Здраво на сите… дали имате некој совет како да ја тргнеме силиконската брадавица? Има фатено и без неа да цица, сма по одреден период станува нервозно и не фаќа така па морам пак да ја ставам силиконската…
Ние ја тргнавме на 6 недели. Она што функционираше за нас беше да ја ставам на цице пред да и се прејаде многу, мојата беше како под саат на 2 саати јадеше, па јас на саат и 45 минути ја ставав на цице најчесто кога уште беше заспана за да не биде веќе нервозна за јадење. со тој начин многу лесно ни успеа, на др начин никако не сакаше
Дали може да ми го раскажете вашето искуство со доење во болница ? Мојата си цица одма си фати и си цица може и по еден саат саат ипол де да цица де да спие на града, ама више после тој саат нервозна станува плаче бара града ке завлече две секунди ке цица и пак ке почне да плаче... значи гладна е нема доволно млеко Сакам многу да ексклузивно да си ја дојам ама ме плаши моментот да не ни кажат да бидеме и на адаптирано и на доење...
Зошто страв? И моето беше неколку дена на комбинирано, мислејќи дека немам млеко па еве веќе пет и пол месеци е на ексклузивно. Ќе си надојде млеко, со самата стимулација од бебето. Затоа е најбитно да го ставаш цело време.
Мојата на болница не сакаше ни да дреме на града. Ја ставав така ќе цицнеше малку и тоа беше. Цело време очекував дека ќе ме испишат со ад ама последниот ден ми надојде баш млеко. Одвај ред фативме за цицање кај жолтица кај не знае она не знам ни јас да ја наместам ама еве 4 месеци само на доење сме. На почетокот многу ми помогна силиконска брадавица. Мало е ќе се научи нема ни сила многу за тргање не губи надеж ќе биде во ред.
Имам проблем денеска. Бебе цел ден од 10 сабајле до ,3 око не склопи, спиеше и се будеше на секој 30 мин за града ама деновиве ми е мн нервозно додека ја фати, турка, греби со рачињата а отвора муце. Денес исто така ама кога ќе го ставев да цица како повеќе да си играше со градата отколку што пиеше Си дојдовме дома заспавме преуморни двата на спална и кога станав да го дојам не сакаше да отвори муце, поспано беше. Потрга 10 мин макс и после тоа му понудив шише молзено не сакаша да тргни поспан беше мн. Го оставив да спие и сега по два и пол часа пак исто, отвора муце ама нервозно ми ја турка градата, дали дека пупките ми се малце вовлечени или не знам што е работата, или пак дека го преуморив денски и сега надохнадва со спиење.
Прашањето ми е за новороденче...Ако е најдобро "доење по побарување", а бебето спие ноќе и не се буди да бара, дали е во ред да се остави повеќе часа без доење? Што ако не качува килажа и ако не му се разработува убаво желудничето?
Тоа педијатар мора да те насочи со редовно мерење и според возраста на бебето.. Исто така клучен фактор е физиолошката жолтица. Моето беше ептеееен жолто и поспано и будев на 2ч хранев со молзено, брзо се исчисти после поспивавме
мајчино измолзено млеко на собна температура колки може да стои? исто и за ад млеко? колку што читав 1ч
Здраво Ве молам доколку некоја мајка има искуство со разбивање на грутки во града, а притоа да се измолзувала... Бебе не цица од града, на измолзено мајчино млеко е целосно, се обидов да го ставам на града за да се регулира лактацијата, но имам мнооогу болки од распукани брадавици. Топол туш, масажи и облоги од зелка ставам. Не знам каква рутина да фатам за измолзување и што друго да направам за побрзо разбивање на грутките, болките се огромни
Ве молам за совет. Уште во болница при првото цицање ми се разранија брадавиците. После секое доење ставам ланолин на медела, но нема некое подобрување. Дали би ми помогнале силиконски брадавици, барем додека заздрават раните, секое доење е многу болно.
мој совет ти е да издржиш, ставај ланолин ќе помине. знам дека е многу болно, ама ако фаќа вака греота е да ја учиш со силиконски
Пробај со пешкир натопен во жешка вода внимателно да ги завиеш градите напред и држи додека се олади, мене мн ми помагаше ова кога ми се запуши каналче. Топол туш да има пареа во вц и нежно масирај пд горе и надоле према брадавицата. После топол туш стсвај ја на града полесно ќе и биде да влече и млекото ќе биде надојдено повеќе одма ќе и тече, најискрено јас би пробала и со силиконска, подобро бебе да се храни и да не закачиш недај боже некој мастит. После ќе се одбикнувате од силиконска ќе бараш чаре… ама решавај проблем по проблем да не дојдеш до мастит недај боже
Сите не болеше на почеток… издржи мама туширај се и ланолин одма, не облекувај маичка, седтрите во систина ми викаа намачкај и гола лежи да упие во порите а не да се намачка по текстилот. Ако фака бебе немој да заучуваш со силикон, поминува за два три дена таа болка а ќе доиш цела година здравје боже
Колку мл млеко измолзено давате на 4 ипол месеци, а колку на 5? Ќе имам некои настани кај што ќе треба да носам измолзено да знам од прилика колку треба. Читав дека мајчино тој период пијат околу 160- 180мл ама некоја од искуство да каже.