Ставај го кај што имаш грутки, нежно масирај под туш со многу топла вода и топли облоги пред доење за да се отворат каналите. После доење ладно на градата, јас земав онакво од аптека што се става во замрзнувач и лади. Јасна мислам препорачува сончогледов лецитин од now за каналите, јас мастит добив одненадеж не сум пробала. Гледај да превенираш тоа зошто на се ова плус треска јака не ти треба верувај ми. Да се едитирам: мораш да ја празниш градата и да разбиеш грутките некако, макар и со молзење. Ама кај мене повеќе ефект имало бебето да цица
Исто и кај мене првите денови си имаше млеко, ама со тек на време се намалуваше, првиот пат и скроз секна. Не се секирај, другата надокнадува.
Под топол туш, значи жежок колку што можеш да издржиш масирај (види на интернет има видеа како). Кога ќе ги разбиеш ќе видиш ќе ти истече млеко. Мене левата така ми се правеше, редовно масирав и почесто бебе на таа града да цица.
јас малце одбегнував неколку дена од болка на таа града преку две доења ставав и молзе впо малце може затоа се влошува…. Почнав такви тушеви да, меѓутоа болката е голема, прво молзам малце па после го ставам на града. Валјда не грешам
Пробај да го наместиш убаво да ја фати градата и лош фат може дополнително да те боли. Никако одбегнување да цица од таа града, полошо ќе си направиш. Масирај со нежно притискање од позади нанапред спрема ареолата и ќе видиш како ќе прсне млеко.
Попаметно е мислам прво бебе на градата болна па после ако уште ти е како тешка и со грутки да доодмолзиш ама не скроз, само колку да ти олесни. Ако молзиш скроз ќе правиш стимул да се лачи уште повеќе млеко од таа града а чим има грутки веќе е повеќе од што бебе може да исцица. Мене 2-3 пати така ми се случи како грутки и да ми натежне ама бебе веќе беше поголемко и имаше бајаги сила од едно цицање да разбие, бидејќи твоето е мало можда ќе мораш и со пумпа одпосле ама мислам и Јасна ќе ти рече не скроз се да одмолзиш ама и никако да ја оставаш таа града да се полни без празнење
Внимавај јас бев цела запушена, плочки, пред маститис во ремедика само оспен ми препишаа ништо не ми помогнаа како да се отпушам. Катастрофа после 5ипол години уште ги памтам болкит3. Инаку листови од зелка ставав, топло туш, одмолзување колку да олесни. Значи не да се одмолзуваш па да цица, така направив хиперлактација бетер проблем. Викај одма консултант некој
Мислам @Baby warrior имаше пишано за маслиново масло на туферче да се стави. Јас така ставив некој сат на ареолата и потоа кога ќе притиснев на неа и на грутката течеше по малку млеко, па така успеав да се спасам од грутката. Исто ми беше црвено местото претходно и кренав 37.5 температура
Кога имав неподносливи болки не и давав да цица од таа града додека не заздраве, се измолзував со пумпа. Ставав облоги со борова вода, многу ми помогна и ми ја вадеше температурата од градите, а потоа под туш со топла вода и измозувај се.