1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. macufce

    macufce Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2016
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Ќе земам баш...
    Значи страшна е болкава, обично трпам болка, ама ова е неподносливо ...
     
  2. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    4.629
    Пол:
    Женски
    Го барав по аптеки пред некое време и ми кажаа дека од Алкалоид не го носеле веќе некое време, не знам дали моментално имаат прекинато со производство. Јас го купив на Хип тој што е во гранули, а скоро во ДМ најдов еден што пишува дека е за доење, гледам по состав не е баш ист со другиве два ама го земав за проба.
     
    На ludamaja10 и sarki им се допаѓа ова.
  3. poker_face

    poker_face Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    819
    Допаѓања:
    4.629
    Пол:
    Женски
    Инаку сакав да ве прашам дали на секое будење на бебе го нудите да цица? Моево станува двапати најчесто, третиот пат ако е многу рано се молиме да поспие уште малку, ама обично кога ќе стане прво пробувм да го успијам така со нишкање ама ретко се успива само така - само ако станувањето му е брзо после последното цицање. Инаку ако не е јаден 3-4 саати не успевам да го успијам зашто продолжува да плаче, ама кога ќе му дадам да цица се успива брзо после тоа. Страв ми е да не му е само тоа асоцијација за успивање па после да имаме проблем кога ќе треба да го одбијам.
     
  4. honey95

    honey95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Со првото бебе боли додека се воспостави лактација и сите тие работи. Дали би ги имала истите проблеми со второто (го одбив првото кога дознав дека сум бремена) или полесно ќе биде? Да се опремам пак со голема ланолин :rofl:
    По некоја логика се надевам уште памтат градиве каков е процесот нема многу време поминато од првото :wasntme:
     
  5. EarthFire

    EarthFire Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    1.509
    Јас да, пошто во просек станува 2 пати со размак од 3/4/5саати, и мислам дека треба да јаде.
    Уште ми е мене рано да почнам да ги вежбам советите за презаспивање без цицање или нишкање, можда ќе имам проблем ради тоа, ама тоа е тоа за сега.
     
    На Трагедијаупмм и poker_face им се допаѓа ова.
  6. Vegegirl

    Vegegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    506
    Допаѓања:
    257
    Пол:
    Женски
    Јас само со цицање ја презаспивам, има време понатаму кога ќе биде со нишкање , сега и треба мама
    Не е секогаш дека е гладно, туку да те осети, комфорт, сигурност и одма полесно ќе презаспие
     
    На poker_face му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    593
    Пол:
    Женски
    Да не те разочарувам, јас баш сум слушнала дека за второ дете сè е исто, одново. До негде и ми има смисла, дека ако бебе има лош фат, без разлика дали е прво, второ или петто, партал ќе ги направи брадавиците. Според мене зависи од бебе до бебе. Само во секој случај психички ќе е сигурно полесно, пошто знаеш што те чека :D
    Како и да е, сè се издржува :)
    Со лесно и среќно. Па здравје, сподели искуство како бидна кај вас :)
     
    На Mimmi39 и honey95 им се допаѓа ова.
  8. honey95

    honey95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Јас па викам ќе се утешам барем каналите дека полесно ќе се отпушат :worried: ќе видиме, како и да е баш ќе споделам, со лесно на сите (fingers)
     
    На Eho му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    9.182
    Пол:
    Женски
    Мене за второ дете како ми беа запушени, за првото не ми беа така. Ама 5 години имаа поминато..
     
    На honey95 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.454
    Пол:
    Женски
    Исто е и со второ само знаеш што те чека.
    Моето е скоро 3 месеци, почна да цица уште во болница но за разлика од првото кое одма ми направи рагади влечејќи на празно па одеднаш доаѓање на млеко и болки при испумпување мачкање ланолин сега ја послушав сестрата ,ми рече мајка не давај бебето да те влече на празно ќе ти дојде млекото па тогаш и така бидна . А јас упорно давам да фати да цица она ќе ме погледнеше и вика дај да дадам шприц да не е гладен послушај ме.
    Има моменти кога отпосле доаѓа многу млеко па мора да се одмолзеш еднаш ми се затна канал на едната дојка но со помош на листови зелка се среди.
    Сега веќе е воспоставена лактацијата и цицаме супер.
     
    На Eho и honey95 им се допаѓа ова.
  11. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    499
    Допаѓања:
    217
    Се сомневам дека имам затнат канал, бебе 6недели. Се доиме ексклузивно мислам дека со тоа што пиев интензивно чај за доилки дополнително влоши состојба.


    Почна од сабајлево рано, болка под пазуви, па се движи накај брадавица. Немам отекување, ниту визуелни грутки ниту било кој друг симптом. Се масирав, туширав со млака вода и бебе цица но уште е тука чувството. Совет некоја?
     
