Форумџика на годината

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.191
    Допаѓања:
    8.211
    Пол:
    Женски
    Ставај го кај што имаш грутки, нежно масирај под туш со многу топла вода и топли облоги пред доење за да се отворат каналите. После доење ладно на градата, јас земав онакво од аптека што се става во замрзнувач и лади. Јасна мислам препорачува сончогледов лецитин од now за каналите, јас мастит добив одненадеж не сум пробала. Гледај да превенираш тоа зошто на се ова плус треска јака не ти треба верувај ми.

    Да се едитирам: мораш да ја празниш градата и да разбиеш грутките некако, макар и со молзење. Ама кај мене повеќе ефект имало бебето да цица
     
    На Larea, Anie93, Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    2.706
    Допаѓања:
    6.688
    Исто и кај мене првите денови си имаше млеко, ама со тек на време се намалуваше, првиот пат и скроз секна. Не се секирај, другата надокнадува.
     
    На Лунарина му/ѝ се допаѓа ова.
  3. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    5.338
    Под топол туш, значи жежок колку што можеш да издржиш масирај (види на интернет има видеа како). Кога ќе ги разбиеш ќе видиш ќе ти истече млеко. Мене левата така ми се правеше, редовно масирав и почесто бебе на таа града да цица.
     
    На dummy, Anie93 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  4. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    18.275
    Пол:
    Женски
    јас малце одбегнував неколку дена од болка на таа града преку две доења ставав и молзе впо малце може затоа се влошува…. Почнав такви тушеви да, меѓутоа болката е голема, прво молзам малце па после го ставам на града. Валјда не грешам :whew:
     
    На Трагедијаупмм и Milkiway им се допаѓа ова.
  5. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    5.338
    Пробај да го наместиш убаво да ја фати градата и лош фат може дополнително да те боли. Никако одбегнување да цица од таа града, полошо ќе си направиш.
    Масирај со нежно притискање од позади нанапред спрема ареолата и ќе видиш како ќе прсне млеко.
     
    На Трагедијаупмм, Anie93 и dummy им се допаѓа ова.
  6. dummy

    dummy Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2024
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    1.554
    Пол:
    Женски
    Попаметно е мислам прво бебе на градата болна па после ако уште ти е како тешка и со грутки да доодмолзиш ама не скроз, само колку да ти олесни. Ако молзиш скроз ќе правиш стимул да се лачи уште повеќе млеко од таа града а чим има грутки веќе е повеќе од што бебе може да исцица. Мене 2-3 пати така ми се случи како грутки и да ми натежне ама бебе веќе беше поголемко и имаше бајаги сила од едно цицање да разбие, бидејќи твоето е мало можда ќе мораш и со пумпа одпосле ама мислам и Јасна ќе ти рече не скроз се да одмолзиш ама и никако да ја оставаш таа града да се полни без празнење
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Milkiway

    Milkiway Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.598
    Допаѓања:
    19.528
    Внимавај јас бев цела запушена, плочки, пред маститис во ремедика само оспен ми препишаа ништо не ми помогнаа како да се отпушам. Катастрофа после 5ипол години уште ги памтам болкит3.
    Инаку листови од зелка ставав, топло туш, одмолзување колку да олесни.
    Значи не да се одмолзуваш па да цица, така направив хиперлактација бетер проблем. Викај одма консултант некој
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Merten

    Merten Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2020
    Пораки:
    871
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    Мислам @Baby warrior имаше пишано за маслиново масло на туферче да се стави. Јас така ставив некој сат на ареолата и потоа кога ќе притиснев на неа и на грутката течеше по малку млеко, па така успеав да се спасам од грутката. Исто ми беше црвено местото претходно и кренав 37.5 температура
     
    На Anie93 и Baby warrior им се допаѓа ова.
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.396
    Допаѓања:
    18.043
    Пол:
    Женски
    Кога имав неподносливи болки не и давав да цица од таа града додека не заздраве, се измолзував со пумпа. Ставав облоги со борова вода, многу ми помогна и ми ја вадеше температурата од градите, а потоа под туш со топла вода и измозувај се.
     
