Се ближи 59тиот Евровизиски музички натпревар, па да си ја спремеме темава Овогодинешниот настан ќе се одржува во Копенхаген, Данска. Првото полуфинале е на 6.5.2014, второто на 8.5.2014, а финалната вечер ќе биде на 10.5.2014. Македонија ќе настапи во второто полуфинале и тоа 8ма по ред. Во ова полуфинале заедно со нас ќе настапи и Словенија исто така во втората половина од ова полуфинале. Добрата вест е дека во ова полуфинале нема голем број на земји од поранешниот Советски Сојуз, а има земји кои досега редовно и давале поени на Македонија во полуфиналето. Оваа година вкупно 37 земји ќе се натпреваруваат во Данска, а на Евровизија се враќаат Полска и Португалија. Информацијата дека 12 земји се откажале оваа година е целосна дезинформација, од Евровизија од различни причини оваа година учеството го откажаа балканските земји Хрватска, Србија, Бугарија и островот Кипар. Босна и Херцеговина и минатата година не учествуваше исто како и Турција кои очигледно се во заеднички договор да го бојкотираат фестивалот. Се претпоставува дека главна причина за откажувањето на некои земји е слабиот пласман (односно некои не можат да се помират со тоа што не влегуваат во финале), а не финанскиските проблеми бидејќи Грција повторно годинава ќе се натпреварува. За фаворит се смета Ерменија Спојлер ( извор: http://style.news.am/eng/news/11935...akers-predict-victory-for-armenia-photos.html ) Ова се сите информации кои мене ми се познати, додавајте што знаете и вие за да сме спремни во вторник . Прикачете и некоја од песните што ви се допаѓа ако сте ги преслушале
http://www.youtube.com/watch?v=sgtbBNarHcM Еве еден рекап на сите песни што ќе учествуваат оваа година. Нема многу балади,повеќето се брзи песнички,со добра денс музика.Исто приметив дека скоро сите се на англиски јазик,а кога ќе ми текне пред неколку години само Англија и 2,3 земји пееја на англиски. За победник,не сакам да издвојувам пред време,сакам да ги видам како ќе се покажат вечерта. Ерменија има навистина добро песниче кое има иднина како хит. Исто така ми се допаѓаат на Финска,Унгарија,потоа на Грција не е лоша,како и на Азербејџан. Морам да ја пофалам и нашата,од последниве години,најмногу ми се допаѓа http://www.youtube.com/watch?v=sd8b1bTpKAs Еве ја на пробите.. http://www.youtube.com/watch?v=ipQswujA5gw http://www.youtube.com/watch?v=QzfRDZmuFUI http://www.youtube.com/watch?v=uScDYYbQo6Q
Моите фаворити годинава се Норвешка, Ерменија и Финска. Од Норвешка песната е премногу добра за на Евровизија, не верувам дека ќе се пласира високо, за жал, но мене ми е прекрасна. https://www.youtube.com/watch?v=2LBOjxBty8U Едвај чекам, голем фан сум на Евровизија, иако е циркуз, i can't help it Значи... Norway, Armenia & Finland!
Нашава песна е добра ама читав нешто дека многу лош сценски настап ќе имала, мислам би требало да влезе во финале Ерменија чим е фаворит - ќе победи, така е секогаш А и не е лоша песната... Мој фаворит покрај нашава, ми е Црна Гора, не верувам дека ќе има висок пласман ама сепак песната е многу убава
Оваа година фаворит ми е Унгарија. Сакам да победи. http://www.youtube.com/watch?v=7J9ZvWP6bUM Ми се допаѓаат и песните на Естонија, Молдавија, Украина и Словенија. http://www.youtube.com/watch?v=65bnY-Srziw http://www.youtube.com/watch?v=tCR6LJbA6cs http://www.youtube.com/watch?v=1QYJd4IqX_Y http://www.youtube.com/watch?v=rA5jltBMP8U Не мора да значи дека на Евровизија ќе победи фаворитот. Во 2011 г. фаворит беше Франција, а победи Азербејџан. Иако оваа година фаворит е Ерменија, не верувам дека ќе победи.
Мене ми е криво што Турција не учествува. Отсекогаш ми се допаѓале нивните евровизиски песни, баш сакав да ги гледам ама ништо. Ај ќе видиме вечер какви ќе бидам песните, искрено ништо не сум преслушала на нет, чекам да ги видам во живо и да си одберам фаворити. Нашата во четврток ќе пее, се надевам нема да не посрамоти, некако си ги дигнала акциите Пинк се замислува..
И јас испадна дека ќе оставам песните во живо од Копенхаген да ми го остават првиот впечаток. Некои кои сте ги посочиле овде ги преслушав ама не избрзувам со фаворити, заклучно со четврток ќе се изјаснам Се пронајдов во коментаров: И не знам зашто упорно луѓево ги плукаат овие настани ?! Мене се уште ми е интересна и гламурозна евровизијата како настан (не за џабе толку време опстојува, но ајде, шта чеш.. ).
Извинете вака во колку почнува евровизија? За првпат се немам информирано,не е како години порано ама да слушнам некој песна вечер Убава песна имаме ова год,не е лоша
Најверојатно во 21 часот ако не се лажам.Ама Мири како за тебе еве сега гледав на rai 2 дека ќе го има финалето во сабота ,а двете полуфиналиња нема да ги eмитуваaт.
Го гледам секоја година, се до гласањето. Знам дека гласовите не се реални туку се даваат врз основа на политиката така да тоа не е многу битно.Битно е да има песната квалитет. Ги немам сите слушнато. На Црна Гора само и многу ми се свиѓа и оваа година изгледа за Сергеј ќе навивам И да нашава песна не ми се допаѓа Не дека плукам по нашево, туку шо нечини, нечини. Не е по мој вкус. Додуша сме имале даалеку полоша песна од овогодинешнава
Аааа па гледам јас дали ке има на раи али само финалето ке дават Па ке видам на нет да најдам,повеке за 2вечер да гледам македонската песна
Овие од Исланд ја украле Centerfold by J Geils Само што излегоа на сцена маж ми вика, Телетабите на Евровизија. Ох не, со Зи Зи Топ