Евровизија 2014

Дискусија во 'Музика' започната од Madam-A, 4 мај 2014.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    7.989
    Се ближи 59тиот Евровизиски музички натпревар, па да си ја спремеме темава :)
    Овогодинешниот настан ќе се одржува во Копенхаген, Данска.
    Првото полуфинале е на 6.5.2014, второто на 8.5.2014, а финалната вечер ќе биде на 10.5.2014.

    Македонија ќе настапи во второто полуфинале и тоа 8ма по ред. Во ова полуфинале заедно со нас ќе настапи и Словенија исто така во втората половина од ова полуфинале. Добрата вест е дека во ова полуфинале нема голем број на земји од поранешниот Советски Сојуз, а има земји кои досега редовно и давале поени на Македонија во полуфиналето.

    Оваа година вкупно 37 земји ќе се натпреваруваат во Данска, а на Евровизија се враќаат Полска и Португалија. Информацијата дека 12 земји се откажале оваа година е целосна дезинформација, од Евровизија од различни причини оваа година учеството го откажаа балканските земји Хрватска, Србија, Бугарија и островот Кипар. Босна и Херцеговина и минатата година не учествуваше исто како и Турција кои очигледно се во заеднички договор да го бојкотираат фестивалот. Се претпоставува дека главна причина за откажувањето на некои земји е слабиот пласман (односно некои не можат да се помират со тоа што не влегуваат во финале), а не финанскиските проблеми бидејќи Грција повторно годинава ќе се натпреварува.
    За фаворит се смета Ерменија
    Ова се сите информации кои мене ми се познати, додавајте што знаете и вие за да сме спремни во вторник :wasntme:.
    Прикачете и некоја од песните што ви се допаѓа ако сте ги преслушале ;)
     
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=sgtbBNarHcM

    Еве еден рекап на сите песни што ќе учествуваат оваа година.
    Нема многу балади,повеќето се брзи песнички,со добра денс музика.Исто приметив дека скоро сите се на англиски јазик,а кога ќе ми текне пред неколку години само Англија и 2,3 земји пееја на англиски.

    За победник,не сакам да издвојувам пред време,сакам да ги видам како ќе се покажат вечерта.
    Ерменија има навистина добро песниче кое има иднина како хит.
    Исто така ми се допаѓаат на Финска,Унгарија,потоа на Грција не е лоша,како и на Азербејџан.
    Морам да ја пофалам и нашата,од последниве години,најмногу ми се допаѓа :D

    http://www.youtube.com/watch?v=sd8b1bTpKAs Еве ја на пробите..

    http://www.youtube.com/watch?v=ipQswujA5gw

    http://www.youtube.com/watch?v=QzfRDZmuFUI

    http://www.youtube.com/watch?v=uScDYYbQo6Q
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    5.574
    Допаѓања:
    17.923
    Пол:
    Женски
    Дур го гледав видеово со сите песни..
    Шпанската и Естонската ми привлекоја внимание...
     
  4. Ludaaaa

    Ludaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Мене највеќе ми се допадна Естонската, а нашата ама ич не ми се допадна .. Некако без везе е :?:
     
  5. MandyLane

    MandyLane Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    2.596
    Допаѓања:
    10.779
    Пол:
    Женски
    Моите фаворити годинава се Норвешка, Ерменија и Финска.

    Од Норвешка песната е премногу добра за на Евровизија, не верувам дека ќе се пласира високо, за жал, но мене ми е прекрасна.

    https://www.youtube.com/watch?v=2LBOjxBty8U

    :l:

    Едвај чекам, голем фан сум на Евровизија, иако е циркуз, i can't help it :lol:

    Значи... Norway, Armenia & Finland!
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Desert.Rose

    Desert.Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    189
    Нашава песна е добра ама читав нешто дека многу лош сценски настап ќе имала, мислам би требало да влезе во финале :)
    Ерменија чим е фаворит - ќе победи, така е секогаш :D А и не е лоша песната...
    Мој фаворит покрај нашава, ми е Црна Гора, не верувам дека ќе има висок пласман ама сепак песната е многу убава :clap:
     
