Да се надоврзам на муабетот со мрзнењто, еве денес одмрзнав едно од март за да го ставам во гризот. имаше таков метален вкус, така да пиши порпало. валда и другите ќе се исто...
Јас таков проблем немав и сите 40 кеси ги потрошив кога не бев тука. Имам и дополнителни неколку после тие од нив уште две имам за следно на свадба кога сме целодневна да и ги дадат. Адаптирано ставам во кашите иначе веќе, послатки се и повеќе ја држи.
Јас последното го дадов две недели пред 6 месеци да поминат. Зборам од тие 40 кеси, си го испи ко да не видела.
Ја онака од радозналост да видам каков вкус има мајчино млеко имам лизнато и беше баш вкус на млекце ама благичко ептен, замрзато еднаш даваше маж ми сма не ми спомнав дс го проба тазе е замрзнато пред 2недели ваљда не може толку брзо нешто да му бидне а?
ако не е убаво и бебе нема да го сака. јас од ова денес и скршив малку од замрзнатото за во шмукалче да и дадам, се мрштеше. мислев од ладното и си реков да пробам и сфатив дека поверојатно од вкусот се мрштела
Дали смеам да ставам вагиналети Lactogyn додека дојам? Имам чешање од вчера, гинеколог не ми е тука па да прашам искуство.
Како одмрзнувате? Јас првово го ставив во обичен фрижидер вечерта и после маж ми сабајлето во топла вода само го притоплил. Ама знаев однапред да спремам… ако е нешто набрзина како одмрзнувате? Може во микро директ? Или во тенџере со врела вода да се стави?
Јас греам вода во едно тањирче и го ставам кесето во нејзе и за 5 минути е одмрзнато. Никогаш не вадам толку рано.
А мене што ми е гадно да пробам? Не можам и крај. Па кога ќе го видам мрсното одделено горе ми се приповраќа дури. Маж ми лизнува, ама го гледам и него му е језа. Ама затоа големово е скроз радознало па и оттурив во една ракиска чашка еднаш да проба и рече само МАМААА СОН Е ОВА. Дури жал ми падна. Немајка сум
во микро никако, а и да врие не. или како феникс, или под млаз врела вода на чешма. јас најчесто како тебе од претходно сум го одледувала, и после само загревала
Кај мене исто од радозналост или љубомора не знам проба големата ама не и се допадна. Да сака би и измолзувала... Пред некој ден па да цица сакала дека не давав фати ме гризна.
Ме пресмеа. И ќерка ми го бендиса. Едвај чекаше да го проба. Првиот месец им давав на двајцата пошто имав многу, а бебе не можеше се да исцица. Син ми нејќеше ни да го помириса ама му го подметнував во корнфлекс. Со првото дете си направив хиперлактација од плус молзење за да замрзнам и ништо на крај не искористив, а имав многу. Со второто и третото ич не се обидов да замрзнам им давав на другите две. Чинам и ноќните и утринските каши содржеа и млеко, плус секогаш можеш да им стиснеш малку. Почна со дохрана тинкер? Со што почна?
Јас знам од 6 до 12 месеци за замрзнато млеко во длабоко. Доколку одмине рокот користете гo за бањање