Форумџика на годината

Евровизија 2026

Дискусија во 'Музика' започната од staycalm, 5 декември 2025.

?

Дали сметате дека Израел требаше да биде баниран од Евровизија?

  1. Да

    30 глас(а)
    76,9%
  2. Не

    9 глас(а)
    23,1%
  1. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    4.038
    Пол:
    Женски
    Нови откажувања нема да има, тие што гласале Против, тоа се тие што се откажаа плус Белгија која не се откажа, евентуално заради зголемена котизација ако се откажат други. Ама на Ебу не им е битно, битно им е Израел да учествува така да Евросонг ќе има. Еве како се гласало, па и Мтв гласале ЗА.
     

    Прикачени фајлови:

    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.915
    Допаѓања:
    24.089
    Пол:
    Женски
    Искрено не сфаќам зошто правите теми за Евровизија и сте во исчекување да гледате кога е ваква ситуацијата. Ако можат 5 држави да се откажат, можете да бојкотирате и вие.
     
  3. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.843
    Допаѓања:
    26.236
    Пол:
    Машки
    Во туѓо име не можам да зборувам, но за себе знам дека ќе гледам. Ова е единствениот настан што со години наназад го чекав со душа и за кој пасионирано го следев секој детаљ со месеци и месеци.

    Искрено, годинава го немам истиот „хајп“ како претходно. Затоа, иако ќе гледам мојот пристап ќе биде поинаков: нема да гласам и нема да бидам активен промотер на настанот на социјални мрежи и офлајн.

    Сметам дека мојот личен бојкот (или бојкотот на 100.000 гледачи на YouTube) нема ништо суштински да смени. ЕБУ реагира само на притисок од радиодифузери и спонзори, а не на индивидуални гледачи. Единствената валидна промена ќе се случеше само ако повеќе држави официјално се повлечеа. Фактот што се откажаа само 5 држави е поразувачки (очекував барем 8-9), а уште пострашно е што ЕБУ успеа да излобира враќање на некои од поранешните држави учесници.

    Сепак, верувам дека ќе има годинава повторно револт од самите артисти на сцената и дека Израел нема теоретски шанси да се пласира високо како лани.
     
    На SummerGirl и DS10 им се допаѓа ова.
  4. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.843
    Допаѓања:
    26.236
    Пол:
    Машки
    Ги имаме првите две песни

    Албанија


    Црна Гора
     
    На DS10, theunforgiven, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    5.036
    Допаѓања:
    7.549
    Пол:
    Машки
    На Црна Гора е многу добра песната.