Нови откажувања нема да има, тие што гласале Против, тоа се тие што се откажаа плус Белгија која не се откажа, евентуално заради зголемена котизација ако се откажат други. Ама на Ебу не им е битно, битно им е Израел да учествува така да Евросонг ќе има. Еве како се гласало, па и Мтв гласале ЗА.
Искрено не сфаќам зошто правите теми за Евровизија и сте во исчекување да гледате кога е ваква ситуацијата. Ако можат 5 држави да се откажат, можете да бојкотирате и вие.
Во туѓо име не можам да зборувам, но за себе знам дека ќе гледам. Ова е единствениот настан што со години наназад го чекав со душа и за кој пасионирано го следев секој детаљ со месеци и месеци. Искрено, годинава го немам истиот „хајп“ како претходно. Затоа, иако ќе гледам мојот пристап ќе биде поинаков: нема да гласам и нема да бидам активен промотер на настанот на социјални мрежи и офлајн. Сметам дека мојот личен бојкот (или бојкотот на 100.000 гледачи на YouTube) нема ништо суштински да смени. ЕБУ реагира само на притисок од радиодифузери и спонзори, а не на индивидуални гледачи. Единствената валидна промена ќе се случеше само ако повеќе држави официјално се повлечеа. Фактот што се откажаа само 5 држави е поразувачки (очекував барем 8-9), а уште пострашно е што ЕБУ успеа да излобира враќање на некои од поранешните држави учесници. Сепак, верувам дека ќе има годинава повторно револт од самите артисти на сцената и дека Израел нема теоретски шанси да се пласира високо како лани.
Дара е избрана како претставник за Бугарија, една од најголемите поп ѕвезди таму. Јас дознав за неа кога прочитав дека таа е композитор на едно светско хитче кое го отпеа еден кореец. Уствари он ја преработил нејзината песна. Типката е прекул, има добри песни и силен вокал, мој фаворит, иако уште нема објавено песна.
Очекував од Зевин да победи, ама кога го видов настапот, се стаписав. Песната е одлична, сцрнскиот настап е исто одличен, ама гласот и е како вчера да почнала да пее. Ова е резултатот од цело време пеење на аутотјун. Ме разочара, а фаворит ми беше. Сега ми е фаворит Молдавија.
Искрено не те сватив зошто е Хрватска ужас? Мислам ок е си имаш мислење ама ме интересира зошто баш ужас. Иначе Хрватската песна ја пишувала Зорја, овој стил на музика е нејзина специјалност. Баш ми е драго што ќе оди Зорја на Евросонг макар и како автор за друга земја кога веќе во нејзината не е пожелна. Грција конечно се вратила на joke песни откако тупеа со години со балади.
Албанија е ништо посебно. Не можат да престанат со нивното ојсување. Црна Гора пак тера со дарк вајб и изговорот е пола неразбирлив. Малта шалта со депресија. Дремка да те фати. Молдавија не ја бива без рипање. Певлива песна. Кипар звучи исто како бугарски шунд. Хрватска добро звучи, ама групава ми е ко wannabe Синтезис. И Грција ништо посебно. Овој личи ко Бејби Лазања и Карија во едно, ама од Тиму.