Доење

Дискусија во 'Бебе' започната од bibitri, 28 јануари 2010.

  1. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.361
    Пол:
    Женски
    Вакви муабети од типот на слабо/јако млеко можеш да слушнеш само од стариве генерации пошо само тие вакви глупости зборуваат, не постои јако/слабо млеко, или имаш или немаш.
    Колку помалце и поретко бебенцето цица-толку помалце и млеко ќе имаш да му понудиш.
     
    На Bizbiz, Mom's_life, tina2018 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Vincent

    Vincent Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2020
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    298
    Majki, dali pri doenje smeta cistenje niz doma do pojaki sredstva, domestos na primer ?
     
  3. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.720
    Допаѓања:
    38.260
    Пол:
    Женски
    Таквите средства секогаш се ,,штетни,, ама ако нема кој да ти исчисти,ќе мораш сама.
    Јас и бремена и сега, употребувам ама во помала количина и обавезно со маска и ракавици се разбира.
    Преферирам ноќе, кога сите ќе заспијат, чистам купатило па се туширам,да нема миризба на мене.
     
  4. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.471
    Допаѓања:
    183.649
    Пол:
    Женски
    До кога може да болат гради ради лактација? Скоро 2 месеци бебе.
    Вчера ме болеа брадавиците многу, ама и цели гради внатре пиев апче од што не можев да издржам. Од тогаш не ми се празнат убаво, а бебе цица по цел ден. Мислев сум закачила некое вирувче оти и бебе не е добро денеска, имам треска да не можам да се стоплам, сите мускули ме болат, слаба тт, па се мислам дали можеби може да е од градите кај мене?
     
  5. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.516
    Пол:
    Женски
    Јас во саботата бев таква, само болка во едната града внатре како да сум се удрила. Не ми беше тврда, со топчиња и сл. Кренав до 38,5 тт. Пиев парацетамоли на 4 саати и најмногу ја спушташе до 37,5 и за секунда ја качуваше. Бев како на ролеркостер од треска и ладно на препотување ко кофи со вода да истура некој врз мене.
    Ставав дете да цица на таа града ама некако не и беше баш мерак. Земав со пумпа да се измолзувам едвај 20мл дали извадив. Се бутнав под туш и врела вода врз градата (тука ме советуваа и во леѓен со врела вода да ја ставам, ама мене вака ми беше полесно) ја стискав и масирав надоле кон брадавицата колку ми дозволуваше болката. Пак ставав дете да влече колку толку, пак пумпа и така во круг 24 часа за на крај да пробие вајда некој запушен канал и за неполни 10 мин да измолзам со рачна пумпа околу 60-70 мл млеко. После тоа и бебе почна да си цица нормално и болката и тт ги снема. Исто ставав и лист од зелка
     
    На tina2018, Yowannty, Freckles. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.471
    Допаѓања:
    183.649
    Пол:
    Женски
    Да баш така. Едната града ме болеше ужасно многу повеќе од другата. И еве баш таа не ја исцицува. Цел ден сум со 38.7, парацетамол веќе не ми помага, пиев ибупрофен последно пред околу 2 часа тек сега почна да спаѓа, ама пак ме фаќа треска. Од друга страна, цел ден само трчам во вц да мочам, што може да е и настинка, или двете… скроз сум омалаксана, на нозе не можам да стојам.
     
  7. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.899
    Допаѓања:
    34.104
    Пол:
    Женски
    Тест за корона правеше ли?
     
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.471
    Допаѓања:
    183.649
    Пол:
    Женски
    Домашен брз негативен.
    Едната града ми е тврда и надворешно црвена на тие места со грутка. Претпоставувам е од тоа оти секогаш имам тт од градите.
    Е за маливе не знам од каде. За сега ок се, расположени само носињата им се полнат.
     
  9. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.899
    Допаѓања:
    34.104
    Пол:
    Женски
    Пиши и на Наташа или најди во близина некој консултант за доење.Има кафиња за доење.Ако имаш искуство сепак прашај, секое дете е различно и секој пар е различен, совет не е на одмет.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  10. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.516
    Пол:
    Женски
    Од градите ти е и тт и омалаксаност. Си закачила мастит. Само масажи и лист од зелка. Боли многу затоа и е тт. Ако имаш пумпа или можеш да се снајдеш од некој земи за малце од малце да ти помогне
     
    На Knizhevnik11 и Yowannty им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.471
    Допаѓања:
    183.649
    Пол:
    Женски
    Моја грешка е што градите секогаш ги проверувам надворешно од страните оти со минатата бременост таму ми се правеја грутки. И минатиот пат и сега случајно приметив дека ми е црвена внатрешно измеѓу фактички, и тогаш се допрев и така сфатив дека пола града е камен тврда. А надворешно е мека. Правев компресии па еве го ја исцица скоро уште еднаш ќе праам вечерва. Ми спадна тт и одма сум ко препородена.
     
