и јас имам два уште од првата, ама не ми стојат убаво, затоа се мислев сега каде да најдам некои поасални. ќе пробам со тему.
Јас овие ги пијам, пишува дека се за бремени и доилки https://zegin.com.mk/mk/solgar-pren...inerali-za-bremeni-zheni-i-doilki-120-tableti Прегрди и големи се за пиење ама крвната слика ми е супер
Ммм солгар ги сакам како фирма не ми ги понудија овое во зегин гледаш во бременост метилираните витамини сите нивните ги примав и супер беше се. Ај ќе видам со овие грчкиве не можам да најдам инфо дали во нив има фолна метилирана или обична на лице место ќе прочитам па ќе решам
Жени апдејт на мојата ситуација, денеска повторно имам болка, не можам никако да и дадам да цица на таа дојка, кога влече многу боли, а надворешно не се забележува нешто дека има, нема ни на допир топче, грутка .
Мама ланолин дали ставаш? Мене ми беше така од едната кога влечеше ѕвезди броев од болка, ланолин ми помогна, сега немам проблем.
мене па денес ме пушти скроз, земи лецитин почни да пиеш, ако не те пушта и утре отиди на лекар најубаво
Здраво, јас имам малку чуден проблем. Од вчера бебето не сака да цица на десната града, вака немам ништо видливо на градата, не напипувам ни затнато каналче, пробав да измолзам со пумпа, имав доволно млеко, пробав и со силиконска исто не сакаше. Минатата недела на таа града имав затнато каналче, ама сега е се океј. Дали имате некој совет, искуство? Почнав да се молзам редовно за да одржам лактација.
Добро како доите кога имаат заби? Луѓе детево ми ги изеде брадавициве, значи премногу, премногу боли зошто му се преостри. И згора на тоа ако изреагирам се смее и ја држи така со заби истегната.
Во принцип трае кратко тоа со забите и нив им е најверојатно чудно што имаат запчиња во уста, многу боли, за жал, ама најчесто трае доста кратко таа фаза, неколку дена кај моево траеше. Не го оставај никако да те тегне со заби, во моментот кога ќе те гризне, одма со малиот прст му ја вадиш брадавицата од уста и кажуваш “не”. Не дека разбира, ама сепак. На секое така ќе ја вадиш градата и ќе би требало за брзо да заврши оваа фаза.