1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Kitanova77

    Kitanova77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2020
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Па не цица доволно, многу е малечко, се изморува. И сега бидејќи со цицање неможам да следам колку ќе испие ми рекоа да се измолзувам и барем 4 пати да давам по 60мл. Ама сега незнам кога да се измолзам. Бебе цица на 1-1,5 час
     
  2. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    1.724
    Пол:
    Женски
    Гледај што повеќе да цица ако е гладно ќе плаче ќе знаеш верувај. Јас на мојата навечер давав тогаш посебно ја мрзеше да цица и некое време давав измолзено, сега веќе си цица и навечер без проблем дека поголема е. Тешко е на почетокот ама ќе помине. Најдобро е да молзеш од сабајле и некаде околку ручек, навечер после 19 малку како да се намалува млекото. Додуша бебе вади повеќе од пумпа и мој најдобронамерен совет е да даваш што помалку од шише оти брзо се навикнува после нема да сака да цица ќе ти биде потешко.
    И уште ова мене педијатар кога не пуштаа од болница ми кажа нема шанси да цица бебе подолго од 10 мин. Мало е се изморува, иако сестрите ми викаа по 15 мин од града, педијатарот на тоа преврте очи рече кај има сила за толку мало е. Тоа може да си биде на града за блискост и сл. Гледај мокри пелени и дали крева на килажа тоа е најрелевантно.
     
    На Трагедијаупмм и Kitanova77 им се допаѓа ова.
  3. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    1.801
    Пол:
    Женски
    И јас давав измолзено еден период поради ова, па еве сега цица веќе 5 месеци. Не се грижи ќе биде се океј, ти препорачувам да даваш од Авент шише 0 проток за да треба и од тоа да влече да му биде послично на града.

    Од сабајле ќе извадиш најмногу млеко тогаш се најполни градите, ама најубаво после подој, ем нема да ги навикнеш во друг термин да произведуваат па после да имаш проблем, ем ќе стимулираш за да имаш повеќе млеко :) и обавезно кога ќе му даваш молзено за да знаат градите дека и тоа е термин кога треба да произведуваат тие млеко
     
    На Kitanova77 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.404
    Допаѓања:
    13.884
    Пол:
    Женски
    Бебе очигледно има жолтица, ќе ја будиш штипкаш, да цицне. Јас цел месец се молзев на почеток, ем заради жолтица ем зашто не знаеше убаво да фати.
     
    На Kitanova77 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kitanova77

    Kitanova77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2020
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Да има и жолтица
     
  6. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.404
    Допаѓања:
    13.884
    Пол:
    Женски
    Заради тоа е поспана и слабо цица, молзи се ама мораш и на града за да стимулира. Пиј чаеви лактамикс, да одржуваш млеко. Колку повеќе пие течности толку побрзо ќе ја исфрли жолтицата, исто можеш и да ја ставаш покрај прозор да ја фаќа сонце заради жолтицата, мислам не да ја пече ама помага за жолтица.
     
    На Kitanova77 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    1.724
    Пол:
    Женски
    И мојата имаше жолтица ама не ми рекоа да давам од шише ја подбуцнував цело време да продолжи. Јас давав со Авент 0 шишенце и немав проблем ни да ја вратам на града не се бунеше. Совет ми беше од педијатар да не ја учам многу на шише сепак така им е полесно. Ќе помине пробувај и со силиконска мене на почеток многу ми помогна
     
    На Marijanche33 и Kitanova77 им се допаѓа ова.
  8. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.370
    Пол:
    Женски
    Детево мое реши да ме одбие мене :D така нагло, наполни една година сега на 14 пред три дена, последно цицање на 16 и оп пробувам да ја дојам и не ја затвара устата... Ме гледа во очи и се смее, по неколку саати пак исто, вечерта викам ќе сака сигурно поспана ќе фати... Нема шанси, ме погледна сериозно демек голема е сега за тие работи... И така, некако тешко ми падна, не очекував вакво нешто, мислев ќе тераме уште 2-3 месеци сигурно :( Туку сега што да правам со млеково што ми остана? Ќе си се апсорбира само или да го измолзам?
     
    На Izzy_0504 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    11.885
    Пол:
    Женски
    Наместо ти неа, она тебе, што ќе се мачиш ти :D мене мн ме болеа градите, имав бајаги млеко, и морав да се одмолзувам ама рачно, не со пумпа. И ми помогна доста чај од жалфија. Ставај и листови од зелка. А за тешко, и мене ми беше, си поплакав, сепак год ипол не беше малку што ја доев. Ама голема беше, јадеше се, па мораше да се заврши со тоа. Ќе си го памтиш како убав спомен тој период :inlove:
     
    На Tinna12345 и intj_girl им се допаѓа ова.
  10. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.370
    Пол:
    Женски
    Да... Да требаше јас да одлучам немаше да се решам, вака детето само си пресече, точно една година и како ми дојде млекото лани исто на 16.07.
    Сега за сега не ме болат градите, не осеќам нешто посебно. Се мислам дали да испијам Достинекс или нема потреба :?:
     
  11. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    11.885
    Пол:
    Женски
    Немаш потреба, јас ништо такво не пиев. Самото тело ќе "сфати" дека не стимулира веќе бебето и ќе почне да се повлекува млекото. Практикувај тоа со зелката и чајот, ќе се повлече за неколку дена.
     
