Мене рачната ми ги разрануваше а со електричната супер ми беше се до сабајле кога се расипа. Еве ме влечам со рачната не сака да тече зашо градите ми се навикнаа на електричната. И мене ме чека тежок ден незнам што ќе правам.
Racnata krv mi puati a i pospora e . A so elektricnava gajle nemam ni boli ni nisto za 15.min od edna grada 50ml izlaga
Незнам дали е научно издржано, ама мене ми помага зелка. Пробај стави лист од зелка. Јас дојам, мачкам ланолин и ставам зелка. Ја извлекува топлината. (Ставај на разранетата, може не помага за брадавицата, ама ќе ја олади градата, поготово ако не се празни, не цица).
Мачкај ланолин и шетај со голи гради. Можеш да пробаш после подој да стиснеш да излезе малку млеко и да го оставиш да се исуши. Можеш да пробаш и АД капки (витамин А и витамин Д комбинација) ама пред подој измиј се да не се предозира бебето од Д витамин.
Фала на сите за советите. Еве едната града што беше по критична од ноќеска не доев. Ја измолзувам на одредено време, мачкам ланолин и шетам само со памучна маица колку да не сум гола а да дишат градите и веќе е подобро. До утре ќе се обидам и двете само со молзење да ги празнам и вака да ги одржувам и се надевам ќе се смират. Малку се потсмирив сега. Ептен ме фати паника.
Вчера бевме на контрола. За 11 дена напреднал 380гр или скоро 35гр на ден. со дохрана 3х 45мл хип. Ја прашав докторката што понатаму и прво ми рече пробај една да исфрлиш ама после ми рачунаше дека сега веќе треба да јаде по 85мл оброк па ми рече да му давам по 60мл од хипот. Е сега, додека чекавме таму он убаво огладне и го пропуштивме времето за хип (18h), па дома кога стигнавме во 19h му дадов одма да цица за да не плаче додека мм да направи хип. Он се нацица убаво и хипот не го сакаше. Следно во 24h иста приказна, се нацица претходно убаво и повторно не го сакаше хипот. Денес на пладне во 12h пак цицаше претходно ама не многу и заспа и пробав хипот да му го дадам уз спиење ама повлече само неколку пати. Прашањето ми е дали е ок што претходно му давам да цица или да го оставам гладен пред хипот? Доволно се нацицува па нејќе заради ситост или? И дали е проблем ова? До сега нема одбиено хип, ама па и ретко кога цицал саглам што се вика, се по 10минути и повеќе лигавење било.
Може да има сега повеќе сила па повеќе влече убаво се нацицува и нема потреба од дохрана. Види како ќе биде наредните денови и ако сакаш може да го однесеш на контрола за недела дена. Ако убаво напредува и сам одбива дохрана значи не му ни треба дохрана. Ако е гладен сам ќе си пие од дохраната или ќе биде плачлив и ќе се смирува штом ќе понудиш дохрана.
Така и препорачуваат. Прво цицање, па дохрана. Супер што намалува со хип. Значи твоето млеко му е таман.
Мајки, ве молам за совет. Бебе утре прави еден месец. На ексклузивно доење сме и напредува одлично. Проблемот е што немаме никаков распоред во текот на денот. она цица кога сака и колку сака. некогаш со саати ми е на цицка. преку ден спие многу малку, дремнува по пола саат, максимум саат, после секое цицање. ноќе спие одлично. се бањаме околу 20ч, цица и заспива околу 21ч и спие до 01. потоа цица од 01 до 02 и спие до кај 05ч. прашањето ми е, како да и воведам ред преку ден, да се знае точно кога се цица и кога се спие и дали воопшто има потреба од точку строг режим. плус, проблем е што кога цица на крај на секој подој почнува да вришти хистерично, бидејќи не е доцицана, а веќе дреме. кои се вашите искуства?
нема никаков проблем по колку сакаш дневно да ти спие доволно спие мислам. А и навечер. Моево се будеше на 2 часа за цицање. За толку мало бебче убаво е што цица кога и колку сака. И моево ми било на града цел ден, заспиваше тска не сум можела ни да јадам ни до тоалет да отидам. Потоа воспоставивме лактација и сега си има ред ( и мир).
