Сум пиела, задоволна бев осеќав разлика. Ама јас еве 9 месеци дојам, не ми се полнеле никогаш градите, особено па таму после 5-6 месец па ич, ама не сум осетила дека имам помалку млеко. Дури и кога кратев подои не осетив ништо, едноставно градите си имаат фатено лактација убава и тоа е тоа. Дали само дека бебето е нервозно и плаче сметаш дека ти е намалено млекото? Знаеш дека таквите симптоми може да се и од други причини, како скок во развој, заби, и сл.
Знам, но претходниот месец кога почнав со чајот и чувствував дека имам повеќе млеко и поубаво цицаше и повеќе спиеше ноќе, сега ако не ја сака вечерата цела ноќ се буди 4-5 пати и цица, затоа се сомневам дека ми се намалува млекото. Исто и кога ќе стиснам вака не шприца убаво. Првото го доев 2 години, не сум имала ваков проблем. Ќе ги пробам, само кажи ми овие ги пиеше или има и други?
Јас со царски покасно добив млеко пиев Лактил и Лактамикс, Лактилот до доста касно си ги пиев, кај мене многу помогнаа.
Дојам веќе ексклузивно година дена, константно ми е лошо, значи константно. Испитав се, се е добро. Веќе не знам што да испитам а за жал не можам да прекинам да дојам иако одвај чекам… што пиете? Пијам премама ама веќе не ми делуваат, значи почнувам да се плашам дека нешто не е во ред со мене, зашто страшно ми се лошо.
Солгар мултивитамини и спирулина. За спирулината има поделени ставови за при доење ама мене тромбоцитопенијата само со неа ми е во ред и дур бев трудна пиев
Така ми се врти, немам сила за ништо. И тоа апла ми зе слошува, буквално некогаш се вадам од памет. Зашто поделени? Као не смее?
Па поише би рекла дека ја немаат тестирано доволно за како влијае на млекото и ради тоа има мислења да не се конзумира. Јас еве дојам 7.5 месеци без проблем, и бебе и јас со супер крвна слика. Со години пијам и мене многу добро ми делува па продолжив и сега. Дур бев трудна прекинав и крвната слика ми се поремети па и докторката ми рече да пијам. Зимам од зегин една хималајска, скапичка е ама бар проверено потекло за да не внесувам токсини.
Од август сум почната, не знам не осеќам замор од тоа. Ќе ја прашам баш матичнава. Зашто буквално се распаѓам. Ако можеш сликни ми.
Оваа е https://www.zegin.com.mk/mk/now-hawaiian-spirulina-200-tableti види прашај и ашваганда дали смееш, јас имам позитивно искуство пред да останам трудна пиев еден период кога бев многу анксиозна. Друго нз за пиење ама ако немаш физичка активност почни обавезно нешто
А дали до крај на доење апетитот ви е плафонски? Ко подвижен слон сум значи цело време сум гладна а јадам калорично и нутритивно џабе.
А притисокот? Бременост? Се е исклучено? Мене така неубаво лошо од тироидната ми беше. Све комплетно тироидни испита?
Се е исклучено. Се е испитано, одлична е тироидната, според хормони, на ехо имаше промени ама ме пратија преку хормони и супер е. Не знам што друго да испитам.