Го барав по аптеки пред некое време и ми кажаа дека од Алкалоид не го носеле веќе некое време, не знам дали моментално имаат прекинато со производство. Јас го купив на Хип тој што е во гранули, а скоро во ДМ најдов еден што пишува дека е за доење, гледам по состав не е баш ист со другиве два ама го земав за проба.
Инаку сакав да ве прашам дали на секое будење на бебе го нудите да цица? Моево станува двапати најчесто, третиот пат ако е многу рано се молиме да поспие уште малку, ама обично кога ќе стане прво пробувм да го успијам така со нишкање ама ретко се успива само така - само ако станувањето му е брзо после последното цицање. Инаку ако не е јаден 3-4 саати не успевам да го успијам зашто продолжува да плаче, ама кога ќе му дадам да цица се успива брзо после тоа. Страв ми е да не му е само тоа асоцијација за успивање па после да имаме проблем кога ќе треба да го одбијам.