Вакви муабети од типот на слабо/јако млеко можеш да слушнеш само од стариве генерации пошо само тие вакви глупости зборуваат, не постои јако/слабо млеко, или имаш или немаш. Колку помалце и поретко бебенцето цица-толку помалце и млеко ќе имаш да му понудиш.
Таквите средства секогаш се ,,штетни,, ама ако нема кој да ти исчисти,ќе мораш сама. Јас и бремена и сега, употребувам ама во помала количина и обавезно со маска и ракавици се разбира. Преферирам ноќе, кога сите ќе заспијат, чистам купатило па се туширам,да нема миризба на мене.
До кога може да болат гради ради лактација? Скоро 2 месеци бебе. Вчера ме болеа брадавиците многу, ама и цели гради внатре пиев апче од што не можев да издржам. Од тогаш не ми се празнат убаво, а бебе цица по цел ден. Мислев сум закачила некое вирувче оти и бебе не е добро денеска, имам треска да не можам да се стоплам, сите мускули ме болат, слаба тт, па се мислам дали можеби може да е од градите кај мене?
Јас во саботата бев таква, само болка во едната града внатре како да сум се удрила. Не ми беше тврда, со топчиња и сл. Кренав до 38,5 тт. Пиев парацетамоли на 4 саати и најмногу ја спушташе до 37,5 и за секунда ја качуваше. Бев како на ролеркостер од треска и ладно на препотување ко кофи со вода да истура некој врз мене. Ставав дете да цица на таа града ама некако не и беше баш мерак. Земав со пумпа да се измолзувам едвај 20мл дали извадив. Се бутнав под туш и врела вода врз градата (тука ме советуваа и во леѓен со врела вода да ја ставам, ама мене вака ми беше полесно) ја стискав и масирав надоле кон брадавицата колку ми дозволуваше болката. Пак ставав дете да влече колку толку, пак пумпа и така во круг 24 часа за на крај да пробие вајда некој запушен канал и за неполни 10 мин да измолзам со рачна пумпа околу 60-70 мл млеко. После тоа и бебе почна да си цица нормално и болката и тт ги снема. Исто ставав и лист од зелка
Да баш така. Едната града ме болеше ужасно многу повеќе од другата. И еве баш таа не ја исцицува. Цел ден сум со 38.7, парацетамол веќе не ми помага, пиев ибупрофен последно пред околу 2 часа тек сега почна да спаѓа, ама пак ме фаќа треска. Од друга страна, цел ден само трчам во вц да мочам, што може да е и настинка, или двете… скроз сум омалаксана, на нозе не можам да стојам.
Домашен брз негативен. Едната града ми е тврда и надворешно црвена на тие места со грутка. Претпоставувам е од тоа оти секогаш имам тт од градите. Е за маливе не знам од каде. За сега ок се, расположени само носињата им се полнат.
Пиши и на Наташа или најди во близина некој консултант за доење.Има кафиња за доење.Ако имаш искуство сепак прашај, секое дете е различно и секој пар е различен, совет не е на одмет.
Од градите ти е и тт и омалаксаност. Си закачила мастит. Само масажи и лист од зелка. Боли многу затоа и е тт. Ако имаш пумпа или можеш да се снајдеш од некој земи за малце од малце да ти помогне
Моја грешка е што градите секогаш ги проверувам надворешно од страните оти со минатата бременост таму ми се правеја грутки. И минатиот пат и сега случајно приметив дека ми е црвена внатрешно измеѓу фактички, и тогаш се допрев и така сфатив дека пола града е камен тврда. А надворешно е мека. Правев компресии па еве го ја исцица скоро уште еднаш ќе праам вечерва. Ми спадна тт и одма сум ко препородена.
Како да го научам малиот да ми цица??? Еве веќе 12 дена сме бев царски немав млеко до 6ти ден цело време го ставам на цицка се бори ќе зацица еднаш два пати ќе престане и така во круг ќе почне да вришти и се измолзувам и му давам од шишенце... Вака немаме никаков проблем на 3 саати се буди му давам мајчино 60 мл навечер аптамил 60 мл си напредува 170 грама за 1 недела... Ама стварно е мака молзењето и сакам да се научиме да цица дали има некоја совет со исто искуство...
Нека цица почесто Намалувај ја количината што му ја даваш од шише се додека не му даваш ич Од шише тече полесно па ќе стане мрзливо за града Шетај го во раце додека цица, менувај чева десна града, положба До 6ти ден не цицаше? За друг пат да знаеш дека од веднаш треба да цица, нема тука имам немам млеко, млекото доаѓа така што цица бебе Постепено отфрлај шише и ад, нека цица цело време, близина, контакт кожа на кожа, ти одморена и смирена, повеќе трчности Можеш да му помогнеш со тоа што додека цица ти ќњ правиш компресии на градата каки да се измолзуваш за да му тече повеќе и побрзо Ако си решителна и сакаш само да доиш ќе успееш
Ние некако го фативме редот. Но после саат цицање малата уште е гладна. Кенка цело време. После доење и давам плус ад 30 мл. Преку ден немаме мака за заспивање ама навечер од 1 -2 сатот до 4-5 сме будни. Најадено преслечено и пак плаче. Само во рака се смирува. И се собира цело време како грчеви да има. Патронажна сестра дојде вика мало е за грчеви. И давам капки диостоп и тоа витамините к1 и омега. Сакав да прашам по колку време цицаат или нема мерило. Мене ми се чини се гладна е ако не и дадам ад. 9 дена сме
Уште е мало, ние сме 7 месеци па уште цица кога сака и колку сака. Тоа значи на 2 саата, а за кашичка го оставам малку поладно, на 2ипол. Навечер исто станува на 2 или 3 саата за цицање. Ехее има време да фати ред. Сигурно до кај 3 месеца ќе се навикнува, па после пак ќе си прави како му одговара. Нормално дека е гладна и дека ќенка, стомачето и е мало. Уживај дури цица, после ќе почнеш со кашички. Јас одам по книгата бебе готвач, има на почеток упатство за доење.
Малото ми виси на цице цело време, повлекува малку и се успива. Почнав да се секирам дали јаде доволно. Дохрана давам на 3часа 30мл а веќе три недели сме. Колку пелени дневно треба да наполни? Урината е секогаш безбојна. Педијатар рече не треба да има боја, тоа значи дехидрирано било.
Мајки ми треба совет. Со бебе сме на доење само, све е супер. Освен еден проблем што ја имам многу млеко и ако е мрзлива и не се доцица тече на соте страни. Е сега сакам барем еднаш во денот да почнам да пумпам за да ги испразнам градиве и за да имам некоја залиха за секој случај. Кој период од денот е најдобро ж? Она преку ден е скоро цело време на цице, а навечер цица на 2-3 сати сонливо.
4-5 какања и над 6 мокри. Може да се успива од мрза, не дека немаш млеко. Пробај некој дем само со доење ќе видиш како ќе биде, вака го дохрануваш и не се замара.