  12. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    593
    Пол:
    Женски
    Туширај се со колку можеш пожешка вода да прска таму каде на допир ја осеќаш грутката. И масирај. После доење ставај ладни облоги.
     
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MiLady

    MiLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2021
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Пред доење стави топли облоги, и ставај го бебето да цица што повеќе на таа града. Кај мене пумпата не помагаше, само бебето ми го реши тој проблем.
    Надоаѓа млеко на периоди така, и јас имав мал проблем една недела околу втор месец
     
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.914
    Допаѓања:
    12.523
    Пол:
    Женски
    Истата беља си ја направив тогаш на почетокот мислејќи мора да се пие чај, па ја па и боза затерав оно и повеќе од што треба сум имала млеко, па само ми помогна одмолзување со пумпа и бебето често да цица. Се надевам до сега подобро си.
     
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    499
    Допаѓања:
    217
    Да да среќа за неполни 24ч се среди. Не сме во МКД моментално и пумпата ми остана дома, само бебе беше решение да цица, среќа се среди. Фала ви за советите
     
    На Cherry blossom89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Babygirll3

    Babygirll3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    279
    Пол:
    Женски
    Дали некој имал слично искуство, помагајте, секој совет е добредојден
    Бебе има 10 дена, се доиме колку може повеќе, го ставам на града ама изгледа е мрзливка така кажа патронажната, не сака да цица, малку цица активно, другиот период стои на града како со цуцла
    Беше падната на тежина малку па сега сме на комбинирана, и давам и адаптирано, од шишенце цица без проблем ама на града оди доста бавно, сега пробувам и да се молзам па така да и давам ама сепак сакам да се привикне да цица од града
    Деновиве беше и доста поспана па одеше уште потешко, а млеко има доволно, барем така кажа патронажната
    Цело време се грижам дали е доволно јадена не дај боже да не паѓа уште на тежина
    Дали некој има слично искуство и дали како би се средило?
     
  17. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    4.076
    Пол:
    Женски
    @honey95 изгледа нема правило. 5 г поминати меѓу двете со првото млеко ми дојде после 1 недела ,сега уште веднаш.
    Со првото беше потешко се и на лрај имав рана на десна и не ја сакаше од 4 м натаму никако. Со второто се беше ок до кај 8 м после настина и потешко му бепе влечењето на десна и така на крај десната ми снема млеко и пак и ова цица само од лева.
    Дали на десна не беа сосема разработени каналите како ли абе ни да се преполни тие 2 дена.


    Јас друго дојдов да кажам една што работи во комшиска фирма ораша дали ми цица бебето уште викам да да. Ау како му го даваш тоа жешко стоено млеко цел ден не чини И пробав јас да се објаснувам дека врска си нема тоа ... фати ми замина на сред муабет :rofl:
    Ама не знам зошто ме изнервира (facepalm)
     
    На merriel0, honey95, MeowMeow и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Eho

    Eho Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2024
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    593
    Пол:
    Женски
    Леле најјако, уште ова го немав слушнато :rofl::rofl::rofl: да не знае човек дали да се смее или да плаче, ем неедуцираност, ем самоувереност дека знае таа и ќе те поучи тебе - добитна комбинација :) ах бе...
     
    На MeowMeow и Nala1806 им се допаѓа ова.
  19. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    1.956
    Допаѓања:
    4.076
    Пол:
    Женски
    Ама ти не знаеш како избега ,истресе глупостите и си се затвори во канцеларија ја ли на неа ќе и кажувам :rofl:
    А ќерка и има бебе 1 недела разлика,и го одбила дека и сметало лактоза па ќерка и не можела млечно да јаде и многу ослабела |(
    И викам да не има држено диета а дека ради шо не јаде млечно ослабела тешко него ај :D


    Инаку сличен муабет за стоено млеко имам од свекрвата слушнато.
     
    На Eho и Nala1806 им се допаѓа ова.
  20. KristiM

    KristiM Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ве молам за совет. Бебенцето има 7 недели, секогаш се успива со доење. Откако ке ја пушти градата, го исправам преку рамо да подригне, некогаш ни успева некогаш не, потоа го оставам на моите гради уште 20тина минути. Откако ке го префлам во креветче, покажува знаци на нелагодост, како да му се враќа млекцето, почнува да мрда и прета со рачињата, ретко знае да поврати малце и да продолжи да спие, но во пвеќето случаи ова резултира со плачење и расонување. Ова се случува и во ноќните подои, што практично не остава без сон по цела ноќ. Дали ова е знак за рефлукс? По препорака од педијатар почнавме да користиме рефлукс перница, но не гледам некое подобрување.