Те разбирам околу ставот, чувството што го имаш. Истото го мислам и јас. Особено чувството кога цица и те гледа во очи...ни на првото ни на второво немаше потреба за дохрана, но имаше потреба од моја голема упорност. Тоа што плаче на цице не мора да значи дека не сака да цица од тебе. Можеби е од скокот, можеби се грчеви. Ви кажал педијатарот дека после вториот час почнува да се вари храната, и дека ние кога ќе им додадеме уште храна тоа ќе направи поголем хаос во стомачето? Тоа откако го дознав со првото дете, веќе давав после два и пол-три часа, пред тоа не. Можеби е желба, потреба како што ти кажале другите да и смениш положба на цицање. Се сеќавам ко низ магла дека овие епизоди ги имав и јас со син ми, иако беше стравствен цицач знаеше да го прави истото на периоди. Но, не остана гладен затоа што тоа не се случуваше 24/7, исто како кај тебе, гледаш и ноќеска и денес цицала. Имаше периоди кога одбиваше храна, тоа мислам дека беше кога го мачеше вадењето запчиња, и поради пад на имунитетот. И ден-денес пред да настине ако одбива храна знам што следува. Така што, не се грижи, не верувам дека ќе се одвикне од цицање ако ти самата не се откажеш.
ми треба совет и мислење од некој што имал слично искуство, малото вчера направи два месеци, ја носевме на педијатар, овој месец многу малце има качено на килажала. првиот месец имаше качено 1.400, а сега само 600 грама за цел месец, педијатарот вика мн малце, да одиме за една недела пак на мерење па да видиме шо ќе праиме, она вака не покажува дека е гладна, првиот месец не спиеше ич и цело време беше на цицка сега баш си поспива и навечер само еднаш станува, а и преку ден поретко бара да цица, периодов ни беше мн стресен се селевме па си викам да не ми влијаело тоа на млекото, докторкава вика како се осеќаш ти дали имаш млеко и стварно не знам како се осеќам бебево полни пелени спие, не плаче си кака редовно златно жолто ни на крај на памет не ми имаше текнато дека не јаде доволно, вака кога цица ја слушам дека голта и сама си се трга не плаче, не знам шо да мислам стварно, пошо веќе ми е воспоставена лактација градите ми се меки не ми се преполнуваат како би знаела колку млеко имам и колку цица.... првата ќерка ми е доена до година и не сум имала ваков случај па сега не знам ни шо да применам, иначе и давам да цица секогаш кога ќе побара.
Мојата од 3 месеци почна така и еве до ден денес она повеќе оди во висина, на 9 месеци она имаше висина за година. Плус 1400 за месец е баш доста за доено бебе, па еве следниов месец не качила толку. Мислам дека немаш потреба за грижа, 600 е минимумот ама не качуваат па секој месец кило. Ако е гладна ќе знаеш. Колку се извишила за месецов?
Мојата се уште не качува многу, а особено тие првите месеци се беше или на границата нивна или под. Ама матичната ми рече се додека бебето е среќни, весело, напредува (а не намалкува), полни пелени, кака итн. не е проблем. Едноставно некои бебиња помалку качуваат
мојава матична баш делуваше загрижено, 5 пати ми повтори дека е многу малце и за една недела да ја носам пак на мерење, си мислам да не ме тера да и давам ад, не дека имам нешто против него не знам шо е правилно, еве од вчера цело време ја ставам да цица ама она си цица и се трга или си заспива
Мојата качи првиот месец кило ипол што е реално многу. Сега вториов месец помалку ми качува . По 200 гр неделно у просек. Матичната вика нормално е зашто првиот месец качила ептен.
Гладно бебе не е весело, нека не те плаши за џабе матичната. Не ставаат исто килажа цело време, може една недела 100 грама наредната 300. Се додека бебе си цица, весело е, полни пелени јас не би се секирала
Може да отидеш оваа недела да има качено 100 грама, а наредната да качи 400. Не качуваат исто, што знам, јас затоа што една недела ја огладнев поради моја грешка, знаев точно како изгледа моето бебе кога е гладно. И затоа не се загрижив за тоа. Внук ми исто еве до ден денес има 8 години, он уште од бебе е на "долна граница" со килажа, па е здрав, прав, дечко. Мојава е сега 8 месеци, јаде повеќе од мене, па еве сеа последно кога ја мерев, за еден месец околу 500-600 грама качила, ама па кака 3-5 пати на ден
Немој да се мачиш и да си ставаш бариери, за ништо. Ќе менува нон стоп. Скокот е тежок секако. Од 1100мл дневно сега пие 630 мл... скоро упола. Несака не ја терам со сила, бутка шише. За 5 дена завршува 4ти скок, до сега се разбуди 3 пати навечер во овие колку 20 и нешто дена што е скокот и тоа во 3 и во 5. Еднаш и млеко дадов во 3 плачки беа ама и тој ден слабо јадеше преку ден. Значи како мене шише што ми фрла и се бори се тепа така и на града. И тело реагира дава помалку млеко не бара бебе толку. Па ако има мн ќе стврдне града. Така да опушти душа ќе помине ова. Ако неќе ако имаш измолезно ок, ако немаш дај АД ако пие од шише. Не е страшно, и нема да влијае на доењето. За итни ситуации еднаш два пати. Понатака можеш и во кашички да ставаш ад со некои комбинаци. Прилагодувај се според ситуација немој да се стресираш и да плачеш, нема потреба важно е бебе да е најадено. Ќе помине скокот и ќе се врати во нормала.