    На Ava.84 и V.N. им се допаѓа ова.
  12. Rosa123

    Rosa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2020
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    27
    Како да го научам малиот да ми цица??? Еве веќе 12 дена сме бев царски немав млеко до 6ти ден цело време го ставам на цицка се бори ќе зацица еднаш два пати ќе престане и така во круг ќе почне да вришти и се измолзувам и му давам од шишенце... Вака немаме никаков проблем на 3 саати се буди му давам мајчино 60 мл навечер аптамил 60 мл си напредува 170 грама за 1 недела... Ама стварно е мака молзењето и сакам да се научиме да цица дали има некоја совет со исто искуство...
     
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.382
    Допаѓања:
    37.527
    Пол:
    Женски
    Нека цица почесто
    Намалувај ја количината што му ја даваш од шише се додека не му даваш ич
    Од шише тече полесно па ќе стане мрзливо за града
    Шетај го во раце додека цица, менувај чева десна града, положба
    До 6ти ден не цицаше? За друг пат да знаеш дека од веднаш треба да цица, нема тука имам немам млеко, млекото доаѓа така што цица бебе
    Постепено отфрлај шише и ад, нека цица цело време, близина, контакт кожа на кожа, ти одморена и смирена, повеќе трчности
    Можеш да му помогнеш со тоа што додека цица ти ќњ правиш компресии на градата каки да се измолзуваш за да му тече повеќе и побрзо
    Ако си решителна и сакаш само да доиш ќе успееш :l:
     
    На Marie86 и Animini им се допаѓа ова.
  14. AAN

    AAN Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2022
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    Ние некако го фативме редот. Но после саат цицање малата уште е гладна. Кенка цело време. После доење и давам плус ад 30 мл. Преку ден немаме мака за заспивање ама навечер од 1 -2 сатот до 4-5 сме будни. Најадено преслечено и пак плаче. Само во рака се смирува. И се собира цело време како грчеви да има. Патронажна сестра дојде вика мало е за грчеви. И давам капки диостоп и тоа витамините к1 и омега. Сакав да прашам по колку време цицаат или нема мерило. Мене ми се чини се гладна е ако не и дадам ад. 9 дена сме
     
  15. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    3.968
    Пол:
    Женски
    Уште е мало, ние сме 7 месеци па уште цица кога сака и колку сака. Тоа значи на 2 саата, а за кашичка го оставам малку поладно, на 2ипол. Навечер исто станува на 2 или 3 саата за цицање. Ехее има време да фати ред. Сигурно до кај 3 месеца ќе се навикнува, па после пак ќе си прави како му одговара. Нормално дека е гладна и дека ќенка, стомачето и е мало. Уживај дури цица, после ќе почнеш со кашички. Јас одам по книгата бебе готвач, има на почеток упатство за доење.
     
    На AAN му/ѝ се допаѓа ова.
  16. AAN

    AAN Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2022
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    Каде ја има таа книга? Во книжара или онлајн?
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    3.968
    Пол:
    Женски
    Јас ја купив од книжара 1000 ден, а имаш и апликација ама се плаќа.
     
    На AAN му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Freckles.

    Freckles. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2020
    Пораки:
    1.870
    Допаѓања:
    4.824
    Малото ми виси на цице цело време, повлекува малку и се успива. Почнав да се секирам дали јаде доволно. Дохрана давам на 3часа 30мл а веќе три недели сме. Колку пелени дневно треба да наполни? Урината е секогаш безбојна. Педијатар рече не треба да има боја, тоа значи дехидрирано било.
     
  19. Bibi_23

    Bibi_23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2022
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.174
    Мајки ми треба совет.
    Со бебе сме на доење само, све е супер. Освен еден проблем што ја имам многу млеко и ако е мрзлива и не се доцица тече на соте страни. Е сега сакам барем еднаш во денот да почнам да пумпам за да ги испразнам градиве и за да имам некоја залиха за секој случај.

    Кој период од денот е најдобро ж?
    Она преку ден е скоро цело време на цице, а навечер цица на 2-3 сати сонливо.
     
  20. Bibi_23

    Bibi_23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2022
    Пораки:
    781
    Допаѓања:
    1.174
    4-5 какања и над 6 мокри. Може да се успива од мрза, не дека немаш млеко. Пробај некој дем само со доење ќе видиш како ќе биде, вака го дохрануваш и не се замара.
     
    На Freckles. му/ѝ се допаѓа ова.