Сум пиела, задоволна бев осеќав разлика. Ама јас еве 9 месеци дојам, не ми се полнеле никогаш градите, особено па таму после 5-6 месец па ич, ама не сум осетила дека имам помалку млеко. Дури и кога кратев подои не осетив ништо, едноставно градите си имаат фатено лактација убава и тоа е тоа. Дали само дека бебето е нервозно и плаче сметаш дека ти е намалено млекото? Знаеш дека таквите симптоми може да се и од други причини, како скок во развој, заби, и сл.
Знам, но претходниот месец кога почнав со чајот и чувствував дека имам повеќе млеко и поубаво цицаше и повеќе спиеше ноќе, сега ако не ја сака вечерата цела ноќ се буди 4-5 пати и цица, затоа се сомневам дека ми се намалува млекото. Исто и кога ќе стиснам вака не шприца убаво. Првото го доев 2 години, не сум имала ваков проблем. Ќе ги пробам, само кажи ми овие ги пиеше или има и други?
Јас со царски покасно добив млеко пиев Лактил и Лактамикс, Лактилот до доста касно си ги пиев, кај мене многу помогнаа.