  7. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.222
    Пол:
    Женски
    Оваа година фаворит ми е Унгарија. Сакам да победи.

    http://www.youtube.com/watch?v=7J9ZvWP6bUM

    Ми се допаѓаат и песните на Естонија, Молдавија, Украина и Словенија.

    http://www.youtube.com/watch?v=65bnY-Srziw
    http://www.youtube.com/watch?v=tCR6LJbA6cs
    http://www.youtube.com/watch?v=1QYJd4IqX_Y
    http://www.youtube.com/watch?v=rA5jltBMP8U

    Не мора да значи дека на Евровизија ќе победи фаворитот. Во 2011 г. фаворит беше Франција, а победи Азербејџан.

    Иако оваа година фаворит е Ерменија, не верувам дека ќе победи.
     
  8. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.539
    Мене ми е криво што Турција не учествува. Отсекогаш ми се допаѓале нивните евровизиски песни, баш сакав да ги гледам ама ништо. Ај ќе видиме вечер какви ќе бидам песните, искрено ништо не сум преслушала на нет, чекам да ги видам во живо и да си одберам фаворити.

    Нашата во четврток ќе пее, се надевам нема да не посрамоти, некако си ги дигнала акциите Пинк се замислува..
     
  9. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Како и да е НАШАВА Е КАТАСТРОФА!И не верувам дека ќе ја гледам Евровизијава годинава,лош е месецов!
     
  10. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    7.989
    И јас испадна дека ќе оставам песните во живо од Копенхаген да ми го остават првиот впечаток. Некои кои сте ги посочиле овде ги преслушав ама не избрзувам со фаворити, заклучно со четврток ќе се изјаснам :lol:
    Се пронајдов во коментаров:
    И не знам зашто упорно луѓево ги плукаат овие настани :tmi: ?! Мене се уште ми е интересна и гламурозна евровизијата како настан (не за џабе толку време опстојува, но ајде, шта чеш.. ). :)
     
    На Someonespecial и MandyLane им се допаѓа ова.
  11. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    19.677
    Пол:
    Женски
    Извинете вака |( во колку почнува евровизија?
    За првпат се немам информирано,не е како години порано :^) ама да слушнам некој песна вечер :)
    Убава песна имаме ова год,не е лоша :clap:
     
  12. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.539
    Во 21 часот на МТВ.
     
  13. Antoninaaa

    Antoninaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.658
    Најверојатно во 21 часот ако не се лажам.Ама Мири како за тебе еве сега гледав на rai 2 дека ќе го има финалето во сабота ,а двете полуфиналиња нема да ги eмитуваaт.
     
    На girl-miri му/ѝ се допаѓа ова.
  14. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    603
    Пол:
    Женски
    Го гледам секоја година, се до гласањето. Знам дека гласовите не се реални туку се даваат врз основа на политиката така да тоа не е многу битно.Битно е да има песната квалитет.
    Ги немам сите слушнато. На Црна Гора само и многу ми се свиѓа и оваа година изгледа за Сергеј ќе навивам :lol:
    И да нашава песна не ми се допаѓа :!: Не дека плукам по нашево, туку шо нечини, нечини. Не е по мој вкус. Додуша сме имале даалеку полоша песна од овогодинешнава
     
  15. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.655
    Допаѓања:
    19.677
    Пол:
    Женски
    Аааа па гледам јас дали ке има на раи али само финалето ке дават :)
    Па ке видам на нет да најдам,повеке за 2вечер да гледам македонската песна :)
     
  16. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Ајде :D

    Едвај чекам да видам дали оваа година боси и бушави е уште модата :?:
     
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    5.574
    Допаѓања:
    17.923
    Пол:
    Женски
    ^^
    Сите се боси :D
     
  18. Antoninaaa

    Antoninaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    557
    Допаѓања:
    1.658
    Miri сум нашла пуштај на rai 4,јас веќе гледам :D
     
  19. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    5.574
    Допаѓања:
    17.923
    Пол:
    Женски
    Како ви се гледат досега песните? :D
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Овие од Исланд ја украле Centerfold by J Geils :D

    Само што излегоа на сцена маж ми вика, Телетабите на Евровизија. Ох не, со Зи Зи Топ :D
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.