Цела бременост си викав одвај чекам да се плеснам на стомак да се породам… се породив и сфатив дека не смеам пак ќе си умрам а мн сакам да спијам на стомак… вака на грб како недоспана сум
Мајки, можеби некоја имала сличен проблем како мојот па би ми дала совет. Тежок пораѓај, бебе одвоено од мене 4 дена. На првата средба бебето го ставам на града сестрата погледнува - супер, има добар вакум и толку. Не пуштаат со жолтица бебе си спие многу преку ден јас на секои 2-3 часа му давам да цица но секојпат по малку цицаше. На првата контрола беше намален во килажа и одма ми дадоа адаптирано млеко. Неколку дена не цицаше од мене бидејќи се навикна на шише. После го комбинирав но тешко. Дали некоја од вас после адаптирано се вратила на доење? И како ја зголемивте лактацијата, што користевте? Прво бебче ми е и целосно сум изгубена и разочарена од тоа што неможам 100% да дојам.
Дали пиете газирано, конкретно кисела вода? Знам на почетокот во болница ми рекоа да избегнувам ради грчеви но смеам ли сега чим ни е поминат периодов со грчеви? 3+++ сме
Чим сакаш да доиш не се откажувај лесно биди упорна ставај бебе на града. Мојата не беше на адаптирано скроз ама исто со жолтица првите денови без сила па и давав молзено од шише и адаптирано кога немав измолзено ама ја ставав и на града постојано пред шише да стимулира. Кое шише го користиш? Ние со филипс авент со најмал проток немавме проблем и не ми одбиваше града бидејќи тешко се влече од тоа. Со силиконски брадавици си пробала? Тешки се за користење и после за откажување ама вреди да пробаш како за преод од шише на града па постепено ќе ги тргаш. Мојава првите денови само со нив фаќаше еве сеа 3+++ сме на ексклузивно доење без шишиња и силиконски. За лактација многу течности, чај за доилки, боза, пиво безалкохолно, разновидна здрава храна, добар сон и помалку стрес. Биди упорна нуди града пред шише.