Доење

Discussion in 'Бебе' started by bibitri, Jan 28, 2010.

  1. Puffy2019

    Puffy2019 Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2019
    Messages:
    713
    Likes Received:
    1,611
    Gender:
    Female
    Те разбирам околу ставот, чувството што го имаш. Истото го мислам и јас.
    Особено чувството кога цица и те гледа во очи...ни на првото ни на второво немаше потреба за дохрана, но имаше потреба од моја голема упорност.
    Тоа што плаче на цице не мора да значи дека не сака да цица од тебе.
    Можеби е од скокот, можеби се грчеви. Ви кажал педијатарот дека после вториот час почнува да се вари храната, и дека ние кога ќе им додадеме уште храна тоа ќе направи поголем хаос во стомачето?
    Тоа откако го дознав со првото дете, веќе давав после два и пол-три часа, пред тоа не.
    Можеби е желба, потреба како што ти кажале другите да и смениш положба на цицање.
    Се сеќавам ко низ магла дека овие епизоди ги имав и јас со син ми, иако беше стравствен цицач знаеше да го прави истото на периоди. Но, не остана гладен затоа што тоа не се случуваше 24/7, исто како кај тебе, гледаш и ноќеска и денес цицала.
    Имаше периоди кога одбиваше храна, тоа мислам дека беше кога го мачеше вадењето запчиња, и поради пад на имунитетот. И ден-денес пред да настине ако одбива храна знам што следува.
    Така што, не се грижи, не верувам дека ќе се одвикне од цицање ако ти самата не се откажеш.
     
    Mimmi39 and Baby warrior like this.