Здраво, бебето е 11 недели, од почеток сме на комбинирана исхрана, ама многу слабо напредува. Последнава недела кога ќе дадам да цица одбива и се грчи и плаче. Пробував да се одмолзам ама од двете гради излезе скоро 10мл. Градите ми се меки и после многу саати без да цица. Дали тоа значи дека веќе немам млеко? Ве молам за совет бидејќи планот ми беше да дојам и ова малку ми паѓа тешко.
Не значи дека немаш млеко. Количината што ја молзиш со пумпа не е иста со количината што бебе ја цица. Меки гради не се празни гради. Околу трет месец се јавува т.н. доенечки штрајк, можеби тоа е случајот кај вас. Јас бев во многу слична ситуација, малку порано од тебе, околу 7-8 недела. Бебето преферираше шишенце и почна да одбива града. Исто молзев по многу малку количински. Не престанав да нудам града, иако повеќето обиди беа неуспешни (цицаше поспана и некогаш стоејќи/шетајќи низ соба). Секојпат кога ќе одбиеше, молзев. На околу 12 недели, магично почна пак да цица и уште сме на комбинирана исхрана (сега веќе и немлечна храна). Ако ти е целта ексклузивно доење, немам соодветен совет, бидејќи мене не ми успеа, ама ако сакаш само да продолжите комбинирано, не се откажувај, нуди града постојано, не форсирај ако одбива, молзи за да задржиш лактација, и земи си некои суплементи (грчко семе, чаеви за доилки, лактил и слично). Со лесно!
Бебе е 3 недели и сега овие два три дена почна да протестира не сака да цица, ќе се тегне накај градата и кога ќе ја ставам не сака да фати џабе и помагам не сака почнува да писка да вриска... од шише давам така кога гледам дека џабе се трудам а она е глсдна и нервозна и пие од шишето Не ми е јасно зишто така прави имам и млеко и се... има грчеви да утре ке каже докторката што да и давам ама па вело време така да прави не знам не ќе да е од грчевите, нема само моето бебе грчеви..
Биди многу упорна со нудење града и шише давај минимално, колку што можеш помалце. Јас мислам така си се 'зафркнав', почна да одбива града, продолжив со шише, иако во моментот не гледав друга опција... упорно нудев града, ама џабе, не беше успешно. И кога даваш со шише давај му со техника paced feeding. Крени го шишето да му отиде млеко, па навали го за малку да цица без да му иде млеко, да не навикне дека одма штом цица мора да иде млеко, што е поразлично од градата. Исто и шишето нека е со послаб проток. Јас имав Филипс авент 2, не тече само кога ќе го превртиш, ама па отпосле ми спомнаа дека не е добра опција дека го 'учи' бебето на плиток фат. Ми спомнаа од Нук и Мам биле подобри, немам искуство само ти спомнувам да прашаш/разгледаш. Пробувај исто во темни простории, тивко да е, да нема никакви дистракции. Некогаш читам помага кога нудиш бебе да цица дури шеташ од соба во соба. Некогаш помага само нудење града во лежечка позиција. Пробај секако. Дур е успано бебе пробај понуди, мене ме советуваа да пробам да го разбудам бебе со цице, отприлика да пратам кога би се разбудило, и малку порано јас да го разбудам нудејќи да цица. И ко последна опција, наполни када, земи бебе врз тебе на гради да лежи и по некое време може само ќе си најде и ќе почне да цица, ако не почне пробај нежно понуди го. Исто и пробај да дадеш малку млекце со шише, колку да не е скроз нервозно, па да префрлиш на града. Еден куп работи изнапишав, многу читав, буквално се опседнав јас на темава ама за жал мене ништо не ми помогна. Баш деновиве си мислев дали да имам сега 2ро дете би знаела што ми е грешката и би правела нешто поразлично... и одговорот е дека не знам со сигурност, може требаше да оставам и да плачи повеќе, и да форсирам града, не знам што да кажам.. Ти посакувам успех, од срце
Здраво, имам прашање за бебе од 2 недели, како треба да се брои интервалот на цицање- 2 часа од крај или почеток на последен подој?
