Цела бременост си викав одвај чекам да се плеснам на стомак да се породам… се породив и сфатив дека не смеам пак ќе си умрам а мн сакам да спијам на стомак… вака на грб како недоспана сум
Мајки, можеби некоја имала сличен проблем како мојот па би ми дала совет. Тежок пораѓај, бебе одвоено од мене 4 дена. На првата средба бебето го ставам на града сестрата погледнува - супер, има добар вакум и толку. Не пуштаат со жолтица бебе си спие многу преку ден јас на секои 2-3 часа му давам да цица но секојпат по малку цицаше. На првата контрола беше намален во килажа и одма ми дадоа адаптирано млеко. Неколку дена не цицаше од мене бидејќи се навикна на шише. После го комбинирав но тешко. Дали некоја од вас после адаптирано се вратила на доење? И како ја зголемивте лактацијата, што користевте? Прво бебче ми е и целосно сум изгубена и разочарена од тоа што неможам 100% да дојам.
Дали пиете газирано, конкретно кисела вода? Знам на почетокот во болница ми рекоа да избегнувам ради грчеви но смеам ли сега чим ни е поминат периодов со грчеви? 3+++ сме
Чим сакаш да доиш не се откажувај лесно биди упорна ставај бебе на града. Мојата не беше на адаптирано скроз ама исто со жолтица првите денови без сила па и давав молзено од шише и адаптирано кога немав измолзено ама ја ставав и на града постојано пред шише да стимулира. Кое шише го користиш? Ние со филипс авент со најмал проток немавме проблем и не ми одбиваше града бидејќи тешко се влече од тоа. Со силиконски брадавици си пробала? Тешки се за користење и после за откажување ама вреди да пробаш како за преод од шише на града па постепено ќе ги тргаш. Мојава првите денови само со нив фаќаше еве сеа 3+++ сме на ексклузивно доење без шишиња и силиконски. За лактација многу течности, чај за доилки, боза, пиво безалкохолно, разновидна здрава храна, добар сон и помалку стрес. Биди упорна нуди града пред шише.
Јас мастит имам, пијам антибиотик и ништо друго не правам за да го средам. Бебе не сака да цица воопшто од таа страна бидејќи брадавицата е тврда, па ќе пробам така со маслиново масло. Со пумпа ништо не излегува, а со рака едвај една по една капка, додуша и пред мастит по капка излегуваше
И уште еден совет за превенција од мастит. Два пати за два месеци на иста града ми се направи, на воспоставена лактација, второ дете дојам. Покрај се набројано од масажи, до молзења, до зелки, земете си и сончогледов лецитин на now. Суплемент во исхрана е и ги разбива мастите во каналчињата и на тој начин превенира да се наталожи млеко каде што е потесно каналчето. Тргна трети пат грутка да ми се прави, озбилно мислев да баталам доење и со ова чудо со две капсули испиени почна да се разбива грутката. Сега ептен строго и редовно секој ден пијам. Немаат баш никаков контра ефект со доење, напротив, само придобивки може да има. Јас очајна станав, бебе 5 месеци, а мене тргна 3ти пат мастит да ми се прави од никаде.
Да да, баш суплемент е. Зборнав јас, ми рекоа дека е ок. Зборев и со докторката што ме води со тироидата затоа што моментално сум во состојба на акутен тироидитис и ми рече слободно да ги пијам. Инаку ова е совет од Јасна. Ова е
Јас имав сличен проблем со пад на килажа на бебето, ме советуваа да го ставам на града на секои 2-3 часа - и навечер, а после секој подој дополнително да се измолзувам за стимулација и тоа млеко да го давам на бебето. Правев така првиот месец, тешко е но стварно помогна и детето си напредна убаво и јас супер одржав лактација и сега само на доење сме без проблеми. Значи често на града - максимум на 3 часа и секогаш на двете гради и често што почесто измолзување и ќе биде. Ако и откако ќе помине жолтицата има проблеми со цицањето, најдобро консултација со Јасна или друг консултант за лактација.
Мислев дека само си умислувам, ама дефинитивно спиењево на стомак стварно влијае другачје. Кога ќе се разбудам така, градиве ми се многу тешки и осеќам болка како некој да ме штипел внатре. Бебе одма цица и се смирува. А годинка сме и има 4 подои само и пак проблеми се плашам ептен да не зезнам работа да се запушам и јас пак сакам од утре да тргнам 1 подој и да давам ужинка