Здраво, бебето е 11 недели, од почеток сме на комбинирана исхрана, ама многу слабо напредува. Последнава недела кога ќе дадам да цица одбива и се грчи и плаче. Пробував да се одмолзам ама од двете гради излезе скоро 10мл. Градите ми се меки и после многу саати без да цица. Дали тоа значи дека веќе немам млеко? Ве молам за совет бидејќи планот ми беше да дојам и ова малку ми паѓа тешко.
Не значи дека немаш млеко. Количината што ја молзиш со пумпа не е иста со количината што бебе ја цица. Меки гради не се празни гради. Околу трет месец се јавува т.н. доенечки штрајк, можеби тоа е случајот кај вас. Јас бев во многу слична ситуација, малку порано од тебе, околу 7-8 недела. Бебето преферираше шишенце и почна да одбива града. Исто молзев по многу малку количински. Не престанав да нудам града, иако повеќето обиди беа неуспешни (цицаше поспана и некогаш стоејќи/шетајќи низ соба). Секојпат кога ќе одбиеше, молзев. На околу 12 недели, магично почна пак да цица и уште сме на комбинирана исхрана (сега веќе и немлечна храна). Ако ти е целта ексклузивно доење, немам соодветен совет, бидејќи мене не ми успеа, ама ако сакаш само да продолжите комбинирано, не се откажувај, нуди града постојано, не форсирај ако одбива, молзи за да задржиш лактација, и земи си некои суплементи (грчко семе, чаеви за доилки, лактил и слично). Со лесно!