Па не цица доволно, многу е малечко, се изморува. И сега бидејќи со цицање неможам да следам колку ќе испие ми рекоа да се измолзувам и барем 4 пати да давам по 60мл. Ама сега незнам кога да се измолзам. Бебе цица на 1-1,5 час
Гледај што повеќе да цица ако е гладно ќе плаче ќе знаеш верувај. Јас на мојата навечер давав тогаш посебно ја мрзеше да цица и некое време давав измолзено, сега веќе си цица и навечер без проблем дека поголема е. Тешко е на почетокот ама ќе помине. Најдобро е да молзеш од сабајле и некаде околку ручек, навечер после 19 малку како да се намалува млекото. Додуша бебе вади повеќе од пумпа и мој најдобронамерен совет е да даваш што помалку од шише оти брзо се навикнува после нема да сака да цица ќе ти биде потешко. И уште ова мене педијатар кога не пуштаа од болница ми кажа нема шанси да цица бебе подолго од 10 мин. Мало е се изморува, иако сестрите ми викаа по 15 мин од града, педијатарот на тоа преврте очи рече кај има сила за толку мало е. Тоа може да си биде на града за блискост и сл. Гледај мокри пелени и дали крева на килажа тоа е најрелевантно.
И јас давав измолзено еден период поради ова, па еве сега цица веќе 5 месеци. Не се грижи ќе биде се океј, ти препорачувам да даваш од Авент шише 0 проток за да треба и од тоа да влече да му биде послично на града. Од сабајле ќе извадиш најмногу млеко тогаш се најполни градите, ама најубаво после подој, ем нема да ги навикнеш во друг термин да произведуваат па после да имаш проблем, ем ќе стимулираш за да имаш повеќе млеко и обавезно кога ќе му даваш молзено за да знаат градите дека и тоа е термин кога треба да произведуваат тие млеко
Бебе очигледно има жолтица, ќе ја будиш штипкаш, да цицне. Јас цел месец се молзев на почеток, ем заради жолтица ем зашто не знаеше убаво да фати.
Заради тоа е поспана и слабо цица, молзи се ама мораш и на града за да стимулира. Пиј чаеви лактамикс, да одржуваш млеко. Колку повеќе пие течности толку побрзо ќе ја исфрли жолтицата, исто можеш и да ја ставаш покрај прозор да ја фаќа сонце заради жолтицата, мислам не да ја пече ама помага за жолтица.
И мојата имаше жолтица ама не ми рекоа да давам од шише ја подбуцнував цело време да продолжи. Јас давав со Авент 0 шишенце и немав проблем ни да ја вратам на града не се бунеше. Совет ми беше од педијатар да не ја учам многу на шише сепак така им е полесно. Ќе помине пробувај и со силиконска мене на почеток многу ми помогна
Детево мое реши да ме одбие мене така нагло, наполни една година сега на 14 пред три дена, последно цицање на 16 и оп пробувам да ја дојам и не ја затвара устата... Ме гледа во очи и се смее, по неколку саати пак исто, вечерта викам ќе сака сигурно поспана ќе фати... Нема шанси, ме погледна сериозно демек голема е сега за тие работи... И така, некако тешко ми падна, не очекував вакво нешто, мислев ќе тераме уште 2-3 месеци сигурно Туку сега што да правам со млеково што ми остана? Ќе си се апсорбира само или да го измолзам?
Наместо ти неа, она тебе, што ќе се мачиш ти мене мн ме болеа градите, имав бајаги млеко, и морав да се одмолзувам ама рачно, не со пумпа. И ми помогна доста чај од жалфија. Ставај и листови од зелка. А за тешко, и мене ми беше, си поплакав, сепак год ипол не беше малку што ја доев. Ама голема беше, јадеше се, па мораше да се заврши со тоа. Ќе си го памтиш како убав спомен тој период
Да... Да требаше јас да одлучам немаше да се решам, вака детето само си пресече, точно една година и како ми дојде млекото лани исто на 16.07. Сега за сега не ме болат градите, не осеќам нешто посебно. Се мислам дали да испијам Достинекс или нема потреба
Немаш потреба, јас ништо такво не пиев. Самото тело ќе "сфати" дека не стимулира веќе бебето и ќе почне да се повлекува млекото. Практикувај тоа со зелката и чајот, ќе се повлече за неколку дена.
Мене така првото ми се одби на 11ипол м некаде. Наместо да цица, он дуваше кога ќе го ставев и не сакаше да цица. Не измолзував, само ми се среди... Него третово сеа за 10 дена година ќе прави и она ќе тера со цицање сигурно. Ми станува навечер и никако не презаспива (мора со цице)... Оно и сакам да си ја дојам до мин 2г. Е сеа прашање имам дека вака долго не сум доела (второто до 5,6м цицаше па). Цица сабајле еднаш на прва дремка, а цицаше и на втора до пред некој ден. Ама сега пробавме и успеавме да тргнеме цице на втората дремка. Така ќе остане со 2 цицања преку ден (во 10 сабајле и тек 20-21ч), немам гајле за млеково така.. не би ми се десило нешто така? Не се смејте, ама стварно незнам ахахаха Сега еве ја весела, игра, си спиеше и на втора дремка (без цице), а ја грижа иам некоја.. да не треба да и дадам Мн време ми се виде без цице
Таман решив да ги тргнам силиконските брадавици, си фати да цица, но никако не сака со си ареола, само врвот.. ако го наместам убаво се тргна и плаче вришти, а толку се надевав дека ќе успееме А имам и малку млеко, со тоа барем ќе стимулираше, ама изгледа ќе треба да си се помирам дека не бива, не верувам дека после месец ќе ми надојде
Леле и јас мислев дека до 2 години ќе тераме, ако не до две барем до година и пол, ама ете, природа си е тоа, си знае кога му е доста.