Воопшто да не си исплашена. Самата најдобро си го познаваш бебето. Најважно е да полни пелени и да е добро, качувањето на килажа е многу индивидуална работа кај сите бебиња и колку повеќе ќе растат помалце ќе качуваат затоа што се повеќе ќе трошат, дополнително имаат секојдневни промени од тип скок во развој, вакцини, вируси и слично. Не се обесхрабрувај и продолжи да си доиш како што сте фатиле ред. Моето бебе некој месец качуваше повеќе некој помалце ама генерално секогаш беше околу 500/600 грама месечно. Се си беше ок.
Зошто се нервираш? Не напредува? Или дека не цица ти кога и нудиш? Бебе е веќе големо, само ќе ти каже кога му се цица, батали тоа два саати три саати. Од сега натаму преку ден се им е интересно и многу потешко е доењето, затоа надокнадуваат навечер и се будат почесто, тоа е најголемиот проблем на некој начин. Еден трик за да цица повеќе преку ден е да го шеташ низ соба во раце на цице . Или во затемнета и тивка просторија. Ќерче преку ден цица само за успивање, ретко да побара измеѓу. Воопшто не и мерам дали и кога јадела. Кај нас па бато е најинтересен и немаме време за цицање дур сме будни. Да знаеш дека во 4 и 5 скок се многу кенкави бидејќи се сакаат да направат, а ништо не можат . Со спиењето исто, се будат за цицање, ама се тоа е дел од патувањето. Од шише побрзо јадат, ад е покалорично и затоа подобро спијат.
Бејби по ова што го читам, забележувам само колкава огромна одговорност и притисок си наметнуваш. Да, мајчиното млеко е незаменливо, доењето огромен предивик ама најважно од сѐ е бебето да ни е најадено и задоволно. И јас пишував на 2.5 месеци имавме таква ситуација и се воспостави дека во тој период немав доволно млеко па затоа било толку нервозно и бев на раб да се откажам иако психички тешко ми падна. Но, реков ќе продолжам и 100мл мајчино да пие пак е огромен бенефит. 2 недели теравме со 3 дохрани АД дневно, во меѓувреме стварно си посветив себе внимание, обилни и здрави протеински оброци, да спијам повеќе, малку грижа за себе и да не си наметнувам толкав притисок. Млекото се регулираше, после 3 недели пак се вративме на ексклузивно доење и ретроспективно сум сигурна дека психичкиот момент беше пресуден за намалување на количината на млеко. Не си дозволувај тие бариери што си ги ставаш да те фрлат во некој зачаран лавиринт да се изгубиш и заборавиш сама себе. Бидувањето родител е навистина огромен предизвик и најголемата животна одговорност особено за мајките, но не треба да бидеме жртва за нашите деца. Туку да ги одбереме како приоритет и со љубов и нежност да растеме и ние заедно со нив. На децата ќе им требаме и за 30 години, среќни, задоволни и со зачувани нерви. Не си ги земај лично работите, некогаш некои работи се посилни од нас и нашата желба, ништо од тоа не зборува за тоа каква мајка си, тоа е притисок кој самите си го наметнуваме. Дополнително, твојата бебушка е 4 месеци на ексклузивно доење, замисли колку многу подоји се тоа, време поминато заедно, љубов и топлина пренесена кон неа и еден куп антитела, витамини и сѐ што и е потребно. Тоа зборува за твојата љубов и посветеност и не се убедувај самата во ништо помалку. Пробувај ти, но, ако веќе психички те бутка стави приоритет на тоа да си тука присутна до неа здрава и среќна.
Ти пишаа многу совети членките, упте едно нешто што би додала е да читнеш за 4 month reverse cycling, чим викаш ноќе на 2 саати станува да цица а дење борби водите голема шанса да сте влегле во тој период кај што ноќе внесува повеќе калории. Без стрес, се е период и се поминува. Кога сме ненаспани и преморени се изгледа по страшно од што навистина е
ново ми е, првото бебе баш качуваше килажа доста, како мишелинка беше, ама се роди и доста поголема, ова и поситно се роди и скроз различно бебе е. прашањето ми беше повеќе во насока дали за една недела кога ќе ја носам на мерење и според педијатарот не е океј килажата ако ми рече да давам ад, дали да давам и покрај тоа што јас мислам дека имам млеко, стварно не знам, пак си викам поише знаат од нас ваљда, вчера ми спомна ако не да пробаш да и даваш чајче, а јас некако сум против давање чај на толку мало бебе, не сум давала ништо со првото... стварно не знам дали треба да и идам контра
И мојата првиот месец не напредуваше доволно ама педијатарот од систина ме охрабри да продолжам да дојам. Ако осетам дека бебе цица малку и врти глава нема млеко тогаш ќе пристапиме кон ад. Јас првите 40дена доев со силиконска не знам дали доиш директ или со силиконска кај нас тоа имаше огромна бариера откако ја тргнавме бебка почна да качува убаво.
Мене педијатарот пак, ми рече дека не треба да и давам чајче зашто и прави лажна ситост, а нема ништо хранливо во него. Мислам дека си во право, подобро да ја следиш и да не брзаш со ад или чајче.Ќе видиш на мерење што ќе каже педијатарот кога ќе отидеш пск,ама ако убаво цица и имаш млеко, нема потреба од ад. За чајче и јас сум против, рано е уште.
Мен во систина педијатарот ми рече и чајче и вода нера критис јас еднаш пробав чајче на месец ипол ќе се задавеше бебе пошто потечно од млекото непознато и фрлив тоа