    Последна измена: 2 јануари 2026
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    8.682
    Допаѓања:
    14.589
    Пол:
    Женски
    @thinkerbell и @Noemi нешто пиевте? На помош ако може.:D
     
    На Anie93 и EarthFire им се допаѓа ова.
  11. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    1.124
    Кои капки и витамини ти ги препорачаа што му направија проблем? И јас ќе се пораѓам во Ремедика, па вака ми значи што ве читам, да си бидам спремна, не ми се допаѓа што не помагаат да се воспостави екслузивно доење.

    Што правеше кога бебе штрајкуваше? Го оставаше така, или...?
     
  12. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.191
    Допаѓања:
    8.211
    Пол:
    Женски
    Еве моево штрајкува повремено од почеток, затоа и почнав ад да давам чат пат, и пред некој ден пак ми направи, рика и не сака да цица. Јас го оставам, му давам од шише да пие. Додека сфатам дека се губи со цицањето повеќе настојувам, а кога гледам дека не оди, пробувам по еднаш после, ако не сака, не сака. Секое следно хранење пробувам додека фати. Исто препорачуваат да нема дистракции многу од околу кога ќе му даваш да цица, моево беше мало и дури сега почнува повеќе да перцепира. Големиот знаеше после 4 месеци така све друго да го интересира, со него едно време во темница, тивко функционираше. Ама тој вака како малово не ми правел. Толку бев сигурна дека ќе дојам ексклузивно пак, какви проблеми не снајдоа овој пат.. Само што имав млеко па морав се ослободам од него некако некако се задоивме иначе ми се одмили и доење и све.
     
    На Трагедијаупмм и EarthFire им се допаѓа ова.
  13. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.191
    Допаѓања:
    8.211
    Пол:
    Женски
    Молзење па ставање на града ми има смисла само ако се дави бебето претходно од голем млаз, иначе не. И на крај исто јас не сум се молзела, а камен ми се правеле градите, колку малку и да цицне не може да останат така како што биле пред да цица. Евентуално од другата ако не сака, па таа да ја измолзам, ама ако цицало убаво од града, шо знам колку може уште тврда да ти биде..
     
  14. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.609
    Допаѓања:
    14.353
    Пол:
    Женски
    @Feniksgirl да, јас пиев сончогледов лецитин. Се уште пијам еве 10+ месеци е бебе.
    @Anie93 најголема грешка ти е да рипаш подои на болната града. Боли страшно, ама мораш да му дадеш да цица таму. Додека да почне let down рефлексот е страшното, јас плачев од болка, после намалува. Ако не можеш туш, добро е со топла крпа да ја затоплиш градата, па дај на бебе да цица. Инаку бабски лек што многу ми помогна е магдонос исечкан ма многу ситно, па истолчен да пушти сок. Мешаш со кисело млеко и мачкаш на болното место. Јас ставав на цела града, вклучително и пупка. И така 45 мин барем да седи. После отстранувањето не знам што чуда правеше, ама јас осеќав олеснување и одма капнуваше по малку млеко.
     
