото не е чешма за ден да се мења притисокот сеа тече утре не. Од што заклучи дека е гладно бебето? Единствен начин да знаеш дека немаш е мерење на бебето пред и после подој. Колкаво ти е бебето? Течењето се случува додека се регулира лактација, или кога е регулирана, а немаш доено подолг период. Не е репер за тоа колку млеко имаш.
Здраво мајки, дали некој од вас користел алое вера гел на форевр за време на доење. Не можам да најдам информации дали можам да користам иако го дојам бебето. Поздрав, секое добро.
Мајки помош...бебе е 1 недела, млеко ми дојде 4тиот ден во болница... Таму пробувавме за доење со силиконска брадавица и колку толку факаше цице да цица плус ја дохрануваа. Си дојдов дома ја ставам на града исто со силиконска не сака вришти и се бори со мене. Денес имавме еден успешен подој и тоа без силиконска но следниот подој пак исто, плаче вришти и завршуваме на молзено ( има околу 30-40мл) и плус адаптирано млеко.. Ве замолувам за совет каде грешам и што да променам да може да имаме повеќе успешни подои
Штом фаќа без силиконска уште подобро. Менувај пози, најди која најмногу и одговара, и давај и да цица пред да стане нервозна, не мораш дури ни да ја чекаш да се разбуди или раскенка, на 1ч и 45мин макс 2ч нуди и да цуцка Ако немаш успех, а си од Скопје, можеш и Јасна да ја викнеш
Провери дали силиконската брадавица ти прави убав вакум навлажни ја за најубаво да залепи за да може да повлече. Се нервира веројатно зошто нема сила да извлече малечка е
Не сум од Скопје.... денес ја ставив на града и додека спиеше и пак ист ефект Ке пробам да ја ставам на 2 часа да видаме дали ке има ефект
Ја влажнам ама не ја фаќа како што треба и се нервира. Зедов иста силиконска како во болница, на медела. И јас мислам дека нема сила а сака наеднаш да и тече
Јас дојам и со медела и со чико, ми се чини дека од чико поголем е протокот да пробаш и со неа, и битно е да и удира горе на небцето, таму им е рефлексот за влечење штом ја осетат
Мојава женска вечерва се изнаплака, буквално 2саати од 21:00 до сега 23:00 беше на цице шмукаше како да е изгладнета а цел ден си цицаше и си спиеше напоредно. Ви се случило ли волку долго да биде на града бебе? Се плашам да не е прејаденс после толку долго енергично шмукање … сега едвај заспа да видам само до кога ќе држи заспана се осеќам како да ми ја исцица цела енергија буквално. Читав за кластер фидинг ама не ми изгледа како по дефиниција… таму вика многу чести а кратки подои .. ова беше маратон