Нова фаза или сме болни? Бебе вчера цел ден не сака да цица, штом и доближам града накај устето таа писка, вришти,плаче, целата станува црвена од нервоза и се препотува. Нервозна е многу од што е гладна. Два пати пробувам да и дадам да цица дур спие, па цицне неколку пати, отвори очи и види дека е на града и пак почне да вришти... Страв ми е да не ми дехидрира, се прашувам зошто е тоа така, не дозволува да и се приближам веќе од што не сака да цица, дури и од гушкање ако е навалена во позиција за цицање вришти. Да ја носам ли на лекар?? Од една страна не сакам да се молзам и да давам во шише иако незнам дали и ќе сака така, за да не ми се одбие од цицање, а пак од друга страна ми е жал да е гладна и да не ми дехидрира. Што да направам?
Фаза е. Мојава исто почна да забушава веќе 2 дена. Вика ли вика кога ќе ја ставам на цице. За ноќно успивање и навечер нема проблем. Преку ден е хорор. Поготово од кај 2-5.
Леле ова доењево колку ми вилиае на психата то чудо едно се си мислам бебево мое е гладно и 24 h ми врти тоа во главава гледам на сат некогаш ми цица по 18 минути некогаш 20-25 а некогаш и само по 10 мин и не сака ама ко ќе цица 10тина минути ми станува порано а инаку си спие и по 3-4 сати ама ме буни што сите ми велат бебето треба да цица на 2 сати а моево на 2 сати да го разбудувам за жива гла нејчи да стани шо сакаш прајму ако не стани само нема шанси да го скорнам и да го скоривам си призаспива и нецица или ќе поцица 1минута и прекинува и не ми ја отвора устата.. Ама па од друга страна си спија не плачи го остајв некни ко стана да постој малку не го ставив на града одма го пресоблеков го задевав да поиграм и се распишти дури не го ставив на града не се смири и цица без одмор.. а и послабо сака да цица од десната града повеќе сака на лева одвај со триста молење местења преместување да фати од десна
сакам да ве прашам и јас имам сличен проблем на еднава града имам расцеп кај крајот на брадавицата, голем прилично некогаш се збира како жолто.. туку нејсе ама сега и од страна ми се вцрвени и ме пече како топлина, имал ли некој ваков проблем? да пробам со зелка? и дали не е проблем да се дои во ваков случај, дали е можно да е штетно за бебето?
Искрено незнам за зелката. Мене ми се подобри ситуацијата откако почнав да шетам со голи гради (само широка памучна маица носам да не сум ептен гола). Еден ден не го доев синко (само дента, ноќта си продолжив со доење), мачкав ланолин и момите на луфтирање. Додека не го доев синко измолзував рачно колку можев и давав, плус воведов малку ад за да надополнам колку му треба. Кај тебе е полесно штом едната ти е витална. Ќе го доиш од таа, а од оваа одмолзувај со рака колку да не ти се преполни и редовно мачкај ланолин.
фала ти брзо што ми пиша. јас по цели денови сум со отворени и без маица те со откопчана кошула ќе пробам една вечер да не ја дојам од таа града..а дали и би било доволно млеко само од една? да и давам почесто?
Ако можеш да ја измолзуваш другата града додај и со шише тоа што ќе измолзеш. Иако мислам дека не би требало да е проблем и само со една да поминете. Јас затоа денски ги направив прекините, за да сум будна и да измолзувам, зошто ноќе ми беше многу комплицирано и плус ќе значеше долго неспиење. Се надевам успешно ќе ти се смири.
фала ти! бебенцето ни е само две недели, немам уште ни пумпа ни шишенца.. може утре да набавиме и да пробам. рачно не знам дали ќе можам да се измолзам? а ти се намали црвенилото за еден ден? а што ќе биде со расцепот, тоа како ќе заздрави? ќе се спои ли некогаш воопшто?