    На intj_girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.078
    Допаѓања:
    77.976
    Пол:
    Женски
    Мене така првото ми се одби на 11ипол м некаде. Наместо да цица, он дуваше кога ќе го ставев и не сакаше да цица. Не измолзував, само ми се среди...


    Него третово сеа за 10 дена година ќе прави и она ќе тера со цицање сигурно. Ми станува навечер и никако не презаспива (мора со цице)... Оно и сакам да си ја дојам до мин 2г. Е сеа прашање имам дека вака долго не сум доела (второто до 5,6м цицаше па).
    Цица сабајле еднаш на прва дремка, а цицаше и на втора до пред некој ден. Ама сега пробавме и успеавме да тргнеме цице на втората дремка. Така ќе остане со 2 цицања преку ден (во 10 сабајле и тек 20-21ч), немам гајле за млеково така.. не би ми се десило нешто така? :rofl: Не се смејте, ама стварно незнам ахахаха Сега еве ја весела, игра, си спиеше и на втора дремка (без цице), а ја грижа иам некоја.. да не треба да и дадам :rofl:
    Мн време ми се виде без цице :lol:
     
  13. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Нема да имаш за 3-4 дена ќе ти се навикнат градите
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Таман решив да ги тргнам силиконските брадавици, си фати да цица, но никако не сака со си ареола, само врвот.. ако го наместам убаво се тргна и плаче вришти, а толку се надевав дека ќе успееме;( А имам и малку млеко, со тоа барем ќе стимулираше, ама изгледа ќе треба да си се помирам дека не бива, не верувам дека после месец ќе ми надојде
     
  15. intj_girl

    intj_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2023
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.370
    Пол:
    Женски
    Леле и јас мислев дека до 2 години ќе тераме, ако не до две барем до година и пол, ама ете, природа си е тоа, си знае кога му е доста.
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LeNora

    LeNora Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2024
    Пораки:
    744
    Допаѓања:
    1.724
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе цица толку надојдува и млеко. И јас на почеток така бев прво имав многу, после веќе не беше така барем такво чувство имав. Сега веќе градите ми се меки мислиш ништо нема во нив, а супер си цица, си напредува. Мојата е таква проблематична никако не можев да ја наместам само преташе да биде по нејзино. Колку пати солзи ми идеа дури цица, сега е три месеци и веќе е супер знае да фати убаво. Тешко е ама не се откажувај, после два месеци веќе е многу полесно барем според мене. Стимулирај и со пумпа ако мислиш дека е малку млеко. Јас првиот месец давав и со силиконска и без немав проблем да ја тргнам ама полесно фаќаше со неа. Мала е не знае и нема сила уште но ќе се научи треба време малку.
     
  17. MariaBouli

    MariaBouli Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2024
    Пораки:
    1.140
    Допаѓања:
    1.801
    Пол:
    Женски
    Мојата едвај фаќа ареола, па еве се доиме веќе 6 месеци. Не се откажувај, ако се плашиш да не снемаш пумпај чисто за стимулација :)
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DolceVita3

    DolceVita3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2021
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    23
    Бебе 10 дена, фаќа само со силиконска. Јас имам млеко, но не премногу.. од двете што вадам со пумпа по неколку пати дневно не било повеќе од 60мл на пумпање. Бебуш многу е мрзлива и деновиве и го давав молзеното или Ад ако не сакаше да влече на града. Еве денес успешно постојано е на града, највеќе што ја држеше по цицање е утринското и тоа 2,5 часа, е потоа во денов имавме серија цицање на 20-30 мин буквално.. па затоа на пола ден и дадов едно АД 30мл, го пиеше 1 час со заспивање мрзливо. Сега повторно се утепа од цицање без прекин.. ми е страв да не не и е доволно да не ја прегладнувам.. а малечка е родена, 36 недела, 2700гр.
    мислам дека до следно мерење ќе сум под стрес дали напредува и дали и е доволно..
     
  19. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    Често доење не значи дека немаш млеко.
    Еве моево месец е напредува одлично па пак наутро по 2.5 часа не бара а навечер пред спиење цица на 15-30 мин.
    Мислам дека си стимулираат за понатаму..
     
    На naturally и DolceVita3 им се допаѓа ова.
  20. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    3.113
    Пол:
    Женски
    И друго сакав да кажамм дете прегладно ќе плаче нема да цица ако нема млеко:)
     
    На DolceVita3 му/ѝ се допаѓа ова.