Ќе помини, биди упорна, јас од простум го доев тој период, шетав низ соба и на цицка, и јас исто плачев и пренервозна бев оти така правеше и мислам дека уште полошо му правев оти нели не осеќаат. Само смирено и истрајност, кратко трае.
Јас продолжив да ги пијам ПреМама Дуо што ги пиев во бременоста, плус железо и магнезиум глицинат на Солгар.
Добар ден девојки…. Ова што ќе го напишам дури и мене ми звучи лудо и глупо и сѐ, треба да се породам за 2-3 недели некаде, ама не сакам да дојам……. ЗНАМ дека мајчиното млеко е најдобро за бебето и сите работи што си одат со тоа, ама минатиот пат со првото бебе доењето ми беше психичко измачување. Цицаше до 4 месеци, немав многу млеко, и се измолзував и сѐ, цицаше главно со силиконски брадавици од мене не сакаше за ништо на светот, ама мислам дека најмногу ме “отепа” притисокот од околината. “Како мислиш немаш млеко?”; “Цицаше бебето денес? Колку пати?” Од сите. Од маж ми, од свекрва, од мајка, од сите. Кога беше комбинирано на цицање и на АД воопшто не ни спиевме, се трудеше кутро бебе ама млеко немаше. Кога ќе му дадевме АД спиеше по 6 часа без проблем, и тој задоволен и ние. Не сакам никакви лекови за прекин на млекото, ама некако потајно се надевам дека нема да имам, и се чувствувам виновно само од помислата. Хелп?