    На Feniksgirl и EarthFire им се допаѓа ова.
  15. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    2.867
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Женски
    Прво смири се и земи го бебето во раце бидејќи е малечко и претпоставувам нема сила да влече којзнае колку инсистирај на подолго доење на таа града. Пред да го ставиш на града топол пешкир мокар завиткај ги градите и држи додека се олади - внимавај само не жежеок да се изгориш, топол само. Мене туш не ми помагаше, повеќе топла пареа и вака натопен пешкир за да ми згоелми циркулација одма после излегувањ е од вц бебето во рака и цицање . Бебето ќе го наместиш во длабок хват устичката да му ја отвориш што подлабоко на ареаолата зошто околу се каналчињата што треба да ги стимулира за да рече повеќе млеко, не пупката. Јасна ќе ти препорача и соин лицитин. Иначе за маслиново масло советот е за запушен канал, провери дали имаш бело топче на пупката, ако има значи има запушување ако не грутки се. Во секој случај гледај брзо да го решиш до утре зошто се комплицира брзопотезно :(
    пх долга е оваа тема ама прво наоружај се со трпеливост најголема на свет. Јас се убивав од плачење зошто толку мн сакав да дојам и имав млеко од прв месец доста Јасна што вика за две деца а мојава женска протестираше. Кога плачеше на града и ме буткаше земав се одмолзував и давав од шише, маж ми беше најгоелма поддршка он ја нишкаше ја играше додека извадам млеко за да не преминам на ад дохрана. После првиот месец почнав да правам залихи и правило до денес ми е да имам барем 5-6 кесички со 100-120мл млеко во секое време. Кога бевме во врор скок ми текнува сабајле пред да оди маж ми на работа измолзував 50мл барем во шишенце и ставав во фрижидер да имам за сњкој случај за преку ден зошто знаеше ненормално да врисне и да не може да ја смирам а гладна јас сама со бебе по цели денови. Ако не го искористев замрзнував и пак така се во круг. Тежок е тој круг многу ама мојата љубов кон доењето беше и сеуште е неопислива па бев упорна мајка ми што вика улава не упорна :x:rofl:
    Ти посакувам многу трпеливост зошто патот е тежок ама за мене од непроценлива вредност како за доживување на процесот така и за здравјето на моето дете :l: немој да се откажуваш!
     
    На EarthFire и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  16. A94

    A94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    1.703
    Пол:
    Женски
    Ако имаш црвенило може да станува збор за мастит. Види Јасна што ќе ти каже
     
  17. LadyInPainting

    LadyInPainting Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2023
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Немој молзење па после цицање, мора да е обратно. После туш ќе го наместиш бебето со брадата накај грутката и со блага масажа ќе му помагаш да ја исцица. Немој да скокаш подој само полошо ќе направиш, зелка после подој, топли тушеви пред секое цицање и упорност, пумпата ме влече како што влече вакумот на бебето.
     
    На Marijanche33 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    952
    Пол:
    Женски
    Аптамил прематуре млеко
    Колиеф и рекол бимбо капки
    Д3 со к1 и омега од бејбитол
    Можеби на некој му помогнале не знам
    Сменив млеко земав Холе
    И капки давам еспумисан
    Витамин д3 обавезно
    А омега повремено оти мислам дека и тој му прави грчеви
    Ама сега давам и мултивитамини
    Можеби и начинот на кој се даваат игра улога
    Во смисла да не се во исто време и да се измеша со ад
     
    На EarthFire му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    18.275
    Пол:
    Женски
    мене ми дадоа хип комбиотик, рекол пробиотик и колиеф за грчеви. Јас ништо од ова не давам. Зошто цица, на првата контрола им кажав и рекоа во ред. Не ме убедуваа ништо :)
    Бебето имаше качено 90 гр рече треба бар 110 вака на прва со доење и не викнаа сега во Понеделник пак.
    А за витамини д3,к1, омега сексде ги даваат не се секирај. Иначе млеко пробуотици сите различни даваат зависи кои им се спонзори. Ете кај членката биле Аптамил, нас сега Хипп ни даваа. Руски рулет е што че ти се погоди, не е до болницата тоа не се секирај
     
    Последна измена: 3 јануари 2026
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fragaria

    fragaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    952
    Пол:
    Женски
    Иначе да напоменам
    никој не ме убедуваше туку тоа беа препораките
    Исто беше и кај матичниот педијатар
    Дури еднаш на почетокот кога појдов ми вели мораш да даваш ад си го изгладнела бебето а не беше точно
    После сама сконтав дека му е вриштењето и од што му се спие некогаш и од тогаш пелени користев други имаше црвенило и на секое мочкање плачеше и кремот исто го сменив
    Значи не плаче бебе само кога е гладно
    Немам ништо против ад
    Јас сепак најмногу се лутам на себеси оти не бев информирана однапред
    А докторите секаде сите исто даваат препорака и ти велат дека е најдобро доењето но не објаснуваат подолго и пошироко како да стигнеш до таму на почетокот кога реално кај мене барем се уште не беше надојдено млекото
    А не веднаш немаш млеко оти меки ти се градите давај ад (ова матичниот педијатар не во Ремедика)
     
    На Baby warrior, Anie93 и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.