@Eho верувај и да имаш второ дете ќе ти биде скроз различно од првото и пак нема да знаеш, еве јас како паталец. Првото дете ми цицаше до година ипол и беше страствен цицач, си цицаше секаде и во секаква положба и немавме никакви кризи. Со второво уште на глава шо не застанав. Истово го правеше како @angelce23, пишував пред некое време во темава и јас за помош. Фаќаше да цица и цицаше минута две, се тргаше со плачење и немаше шанси пак да фати, па се одмолзував и му давав некое време после секое цицање. После почнав да му давам да цица исклучиво кога ќе се разбуди од дремка и во лежечка позиција, и до ден денес само тоа функционира. Надвор да сме нема шанси да фати да цица колку и да е гладен. Ако е буден мора да го залажувам со цуцлата па да му ја бутнам цицката иако е гладен не сака да фати. Терсене од сите страни, со првото стварно уживав во доенечката приказна, со ова секој подој ми е стрес. Многу пати имав искушение и пробав да му дадам АД пошо психички многу ме оптеретува/ше, ама за жал или за среќа не ми прифати и си останавме на доење. Кај нас мешето беше проблем, грчеви/гасови и уште има гасови некои денови го заболува меше и мн прди а веќе наполни 4 месеци. @angelce23 Се изнапишав ама еве кај нас помогна цицање само кога е поспиен и ден денес така функционираме, пробај. И @Eho ти дала супер совети, пробај нешто ќе профункционира. Издржи ако можеш, период е
Majki zdravo, smeam da se napijam analgin dodeka dojam? Ili paracetamol? Za glavobolka mi e.. pozdrav
Кога почнува да се воспоставува лактацијата? Мислам кога ќе престанат да ми се стврднуваат толку хахах и кога бебе ќе научи само да фаќа а не да се тепаме дур да фати
Околу третиот месец се прави некоја рамнотежа со лактацијата ама па тогаш се случува и првиот пад на количина на млеко така да јас не бев раат првите 6месеци пратев цело време и млеко и бебе после станува нешто полесно
Здраво мами, дали некоја пиела цефалексин додека доела и правела облоги со ациди борици? Имам некоја почетна фаза на мастит и матичната ми го препиша тој антибиотик, а ациди борици е токсичен па ми е шубе да ставам облоги… Инаку бебе е 3 недели, го дојам и досега освен во болница немам измолзувано (си јаде машала, па ги празни градите при подои).
Јас пиев цефалексин, а ациди борици шубе ми беше. Зелки ставав и онакво за ладење од аптека што се чува во замрзнувач преку долна маица се ладев.
Пред една недела се вратив на обврски со работата, прв пат се одделивме со синко 8 часа, претходно максимум три беше оставен. Јас скроз заборавив дека многу сати се и ќе ми се наполнат градите, те едната града оти еве веќе 14 месеци од една тераме Градата камен, паралелно и грчеви имав во матката ќе, е сега не знам дали од тоа или од тоа што ми доцни две недели. Ојдов до тоалет да се измолзам кога рече речи млеко од града, абе хаос. Едвај до дома си дојдов, го ставив на града ја испразна цела и ми олесна. Прашањето ми е како се справувате со тоа кога одите на работа, и дали бетер е кога ќе го одбивам скроз
Па ке се молзеш на работа на два три саати и нема да го имаш тој проблем најверојатно... земи си рачна пумпа ако немаш од оние електричните hands free што се. На филипс авент рачната пумпа на ананас е намалена на 50% и е 2.500 денари и скроз се исплати Јас имам од тему една рачна пумпа абе луѓе не знаете ВРВ препредобра, а можам да замислам таа на филипс колку би била добра хахахха
Јас и цефалексин пиев и облоги ставав ама на друго место со ациди борици. Немаше гајле, дозволен е цефалексин во бременост и во доење. Е сеа совет, масирај се, и молзи се многу, и бебе на града, мене ми помогна и листови од зелка.
Јас не знам што е проблемот со моето бебе, месец дена е, пишував погоре дека не сака да цица. Мислев ќе се подобри како ке потпорасне ама не. Уште одбива цицка, не сака да ја фати брадавицата едноставмо вришти пишти пред неа и не сака да ја фати. Пробувам да и ја ставам да и шприцнам млеко да осети да шмукне ама џабе... секој "подој" наш е урлање плачење до зајдување... многу ми е криво што не сака да фати а имам и млеко и не ме ни болат брадавиците ама тоа е не ми е судено да дојам изгледа